"Система" - најефикасната боречка вештина

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Бидејќи заслужува да биде на кирилица.

the-system.jpg

Љубителите на боречките вештини "полудеа" кога легендата Стенли Пранин, на светскиот собир на аикидото во 2003 година, го покани "таткото" на руската боречка вештина "Систем". Станува збор за Михаил Ријабко, прочуениот полковник на Spetznatz.

За некого можеби ќе делува изненадувачки, но преку 600 години руските телохранители ги обезбедувале источните (кинески, јапонски...) цареви, императори и ханови. Тие употребувале древна вештина која се учела и била негувана претежно во православните манастири. "Системот" е нај сличен на аикидото, но има примеси на другите вештини.

Суштината на "Системот" не е да се вежбаат одредени вежби (кати) кои би го лимитирале изборот на одговори при напад. Напротив, секој кој ја изучува оваа вештина треба да си создаде свој систем според можностите на своето тело. Најбитен елемент на оваа вештина е менталниот, односно како да се победи страво, како правилно да се дише и тн...

По Октомвриската револуција, повеќето од тие што знаеле "Систем" биле убиени. Мал број од нив биле вработени во тогашната служба за државна безбедност, каде што вештината била чувана во строга тајност. Имено, полковникот Ријабко е ученик на еден од телохранителите на Сталин.

Ријабко заедно со неговиот соборец Владимир Василев, одржуваат тренинзи насекаде низ светот и сеуште не можат да ја задоволат "побарувачката".
Според Стенли Пранин, човекот кој ги студира речиси сите боречки вештини повеќе од 40 години, нивото на знаење и можности на Ријабко и Василев е подобро од било кој мајстор со црн појас (9-ти и 10-ти дан) во Јапонија, во било која комбинација на дисциплини.
Повеќе за дисциплината
Видео клипови
Oдредени кинески цареви биле заштитувани од руски телохранители во еден краток период не подолг од 30 години , но никогаш не сум чул да некој друг освен Самурај или Нинџа во еден период обезбедувал Јапонски големец. Тоа не го дозволуваат јапонското Его и култура.
Додека Систем е стварно ефикасна вештина како и секоја друга, накрај на краевите не е битна вештината колку вежбачот кој нејзе ја вежба, но и таа е создадена како микс на неколку јапонски корју школи.
И затоа еве ви право место за тренинг во Македонија доколку сакате да зачекорите по патот на боречките вештини. Единствениот клуб за класични јапонски боречки вештини Пат кон сонцето:bujinkan.org.mk.
 
Има отворено месецов ново клубче, во Корчагин имаат тренинзи, случајно го начекав газдата на олимписки, ваљда е тренер на ватерполистите таму... Се утепа од фалење за вештинава. Он е демек само газда, имал вработено некој мастер кој го држи тренингот. :)
За информации ваљда во Корчагин ќе ви кажат кога имаат точно тренинзи и слично.
 
Да ја живнам темава...bujinkan е исто интересна вештина,имаат и неколку пати во годината преживување каде што идат со минимални ресурси на храна,ловат ако им се најде нешто,идат долги патишта по планини,спијат по шатори и слично...кој сака,нека го посети сајтот...го има погоре некој оставено.
 
Хм, интересно баш разгледав :) :)
 
Има отворено месецов ново клубче, во Корчагин имаат тренинзи, случајно го начекав газдата на олимписки, ваљда е тренер на ватерполистите таму... Се утепа од фалење за вештинава. Он е демек само газда, имал вработено некој мастер кој го држи тренингот. :)
За информации ваљда во Корчагин ќе ви кажат кога имаат точно тренинзи и слично.
Знам дека постов е одамна, но дали знаеш дали уште се одржуваат тренинзите за системов во Корчагин?
 
