Те сакам, но тоа не значи дека сакам да бидам со тебе

  • Креатор на темата Креатор на темата Cool Hand Luke
  • Време на започнување Време на започнување
Ете уште еден кој слепо верува во љубовта........ќе се каеш набрзо и ќе си спомнеш за ова што ти пишав....

--- надополнето ---

Што мислиш... колку време се сака една девојка или дечко?

Пак да се повторувам,треба? Ако сакаш вистински не е проблем да биде цел живот!

Немој да носиш заклучоци според твое или искуство на некој твој близок (генерализирам) разбери дека не се сите исти!
 
Пак да се повторувам,треба? Ако сакаш вистински не е проблем да биде цел живот!

Немој да носиш заклучоци според твое или искуство на некој твој близок (генерализирам) разбери дека не се сите исти!


Да......не се исти...ако не се луѓе...не се исти...веројатно......
 
Пак да се повторувам,треба? Ако сакаш вистински не е проблем да биде цел живот!

Немој да носиш заклучоци според твое или искуство на некој твој близок (генерализирам) разбери дека не се сите исти!

Брат јас мислам дека е во право Професорот, зошто не наоѓам решение со некого цел живот да се сакам. Исто и постари луѓе сум слушал што викаат дека не се сакаат, само поради детето живеат или...

Можно е и да е некој постар, фамилијарен човек па искусен е и ни кажува(Професорот):toe:
 
Неможеш да го бараш тоа, не се бара такво нешто! него само доаѓа.

Ама како што кажав, I rest my case.
 
Неможеш да го бараш тоа, не се бара такво нешто! него само доаѓа.

Ама како што кажав, I rest my case.

ААа..морам да те надополнам....доаѓа и заминува......пак ќе дојде и пак ќе замине....ама многу битно......Не останува......не е вечно....останува само Љубовта кон децата и делумно родителите......
 
Мое мислење е дека во таква ситуација може да се јават само несигурни луѓе, кои полесно би се одлучиле да сакаат некого од далечина, платонски, знајќи дека така се помали шансите да бидат разочарани и повредени, отколку да се соочат и да се испробаат и да ризикуваат да бидат повредени. Иако нема логика на прва помисла, сепак несигурноста знае да го убие човекот во поим.
 
Те сакам стварно и бескрајно ама по се изгледа деја јас и ти сме завршена приказна...Жал ми е шо испадна вака али то е то.Те сакам и ке те сакам секад ама никад поке заедно!
 
Видов група со сличен назив на фб па се замислив. :wink:
Се случило ли некому? Ко да сакате некоја/некого а истовремено ко да се плашите од таа личност, па можеби и ви е многу одбивна, да не кажам дури одвратна. Што значи ова некој поискусен да каже, имаат доста заеднички работи но и непремостливи разлики или шо е работта?
И јас се замислив кога видов дека ти си се придружил на групава. Тешко-сфатливо е, either way.
Па... јас на пример такво чувство би можела да имам кон некој што е женкар, некој што ми се стварно ми се свиѓа по сите основи, но сака истовремено да се пушта на милион женски, што би било одвратно. Така би знаела дека не можам да бидам со него. И би го мразела зошто јас би патела секогаш повеќе отколку он. А тоа би било зошто јас би го сакала повеќе отколку тој мене.
Запрашај се убаво:
Има ли таа некоја карактеристика која те ужаснува?
Чувствуваш ли дека ти многу повеќе ја сакаш отколку таа тебе?
Чувствуваш ли дека во вашата релација, ти си тој кој многу повеќе пати од неа?
 
Мое мислење е дека во таква ситуација може да се јават само несигурни луѓе, кои полесно би се одлучиле да сакаат некого од далечина, платонски, знајќи дека така се помали шансите да бидат разочарани и повредени, отколку да се соочат и да се испробаат и да ризикуваат да бидат повредени. Иако нема логика на прва помисла, сепак несигурноста знае да го убие човекот во поим.

Тоа е патем многу добро мислење, такви ситуации, те сакам ама нејќам, најчесто се дешаваат ради кукавичлук, несигурност, или некогаш страв.
Исто така може да се деси и кога веќе имало врска, пример оделе некое време, врската не била најсјајна, раскинуваат, сеуште се сакаат, ама знаат дека како партнери не функионираат најдобро.
 
И јас се замислив кога видов дека ти си се придружил на групава. Тешко-сфатливо е, either way.
Па... јас на пример такво чувство би можела да имам кон некој што е женкар, некој што ми се стварно ми се свиѓа по сите основи, но сака истовремено да се пушта на милион женски, што би било одвратно. Така би знаела дека не можам да бидам со него. И би го мразела зошто јас би патела секогаш повеќе отколку он. А тоа би било зошто јас би го сакала повеќе отколку тој мене.
Запрашај се убаво:
Има ли таа некоја карактеристика која те ужаснува?
Чувствуваш ли дека ти многу повеќе ја сакаш отколку таа тебе?
Чувствуваш ли дека во вашата релација, ти си тој кој многу повеќе пати од неа?

Се случува во случај на идеализација, кога мисли човек дека искрена личност се заљубила во него, а потоа испаѓа дека таа си имала резервна варијанта. А тие заљубени погледи? Само глума? Не баш, но пак веќе не е исто. Сакањето останува во фантазиите, реалноста е многу поладна. Дури и да има некоја шанса и надеж, голем мраз треба да се скрши. А волја за тоа?
Туку... што бе јас?! :) :wink:
 
Те сакам, но тоа не значи дека сакам да бидам со тебе.

Превод: Може да имаме секс, ама не барај да имаме врска.
 
Не ми е сватливо и прифатливо да сакаш некој а да нејќеш да бидеш со него. Ај спомнаа женкар бил ...џабе :/ ако веќе го сакаш не може да чувствуваш одбивност спрема него и да нејќеш да бидеш со него. Ај после врска .. и тогаш не може да не сакаш да бидеш со него .. тогаш уште повеќе сакаш пошто некогаш ти било убаво со него. Е сеа ако се деси нешто што премногу ќе те повреди и нема да можеш да поминеш преку тоа па ај да чувствуваш одбивност ... ама па тогаш и љубовта се губи .. се претвара во омраза, така да ми нема смисла ситуацијава.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom