Биднаа мерките, а се нема потреба од мерки и слично ако се држите до темите и не спамирате со глупости... тие идеи дека некоја тема ќе оди во канта бидејќи вие ќе дрдорите, е детска сказна... намалете со шетањето и дај зборувајте на темиве за тоа што треба да зборувате.
За темава малку да разјасниме:
Никој не ви брани или ќе ве смета за „непријател“ ако не ви се допаѓа Кроули и неговите размисли, ако ви е смешно што зборувала Форчн, или Елифас Леви... ако имате негативен став кон езотерија и сите тие тајни, потреби за иницијација, итн итн... тоа си е ваша работа.
Никој не бара од никој да прифаќа било што што се коси со разбирањето што го имате во моментов...
Допринесете нешто со некоја информација, некоја книга, да се види нешто, да се прочита нешто... постојано се открива по нешто од симболите кои се расфрлани низ разните учења познати како „езотерија“!