Се надевам дека нема да го сфатите ова лично,но јас сум голем скептик околу ефективноста на Система.Мислам дека нејзината популарност е повеќе поради фактот дека изгледа мистична дека е од Русија(нели по некоја логика Русите се сметани во светот за доста издржливи и јаки луѓе).Кога веќе би тренирал нешто руско би тренирал Комбат Самбо,што е тестирано и докажано.
Пс Еве видео од Рјабко кое е доста актуелно како доказ за (не)ефективноста на система

И јас сум скептик за руска система,еве кај нас овие што вежбаат,по тоа што го гледам,имаат и доста удари и слични ствари,сеуште не почнале со ова глупостиве...има и уште една слична вештина измислена во Кина или не знам каде,кај што вака ги тепа со воздух,али за мене тоа не е реално се дур јас не го осетам на своја кожа.Руска система најверојатно(не сум читал и не сум пребарувал) има повеќе концепти,па најверојатно оваа е нај лудата,но има и доста корисни работи,па поради тоа ја вежбаат и Спецназ и други единици.Еве едно видео кое е реално,и кое те одвраќа од мислата дека е глупост,но сепак дур не осетам на своја кожа не го сметам за вистинско.
 
Секако дека има добри работи и оваа вештина.Но еве и ти претпоставувам дека си запознаен со боречките вештини и знаеш дека многу често некои боречки вештини знаат да забегаат со тие нивни мистицизми.А и реално гледано,самите луѓе го сакаат тоа.Сакаат најбрзо што можат да завладеат со добри техники и често забегуваат по некои тајни техники,удари на змејот итн.Затоа и сум скептичен.Секоја вештина која тврди дека таа е ефективна а при тоа нема спаринг,нема физичка спремност а има техники убави за очи и работи како no touch K.O или шаблонски(и нерална) одбрана од оружје е за мене невалидна.Секако,ова е само мое мислење,кое се базира врз некое познавање од светот на боречките вештини а и од тренирање :)
 
Јас веќе 4та година тренирам џит кун до,и за мене тој концепт е најдобар.Иако,овој кој ние го тренираме,не е КЛАСИЧНИОТ,оној со повеќе винг чунг во него,туку нашево е повеќе осврнато на ММА(бџџ,бокс,кик бокс,таи бокс,џудо) самоодбрана од секакви фатови(врат,рака,околу тело) техники со нож и ескрима,и елементи од винг чунг.Секој тренинг спаринг и физички вежби,за издржливост исто така,едино што фали според мене е нешто како во крав магата каде има оружје и техники со оружје,но тоа е веќе воена вештина и не може да се изведува рекреативно(не кај нас).

За мене се несфатливи каратето и сличните вештини,бидејќи се некомплетни и се премногу отворени за борба гради во гради,нормално и тоа што кажа,нокаутите без удар се буквално не реални и не знам кој верува во тоа.
 
Да Крав Мага има доста интересни концепти и ја сметам за доста ефективна вештина.Џит кун до според мене ја има најдобрата можна филозофија од сите боречки вештини.Тоа е дека константно треба да се еволуира и да се користи тоа што функционира а да се отстрани тоа што не.

За мене се несфатливи каратето и сличните вештини,бидејќи се некомплетни и се премногу отворени за борба гради во гради,нормално и тоа што кажа,нокаутите без удар се буквално не реални и не знам кој верува во тоа.

Тоа е според мене поради 2 фактори.Првиот е правење пари и вториот е Холивуд.Многу мајстори ги лажат своите ученици дека мистериозно ќе научат се да одбранат од 473972389 противиници со Х техника и секако 2риот дел гледањето филмови и сфаќање дека тоа е реалност.Исто така нешто што ме нервира е фактот дека во мнгоу традиционални вештини концептот за физичка спремност е речиси 0.И јас бев жртва на тоа мислењ се додека не почнав да се бавам со БЏЏ и на лице место сфатив колку физичката спремност е една од најбитните работи за еден борец(без разлика колку е технички спремен)
 
Во наша сала се тренира и карате...кога ги гледаме...значи смешки живи,сите се со црни појаси,а деца мали,јас не знам ни како оди тоа и како смеат така да даваат црни појаси.

Кај нас се прави спаринг на пример 2 вс 1,2цата со кациги,тој што е сам без,и он смее да ги мава со сета сила дека имаат кациги,а овие двајца со некои 50-60% од максимум,или правиме во рекет сите,и секој против секого односно може да ти се стават и 3ца и 5ца а твое е што ќе правиш,со изгасени светла,со дерење пцуење тропање,и да видиш како мозокот ти работи со 500 на саат,и после тие 2-3 минути си уморен како да си вежбал пола саат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom