Езотерија, Окултизам - А. Кроули, П. Дунов, Д. Фортуне ...

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
Телемит си или само употребуваш телемитски речнил за да се правдаш со фразата „ја вршам мојата волја“? :D
Ако е второто - не се повикувај на Законот на Телема ниту вака во разговор, ниту пак кога изведуваш церемонијална магика - ако изведуваш бидејќи лагата е опасна ствар за овие работи, кога немаш расчистено кој закон го користиш и се повикуваш при својата работа.
Наместо да ги пеглаш наборите на својот универзум - ти создаваш дупки што ниту еден Христос нема да може да ги поправи...

Нормално, ова важи ако се заморуваш реално со езотериските пракси, без разлика дали си иницијант некаде или не... не мора да е човек инициран за да изведува магика! Тоа е јасно, да не бидам погрешно разбран :)

Ела оди кажи ми за дупките што сум ги создал по интимно, Кажи ми за законите и како да изведувам правилна перверзија со нив! Да ти берам низ мозок за одговори на дупките што сум ги создал како Лејди Харис што брала плодови во кроулиев мозок кога ги цртала картите, Како беше она кореспонденција, Your mind is like an onion!
 
Кој знае што правеле тие двајца за да создадат нешто како што е
Тот таротот со целата симбиоза на езотериски учења под закрила на новиот закон на Телема!
Кој ќе ти каже? :)
 
Кој знае што правеле тие двајца за да создадат нешто како што е Тот таротот со целата симбиоза на езотериски учења под закрила на новиот закон на Телема!
Кој ќе ти каже? :)

Падале бомби од небо и пиеле црвено вино додека цртале што друго да прават, Едино ако не си за мала некромантија па по директен одговор да добиеш :D
 
Падале бомби од небо и пиеле црвено вино додека цртале што друго да прават, Едино ако не си за мала некромантија па по директен одговор да добиеш :D
Не знам... алкохолот сметам дека не е оправдување за овие работи. :)
Иако многумина мислат дека „црвеното вино“ ги решава сите проблеми со езотеријата и тајните учења и пракси :D
Можеби, во разговори пред кооперација или во парк...
 
Ѓаволкси е алкохолот баш онака да те расположи да црташ
Да, да исто како кибрит и динамит - за забава како што прават децата :)

Таротот не е само цртежи... за тоа зборуваме. Но тоа го знаеме сите.
 
Таротот не е само цртежи... за тоа зборуваме. Но тоа го знаеме сите
Те ако не го користиш за дивинација сам по себе е одличен за филозофија. (Ако читаат луѓе што сакаат психологија го имаат и Jungian Tarot Deck Book Set ко алтернатива)
 
Те ако не го користиш за дивинација сам по себе е одличен за филозофија. (Ако читаат луѓе што сакаат психологија го имаат и Jungian Tarot Deck Book Set ко алтернатива)
Таротот не е само за претскажувања иднина (јас дури и се сомневам дека за тоа релано може да се користи таротот), туку има други примени... ако може да се користи за дивинација како што претежно читам по форуми како се користи, значи се е предодредено бесцелно се тегниме по бесконечноста! :D
Исто како што астрологијата не ја предвидува иднината иако некои „астролози“ токму за тоа ја „користат“ и ги лажат луѓето.
 
Интересна е иднината, во мое искуство со црното ми огледалце знам дека постојат повеќе алтернативни завршетци на едно нешто и зависно дали вариаблите остануваат исти или се менува се менува и алтернативата на иднитата, трикот е да се обидеш да го погодиш кај нај би лежел емфасис-от врз која алтернативна иднина, Картите ми се малку стагнантни па затоа по филозофски за учење ги користам, огледалцето ми е флуидно :D
 
„Во енохијанскиот систем на магика, во таротот, во астрологијата – насекаде ќе најдете траги од ова знаење.
Во овој систем (енохијанскиот), огнениот дел на вода на пример е керубичкиот архангел од огнениот под-квадрантот на керубичкиот крст во Елементалната табела на Вода, чие име е HNLRX преку кој се добиваат карактеристиките на огнениот дел од елементот вода.

