Liber Librae svb figura XXX
0. Учи прво - 0 Ти кој тежнееш кон нашиот древен ред! - дека Урамнотеженоста е темел на делото.
Ако ти самиот немаш сигурен темел, на што ќе стоиш за да ги управуваш силите на природата?
1. Тогаш знај бидејќи човекот е роден во овој свет, среде Мракот на Материјата и судирот на спротивните сили; тaка неговото прво настојување треба да биде да го бара Светлото низ нивното помирување.
2. Тогаш ти кој имаш искушенија и тешкотии, радувај се поради нив, зашто во нив е Силата, и преку нив е отворен патот кон тоа Светло.
3. Како инаку би било, о Човеку, ти чиј живот е само ден во Вечноста, капка во океанот на времето; како би можел ти, ако нема толку многу твои искушенија, да ја исчистиш својата душа од земјината 'рѓа? Но сега е тоа така, да Вишиот Живот е поврзан со опасности и тешкотии; ги немале ли и Мудреците и Хиерофантите на минатото? Тие биле прогонувани и понижувани, луѓето ги измачувале; сепак низ тоа нивната Слава растела.
4. Затоа радувај се, о Инициран, бидејќи колку се поголеми твоите искушенија, поголема е твојата победа. Кога ќе те измачуваат и зборат лажно против тебе, зарем Мајсторот не рекол; "ти си блажен"!
5. Сепак, о аспиранту, нека победите не ти носат Гордост, зашто со зголемување на Знаењето би требало да се зголеми и Мудроста. Оној што малку знае, мисли дека знае многу; но оној што знае многу, свесен е за своето незнаење. Го гледаш ли оној кој мисли дека е мудар? Повеќе надеж има за будалата, одколку за него.
6. Не брзај другите да ги осудуваш; како можеш да знаеш дека ти на нивно место би одолеал на искушението. И дури да е така, зошто би презирал некој кој е послаб од тебе?
7. Затоа ти што ги посакуваш Магиските Подароци, биди сигурен дека е твојата душа цврста и постојана; зошто ласкајќи им на твоите слабости, Слабиот ќе има моќ над тебе. Потчини се на твоето Себство, но не плаши се ни од човек ни од дух. Стравот е неуспех, и предходник на неуспехот; а храброста е почеток на доблеста.
8. Затоа неплаши се од духови, туку биди цврст и љубезен со нив; зашто немаш право да ги презираш или мачиш; и тоа исто така може да те заведе. Наредувај им и, и терај ги, заколнувај ги со Големите Имиња ако треба, но не им се потсмевај и неги мачи, зошто без сомнение тоа ќе те одведе во грешка.
9. Човекот е тоа што самиот од себе ќе направи во рамките одредени од неговата наследена судбина; тој е дел од човештвото; неговите дела не го допираат само она што тој го нарекува јас, туку и целиот Универзум.
10. Почитувај и не го презирај физичкото тело кое е твоја времена врска со надворешниот и материјалниот свет. Затоа твојата ментална урамнотеженост нека биде над вознемиреноста од материјалните потреби; зајакни ги и управувај со твоите анимални страсти, скроти ги емоциите и разумот, негувај ги Вишите Тежнеења.
11. Прави им на другите добро поради самата добрина, не поради награда ниту поради нивна наклоност или благодарност..
12. Запамети дека неурамнотежената сила е зло; дека неурамотежената милсот е слабост, која би го дозволувала и поттикнувала Злото. Делувај страсно; мисли разумно; биди Свој.
13. Вистинскиот ритуал колку е акција, толку е и збор; тој е Воља.
14. Запамети дека оваа земја е само атом во универзумот, и дека и ти си атом во неа, па дури и да станеш Бог на земјава по која се влечеш и ползиш, па и тогаш би бил само еден атом, и тоа еден помеѓу многуте.
15. Сепак имај најголемо почитување и поради тоа не греши против себе. Гревот кој е непростив е свесно и намерно одфрлање на вистината, страв од знаењето дека тоа знаење не би одговарало на твоите предрасуди.
16. За да ја постигхеш магиската моќ, учи да управуваш со мислите; дозволиги само тие идеи што се во согласност со саканиот завршеток, а одфрлиги сите лутања и спритивни идеи.
17. Насочена мисла е средство на некоја цел. Затоа внимавај на моќта на тивката мисла и медитација. Материјалниот чин е само надворешен израз на твојата мисла; и затоа е кажано: "Будалестата мисла е грев". Мислата е почеток на акција, и ако случајната мисла може да има многу резултати, што не се може да стори насочената мисла?
18. Затоа како што е кажано, Застани цврсто во Рамнотежата на силите, во средиштето на Крстот на Елементите, Крстот од чие средиште е излезен творечкиот Збор во раѓањето на зората на Универзумот.
19. Затоа биди раздвижен и активен како Силфите, но избегнувај ја лекоумноста и непостојаноста; биди огнен и цврст како Саламандерите, но одбегнувај ја раздразливоста и суровоста; биди внимателен и прилагодлив кон формата како Ундините, ноодбегнувај ја мрзливоста и променливота; биди работен и вреден како Гномите, но одбегнувај ги грубоста и алчноста.
20. Така постапно ќе ја развиеш моќта на својата душа и ќе станеш соодветен за управување со Духовите на елементите. Зошто ако ги повикаш Гномите да угодуваат на твојата алчност; ти повеќе нема да управуваш со нив, туку тие со тебе. Дали би ги злоупотребил чистите суштества на шумите и планините за да ги наполниш торбите и да јазадоволиш твојата глад за злато? Би ги понижил ли Духовите на Живиот Огин за да му служат на твојот бес и омраза? Би ги повредил ли чистите Водени Души, за да и угодуваат на твојата расипана страст? дали би ги силел Духовите на ноќниот Ветрец да им служат на твојата лудост и ќеф? Знај дека со такви желби можеш да привлечеш само Слаб, а не Силен, и во тој случај Слабиот ќе има моќ врз тебе.
21. Во вистинската религија нема секти затоа пази да не го колнеш името под кое другите го знаат својот Бог; зошто ако го правиш тоа на Јупитер, ти ќе го колнеш יהוהво Озирис יהשוה. Прашај и ќе имаш! Барај и ќе најдеш! Тропни и ќе ти се отвори!