ПАУШАЛИ ОД 2 000 ЕВРА ЗА АЕК

  • Креатор на темата Креатор на темата vselenec
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
26 април 2010
Мислења
501
Поени од реакции
21
Оваа вест, такаречи за неверување, е дека членовите на АЕК за четири седници во годината ( кои се задолжителни), ќе земаат секој месец повеќе пари и од претседателот на државата.Од петте членови на комисијата тројца биле од министерскиот кабинет на Груевски ( негови луѓе).
Значи ќе земаат за една седница повеќе пари одошто текстилна работничка за пет годишна работа? Срамота - како се трошат народните пари.
Молам мислење по повод оваа информација која ме вчудоневиде.
Дали сега вака наградените се спремни да урлаат во подршкатата на ваквата политика?
КОМЕНТИРАЈТЕ!.:ija:,:ija:,:ija:,:ija:,:oeoeoe:
 
Ноу комент.
Џабе не се тепаат за столче, очи истераа...за тоа време ја дефокусираат јавноста со сцени за плоштади и споменици, хомосексуалци и кучиња скитници... -Дивиде ет импера.
Управни одбори, комисии, проекти се секогаш исплатливи и полни со универзитетски професори, функционери и политичари. кога ќе успееш да влезеш у некој УО или проект ради интелигенција или работливост, пиши.
Чаре нема, само да си свиркаме и да не читаме вести...и да се обидеме да бидеме малку попаметни -рејтингот на опцијата "за никого" да е што повисок :)

--- надополнето ---

За разлика од нашите, еве како штедат британците

Британските министри ќе одат пеш или со автобус
Владата покажува дека штеди со тоа што ќе го намали бројот на службени возила за министрите и ќе ги обесхрабри да се возат во прва класа во авионите, си со цел да се заштеди една милијарда фунти. Користењето автомобил и шофер е една од бенефициите на владините претставници, но новата влада одлучи отсега ниеден министер да нема автомобил и личен шофер. "Министрите ќе треба да пешачат или да користат јавен сообраќај, или пак да делат службено возило", рече либералдемократот Дејвид Лос
 
Ноу комент.
Џабе не се тепаат за столче, очи истераа...за тоа време ја дефокусираат јавноста со сцени за плоштади и споменици, хомосексуалци и кучиња скитници... -Дивиде ет импера.
Управни одбори, комисии, проекти се секогаш исплатливи и полни со универзитетски професори, функционери и политичари. кога ќе успееш да влезеш у некој УО или проект ради интелигенција или работливост, пиши.
Чаре нема, само да си свиркаме и да не читаме вести...и да се обидеме да бидеме малку попаметни -рејтингот на опцијата "за никого" да е што повисок :)

--- надополнето ---

За разлика од нашите, еве како штедат британците

Британските министри ќе одат пеш или со автобус

Браво за посоченото.Молам за нови одговори дали некаде во Европа се приметени вакви потези на злоупотреба на народниот денар.Дали некој може на ваква сиромаштија да зема и "шаком и капом" и нели е срамно кога се нема за егзистенцијален минимум на стечајците ,некој да се наградува повеќекратно и од Претседателот на државата.Да не заборавиме за само неколку часа работа скоро едев стан годишно? Ова го нема никаде. Лоповлук невиден - според мое скромно мислење.Изгубен е компасот и не се води грижа и се нема усул за вредносни критериуми.Дали со ова се потценува македонската јавност и народот во целост.
Дали утре може да се очекуваат уште поголеми девијации и грабежи од парите на народот?
 
Во државава не е интересно како некој за четири седници може да добие 24 000 евра ( околу петгодишна плата на инженер),туку му е интересно да ги одбрани криминалите на власта? Дали постои страв?
Не ми е јасно....:ija::ija::ija::ija::ija::ija::devil3::twisted::oeoeoe:
САМО ЗНАМ ДЕКА Е БРУКА НЕВИДЕНА!.
Напред народе, иднината е зад вбас...../...
 
Не е интересно, дури е досадно. Првин едните земаа, сега другите, после пак ќе земаат едните...па пак другите. Као пинг понг, вратот боли од лево десно ама се навикнавме.
 
Не е интересно, дури е досадно. Првин едните земаа, сега другите, после пак ќе земаат едните...па пак другите. Као пинг понг, вратот боли од лево десно ама се навикнавме.

Дали овде постојат ЛУЃЕ кои ќе кажат ДОСТА Е. Дали е ова вродено полтронство и додворувачки менталитет.Не ли е време да се каже доста е - веќе не може вака.
За вакви работи во Кина отидовте јабана, затоа и оди најбрзо во светот - напред. А кај нас криминалциве - надвор од државата - сосе парите?:nesvest:
 
А кажа ти пред 7-8 години доста е? Или еве, кажи и излези на протест, организирај...без разлика што :)
 
Во државава не е интересно како некој за четири седници може да добие 24 000 евра ( околу петгодишна плата на инженер),туку му е интересно да ги одбрани криминалите на власта? Дали постои страв?
Не ми е јасно....:ija::ija::ija::ija::ija::ija::devil3::twisted::oeoeoe:
САМО ЗНАМ ДЕКА Е БРУКА НЕВИДЕНА!.
Напред народе, иднината е зад вбас...../...