water.gif
На сликата е дадена Елементалната таблица на Вода, каде што десниот долен квадрант е огнениот дел на вода.
Над крстот во тој квадрант се наоѓаат четири квадрати, кои заедно со буквата од
Табелата на Единството за елементот Вода, се добива името на керубичкиот архангел кој што владее со четирите архангели под кракот на крстот. Гледаме дека дури и самиот квадрант од Табелата на Вода се дели на уште 16 нови под-сили кои го дефинираат огнениот дел од елементот Вода. Подетално проучување на овие сили побарајте во енохијанскиот систем на магика даден од Џон Ди.
Исто така и во таротот може да се најде ова својство на четирите елементи ако ги разгледаме Дворските карти од Тот таротот.“

Петте татви, нивно комбинирање и другите системи
 
Ууууууу...страшна музика...хеви метал...666
Значи ,,,шапо...после ова СМРТ!!!
Ватрен дел на водата, воден дел на ватрата, ...дупка во водата, вода во дупката.. АбраХадабра,,,све у једно..један за све...у ПМ
Значи одма вадам членска...иницирам со тајните на езотеријата одма...
а јас па слепец..мислев дека ги знам тајните..
Сега знам дека ништо незнам...Ступид
 
Во О.Т.О. не даваат членски книшки,тоа е кај Лавеј во Сатанистичка црква.
Извини за малата корекција ;)
 
20768234_1835038106512445_3679275148853856316_n.png

Бидејќи ќе се „напалите“ на цитатов (кој што не е целосен, а со тоа не ја ни прикажува нишката на самата размисла што треба да се пренесе), подолу следува објаснувањето на она што е ПРЕД цитатов, а потоа - целиот цитат, без купот точки и калемењето за да изгледа њу ејџерски и самобендисано! :)
Во есејот има и од каде е ова, зошто е и како треба со работи кои „не ви се блиски“ или потребни :)

„Пред цитатов на сликава стои ова:

„But first he (the Aspirant) must travel the circumference of the circle; and, when mystically he has discovered that the goal is the starting-point, and where he entered that circle there also will it break and open out, so that the adytum of its centre becomes as an arch in its outer wall, then indeed will he be worthy of the name of Magus.“
Temple of Solomon the King, Equinox Vol. I, No. 3
Трите точки што се испуштени се всушност „to this arch“ , а целиот цитат е:
„The keystone to this arch some have called God, some Brahma, some Zeus, some Allah, some even IAO the God of the sounding name; but in truth, O seeker, it is Thy-SELF — this higher dimension in which the inner becomes the outer, and in which the single Eye alone can see the throbbing heart, Master of the entangled skein of veins. “
Како што гледате, сосема друга светлина и знаење е пренесено во текстот ако го знаете целиот текст, кој што многумина не се осудуваат да седнат и да истражуваат за да ја дознаат вистината за делата на Кроули, за Законот на Телема, за новите мистерии во Еонот на Крунисаното и Освојувачко Дете, Хорус.“

За Цитатите и Мрзливоста на читателот

20768234_1835038106512445_3679275148853856316_n.png

Бидејќи ќе се „напалите“ на цитатов (кој што не е целосен, а со тоа не ја ни прикажува нишката на самата размисла што треба да се пренесе), подолу следува објаснувањето на она што е ПРЕД цитатов, а потоа - целиот цитат, без купот точки и калемењето за да изгледа њу ејџерски и самобендисано! :)
Во есејот има и од каде е ова, зошто е и како треба со работи кои „не ви се блиски“ или потребни :)

„Пред цитатов на сликава стои ова:

Трите точки што се испуштени се всушност „to this arch“ , а целиот цитат е:

Како што гледате, сосема друга светлина и знаење е пренесено во текстот ако го знаете целиот текст, кој што многумина не се осудуваат да седнат и да истражуваат за да ја дознаат вистината за делата на Кроули, за Законот на Телема, за новите мистерии во Еонот на Крунисаното и Освојувачко Дете, Хорус.“

За Цитатите и Мрзливоста на читателот
Скроз е ко булшит генераторот .... за профаните де на прва...

Туку у мојата самобендисаност се визбудифф целиот, помислив дека и мене некој ден вака ќе ме цитираат....

"Where there is bondage, ecstasy cannot thrive. Discontinuity is the antithesis of life. You may be ruled by materialism without realizing it. Do not let it destroy the deeper meaning of your mission."

The Book, Chapter 1
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom