Jap Mak Sun
Регент
- Член од
- 19 октомври 2011
- Мислења
- 155
- Поени од реакции
- 45
- Возраст
- 37
Oдредени кинески цареви биле заштитувани од руски телохранители во еден краток период не подолг од 30 години , но никогаш не сум чул да некој друг освен Самурај или Нинџа во еден период обезбедувал Јапонски големец. Тоа не го дозволуваат јапонското Его и култура.Бидејќи заслужува да биде на кирилица.
![]()
Љубителите на боречките вештини "полудеа" кога легендата Стенли Пранин, на светскиот собир на аикидото во 2003 година, го покани "таткото" на руската боречка вештина "Систем". Станува збор за Михаил Ријабко, прочуениот полковник на Spetznatz.
За некого можеби ќе делува изненадувачки, но преку 600 години руските телохранители ги обезбедувале источните (кинески, јапонски...) цареви, императори и ханови. Тие употребувале древна вештина која се учела и била негувана претежно во православните манастири. "Системот" е нај сличен на аикидото, но има примеси на другите вештини.
Суштината на "Системот" не е да се вежбаат одредени вежби (кати) кои би го лимитирале изборот на одговори при напад. Напротив, секој кој ја изучува оваа вештина треба да си создаде свој систем според можностите на своето тело. Најбитен елемент на оваа вештина е менталниот, односно како да се победи страво, како правилно да се дише и тн...
По Октомвриската револуција, повеќето од тие што знаеле "Систем" биле убиени. Мал број од нив биле вработени во тогашната служба за државна безбедност, каде што вештината била чувана во строга тајност. Имено, полковникот Ријабко е ученик на еден од телохранителите на Сталин.
Ријабко заедно со неговиот соборец Владимир Василев, одржуваат тренинзи насекаде низ светот и сеуште не можат да ја задоволат "побарувачката".
Според Стенли Пранин, човекот кој ги студира речиси сите боречки вештини повеќе од 40 години, нивото на знаење и можности на Ријабко и Василев е подобро од било кој мајстор со црн појас (9-ти и 10-ти дан) во Јапонија, во било која комбинација на дисциплини.
Повеќе за дисциплината
Видео клипови
Додека Систем е стварно ефикасна вештина како и секоја друга, накрај на краевите не е битна вештината колку вежбачот кој нејзе ја вежба, но и таа е создадена како микс на неколку јапонски корју школи.
И затоа еве ви право место за тренинг во Македонија доколку сакате да зачекорите по патот на боречките вештини. Единствениот клуб за класични јапонски боречки вештини Пат кон сонцето:bujinkan.org.mk.