страв??? нема......можеби некаде 1992 имаше по инерција... дури и кај оние кои сега се олигарси и богатунери, но кога видоа дека никој не ги закача, плус големата тивка поддршка и совети од ЕУ и УСА мешетарите...се разгоропадија.............
Денес мирно си пливаат во морето ОВЦИ , кои само блејат и блејат....штркот уште не им донел по грешка лав Ламберт меѓу нив за да покаже заби :)
 
Нема живи лавови но ќе ги имаме излеани и разгоропадени, ќе ја штителе власта - да не осиромашат.
А овој народ кој се радува на милениците им, дека ду*ат, или уживаат, или крадат, кои се самозадоволува од задоволствата на
вождовите им, не е се чини способен веќе да го дигне гласот за уривањето и крадењето на државата им.Ова го дефинираат како патриотизам.Ќе создадат со своето однесување милијардери и во Македонија?????:vozbud:
 
Ме интересира каде се аплицира за да се биде дел од оваа комисија, какви се квалификации се потребни (знам дека основно е партиска книшка(во зависност од партијата на власт), за друго незнам). Може мала помош.
 
Остајте ги луѓето нека земат, уште некоја година...после другите ќе земат, братска делба :)
Мислам, дискусијава може да иде во правец на моето е подолго од твоето па еве една гугл ретроспектива на УО низ институциите
Соработник на Груевски членува во 7 управни одбори

Освен во МРТ, Наков бил хонорарец и кај Црвенковски
Леонид Наков истовремено член на Управниот одбор на МРТВ и на Централниот на СДСМ

Соработничка на Ставрески во пет Управни одбори

За управните одбори на клиниките годишно ќе се трошат 170.000 евра

Владините повереници земаат од 200 евра до 500 евра месечен надомест
За најатрактивни се сметаат управните одбори на Македонски Телекомуникации, Македонска пошта, ЈП за аеродромски услуги, Електростопанство на Македонија. Најмалку платени се членствата во Управните одбори на културните иснтитуции, кои се најмалку атрактивни.
Во управните одбори на овие атрактивни компании по правило се поставуваат “најзаслужни” луѓе, блиски до владејчката партија.

На пример, претставник на државниот капитал од 47% во Телекомот е академикот и професор на Економскиот факултет, Таки Фити, поранешен министер за финансии во една од владите на Црвенковски и екс-пратеник во Собранието. На оваа функција Таки Фити беше назначен во декември минатата година на местото на Ламбе Арнаудов, кој беше претставник на државниот капитал за време на ВМРО-ДПМНЕ. Неизвршен директор во Одборот на директори на Телекомот е професорот на Правниот факултет Борче Давитковски. Претставниците на државниот капитал кои членуваат во Одборот на директори на Телекомот, покрај тоа што имаат највисоки парични надоместоци кои се движат околу 30.000 денари месечно, имаат и посебни автомобили кои Телекомот им ги доделува на користење и за секоја седница добиваат екстра дневници. Во УО на Телекомот се и Асан Јакупи, Гаврило Џиковски, вработен во Телеком, а до неодмна беше и членот на ЛДП, Симо Груевски кој по барање на лидерот Ристо Пенов и Владата беше повлечен. На негово место беше предложена Снежана Ивановска -Јаневска, директорка во Скопска Пивара.

Така на пример, во Фондот за здравствено осигурување членуваат професорката на Правниот факултет Софија Тодорова, министер за образование во една од поранешните влади на Црвенковски, Насер Бајрами, секретар на општината Шипковица, лекарот од Чегране, Имер Имери и Никола Стојановски, кој е меѓу ретките (ако не и единствен) пензионер кој членува во некој управен одбор на јавно претпријатие.
Во Управниот одбор на ЕСМ членови се Татјана Колемишевска-Гугуловска, роднина на поранешниот директор на НИП Нова Македонија, Панде Колемишевски и екс-претседателот на Партијата на Власите во Македонија, Зико Зиков.
Мора да се забележи дека при изборот на членовите во управните одбори на јавните претпријатија се водело сметка да бидат застапени и претставници на албанскиот коалиционен партнер ДУИ, па речиси во секој управен одбор има по двајца или тројца Албанци. Така, во УО на ЕСМ членуваат Халим Мисини и Селајдин Куртиши, а во Надзорниот одбор на ЕСМ членови се Мерсад Дрпљанин и Мерсут Шабани.
Во управниот одбор на ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор член е професорот на Архитектонскиот факултет Мирослав Грчев, екс-градоначалник на општина Центар.
Професорот Јорде Јакимовски од Институтот за социолошко-правни и политички истражувања е член во управниот одбор на УО на Македонски пошти.
И шефот на кабинетот на гувернерот Љубе Трпевски, Богољуб Јанковски во почетокот на минатата година е назначен за член на управниот одбор на Агенцијата за управување со средства.
Си ги делат местата и тие и тие како трофеи, затоа одамна дигнавме раце од револт против УО. Ќе протестира некој вработен против некого кој го наместил на работно место? Јок :) а малите фирми се...мали за критична маса за да им се чуе гласот (башка, доста од нив зависат од тендерите во државните фирми па...). од коа знам за оваа независна држава, начинот на функционирање е ист, само се менуваат актуелностите (знаме, име, статуи, плочки и паравоени формации).

Ако случајно налеташ на целосна листа на имиња, ќе се фатиш за глава кои се имиња се провлекуваат...и на оние кои пцујат против овие партизации и одбори.
 
Ме интересира каде се аплицира за да се биде дел од оваа комисија, какви се квалификации се потребни (знам дека основно е партиска книшка(во зависност од партијата на власт), за друго незнам). Може мала помош.

Moz:nesvest:e.Trojca od komisijata bile vo kabinetot na Premierot ni, koga bil minister.
Nekoi velat deka parite mirisa deka se delele i na dobrodetelite? Ne znam sigurno no bi trebelo nekoj da gi prasa prerodbenicive.
Да се рече не на било која власт.Инаку - каде одиш Македонијо?.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom