Татко ми е основач на една фирма, ама друго лице е управител. Фирмата е во стечај веќе некоја година.
Е сега, се работи за земање стипендија. Бараат просек на плата на родителот. Татко ми не е пријавен во завод (ниту може да се пријави бидејќи бил основач на фирмата), а ниту пак работи некаде на друго место за да од таму извади просек на плата.
Моето прашање е, дали може да се извади некој документ од Централниот Регистер (или од некоја друга институција) за да се докаже дека татко ми не зема приход од ниту една страна? Дали постои всушност таков документ кој би го важеле во Министерството за образование при поделба на стипендиите?
Ако некој знае, или пак имал слично искуство, нека пише. Фала најмногу! :smir: