Правна помош и совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Мислам дека се интерни, не се заведуваат но Агенција за вработување, ама мораш да ги запазиш основните работи во договорот, согласно со законот за облигационите односи и ЗРО, бидеји мислам дека таму има наведено за волонтери.Задолжително пиши го рокот, раскинувањето, висината на надометокот...

Има некој пример како да го направам тоа?
 
Има некој пример како да го направам тоа?

Jaс имам дома таков договор, но го немам во пц за да ти пратам. А не ни имам скенер :)
А знаеш нели дека 6 месеци може максимум да трае.
И баш еве го гледам во него се спомнуваат член 3 став 6, член 12 став 5, член 14,15,16,19 и 42 од Законот за вработување и осигурување ви случај на невработеност. (прочитај си ги)
Мојот договор е од 17 члена.
Општи се за што се работи, рок, раскинување, услови, права и обврски на двете страни...
Иначе знам дека се дава и 1 примерок до Министерство за труд и социјала т.е и во последниот член пишува Трудова инспекција.
 
Не знам дали баш прашањево е за во темава, ама ќе пробам..
Имам објект во центар во Скопје, со добра местоположба па сакам да искористам да ставам билборд. Ме интересира (а не сум запознаен) за правната регулатива, т.е кои се дозволи ми се потребни? :smir:
 
Законски платата за мај треба да се исплати до 15 јуни, е сега пошто сеуште не ми е исплатена а јас повеќе не работам во фирмата дали имам законско право да тужам и ако немам колку време треба да помине за да можам да поднесам тужба
 
Имам проблем со t-mobile ми треба правен совет
Имав купено мобилен од t-mobile на претплата на доверба 24 на тарифата relax 250.Сметките си ги плакав редовно секој месец се додека последните месеци од договорот 20,21,22,23 и 24 месец не можев да ги платам навреме.... Сметките ги платив со закаснување одприлика околу една недела од кога ми заврши договорот.Јас бев исклулен во двата правци послем две неплатени сметки и се до крајот на договорот .... значи јас ги платив сите сметки иако сум бил исклучен и не сум ги искористил тие 250 денари од претлатата.
Е сега од кога си платив ми кажуваат дека требало да платам и пенали оти ми го раскинале договорот предвреме :(
Дали можи некој да ми помогни како да направам за да не ги плакам пеналите и дали имаат право да ми бараат да плакам пенали.... затоа што не е фер за неколку неплатени сметки од 300 денари кои ги платив по неколку дена од кога заврши договорот да плакам толку многу висока сума на пари.
 
Дали знае некој како да го решам овој проблем ?
 
Дали знае некој како да го решам овој проблем ?

Ти со договорот си се обврзал дека 24 месеци редовно ќе плаќаш, претплатата ја плаќаш секако сеедно дали си зборел или не. Пеналите ти се како еден вид казна. Но станува збор за последни сметки и не би требало пеналите да ти се високи многу, која сума ти се ако не е тајна?
И плус каматата ти е пресметана во пеналите. Е сега не знам дали си земал и мобилен? Ако си земал, тогаш плаќаш пенали и за мобилниот.
Таа последна фактура со пенали е најоспорувана од претплатниците, но во договорот сето тоа е напишано и ти всушност си го прекршил, па ете ти ја казната. Ако не ја платиш веројатно ќе добиеш тужба за таа сума.
 
Ке Ве замолам да ми одговорите на моиве прашања:
1. Дали постои обврска новоизградена зграда или друг деловен објект да се спроведе во Катастарот пред да се даде дозвола во употреба, и што ако објектот се издава по закуп а сеуште не е спроведен, како можам да барам да бидат задолжени да го спроведат објектот.
2. Што треба да направам ако едниот сосопственик не му дозволува на приватното геодетско друштво да изврши мерење во деловен објект заради изработка на елаборат кој ќе служи за спроведување во Катастарот.
Однапред ви се заблагодарувам на одговорите
 
Може ли некој да ми даде пример за како да напишам полномоштво за малолетник за да оди во друга земја на патување, ај некој ако има примерок од полномоштво нека ми каже!!!
 
мислам дека прашањето е за тука

гледав пред некој ден во вест за продажба на социјални станови
http://vest.com.mk/default.asp?ItemID=6BDE5FADE5B0D848808C1BB21F65E4D9

дали е можно ова стварно ме зачуди дали имаат право да продадат социјален стан

ама овие се за млади брачни парови кој си ги купуваат по повластена цена а ме интересира мене дали можи да се продаде социјален стан за кој се плаќа по 15-20 евра месечно

дали имаат право таквите да продадат ваков стан и ако немаат после колку години смеат

:salut:
 
Епа вака. Ми треба помош за регистрација на трговска марка. Од тоа што лаици ми го имаат кажано не било едноставно но сепак ако знае некој многу ќе ми помогне!
 
Незнам дали е за тука прашањето но ќе го поставам. Од О.К кредитот на моите дома им фалат 1800 ден од друга картичка 1000 е сега како одат работите дали банката ќе им ѓи врати парите или не ? Доколку не сака да ѓи врати дали има основа за тужба. Благодарам многу.
 
Прашање....покрај ту`бата кој е друг иницијален акт во граѓанската постапка????
 
Прашање....покрај ту`бата кој е друг иницијален акт во граѓанската постапка????
Вчера се потсеќав граѓанско процесно право, и мене ме интересираше истово, и видов дека ТУЖБАТА е иницијалниот акт за започнување парнична постапка :)
 
Вчера се потсеќав граѓанско процесно право, и мене ме интересираше истово, и видов дека ТУЖБАТА е иницијалниот акт за започнување парнична постапка :)

Да ама трик прашањето беше освен тужбата кој е друг иницијален кат во парничната постапка и точниот одговор е прелог за спогодбен развод на брак:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom