Група Д (Германија, Австралија, Србија, Гана)

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
i so balack 34g so bastum i bez nego germanija se luzeri vidov sto napravi za chelsea ne pomina sreden red.... :)
 
i so balack 34g so bastum i bez nego germanija se luzeri vidov sto napravi za chelsea ne pomina sreden red.... :)

Коментар на место нема што.

Балак е капитенот на екипата. Единствениот над 30 год во овој состав на Германија освен Клосе. Лидер на и надвор од теренот за сите копиљаци од 20 години. Колку и квалитетеи да имаат едни Кедира, Милер или Кроос не може да го заменат Михаел. Не се работи за тоа дека „играчки“ е незаменлив ама неговата функција во екипата е поголема од само игрите на теренот.

Мислам дека Фрингс нема шанса да го врати Лев па птепоставувам нешто од прилика вака ќе изгледа прва постава во ЈАР:

-----------------Ноер
Фридрих--Мерте--Вестерман--Лам
-----------Кедира--Швајни
--------Озил------------Кроос
---------------------Полди
---------------Клосе

Никогаш немале којзнае колку јаки крила па и сега по средина ќе доаѓа најголем дел од опсаноста. Ако Лам игра лево сепак натаму ќе паѓа поголем дел од тежиштето во играта (Лам-Швајни-Кроос-Полди). Кедира место Балак а Кроос ми е единствена реална алтернатива за прва постава бидејќи може да замени дел од „фудбалските“ работи на Балак (фактички тој и Кедира би го поделиле задачите на Балак). А за капитенските задачи мислам би требало да се бира меѓу Лам и Швајни.
 
Абе тој Боатенг бил Ганец, а? :) Чим така оправдано го повредил Балак, па во иста група се на СП :icon_lol:

Составот на Србија според мене:

Стојковиќ

Ивановиќ ---- Видиќ ---- Луковиќ ---- Коларов

Красиќ ---- Станковиќ ---- Милијаш ---- Јовановиќ

Жигиќ ---- Пантелиќ


На местото на Луковиќ сакам да биде Суботиќ, и Зоран Тошиќ да биде ставен во екипата како полушпиц на местото на Жигиќ :smir:
 
Земја учесничка на СП - Гана

Гана беше првата репрезентација од африканскиот континент што обезбеди пласман на Светското првенство, уште на две кола пред крајот на циклусот со победата од 2:0 против Судан на домашен терен. Многу потешко беше во претходната фаза која Гана ја помина само поради најдобрата гол-разлика во однос на Габон и Либија со кои имаше идентичен број бодови - по 12. Како што одминуваше циклусот се редеа работите во репрезентацијата, па Гана создаде една компактна целина што може да се "носи" со далеку попознатите противници.

Љубителите на фудбалот во Гана долго го очекуваа дебито на Светските првенства. И покрај четирите континентални титули (1963, 1965, 1978 и 1982 година), Гана не успеа да се пласира на Мундијал се до 2006 година. Германија беше прва станица, а сега веќе "црните ѕвезди" влегоа во низа бидејќи на југот од својот континент ќе го запишат и второто учество на Светските првенства во својата историја.

Првото го почнаа со пораз од Италија (0:2), но победите над Чешка (2:0) и САД (2:1) беа доволни за пласман во осминафиналето. Таму ги чекаше актуелниот светски првак Бразил и мечот очекувано заврши со убедлива победа на "селесао" со 3:0. Сепак, резултатот не го отслика она што се случуваше на теренот. Фудбалерите од Гана имаа дури 22 удари кон противничкиот гол за разлика од 13. на Бразил и да не беше расположениот Роналдо, се можеше да се случи тоа попладне во Дортмунд. Дека оваа африканска селекција и сега има што да каже потврдува фактот дека од тој тим дури деветмина фудбалери ќе играат и на овој Мундијал.

Во последните две децении, најголемите успеси на репрезентативен план Гана ги оствари со младинските селекции. Репрезентациите до 17 години триумфира во 1991 и 1995 година, а лани У-20 го освои златото на доста убедлив начин и со победа над Бразил во големото финале. Дел од тие играчи веќе се сениорски репрезентативци и со големи мотиви патуваат во Јужна Африка.

Најголем проблем за селекцијата се повредите на клучните фудбалери Микаел Есјен и Стивен Апиа. Ако тие бидат подготвени за настап, Гана може многу да направи на првенството бидејќи Есјен не играше на Африканскиот куп на нации во Ангола во јануари оваа година, па неговата репрезентација стигна до финалето. Милорад Рајевац на располагање има низа одлични фудбалери: од голманот Кингсон, дефанзивците Менса, Пентсил и Адо до Сулеј Мунтари, Драман, Асамоа Гјан, Кевин Боатенг и Принц Тагое. Играчи кои секој селектор би ги посакал во своите редови и со кои пласманот во следната фаза е обврска. Колку е моќна оваа селекција покажа во квалификациите каде учеството на Мундијалот го обезбеди прва од африканскиот континент, на две кола пред крајот на циклусот.

Како и секоја африканска селекција, и Гана се карактеризира со цврста игра и многу трчање, но и голем талент на фудбалерите како поединци. Според познавачите на ситуацијата во оваа репрезентација, Гана заедно со Брегот на Слоновата Коска има најголеми шанси од сите африкански репрезентации да го повтори најголемиот успех на селекциите од овој континент - четврт-финалето до кое во 1990 година стигна Камерун, а во 2002 година Сенегал.
gana_grupna1.jpg
 
Арн Фридрих: Германија не е фаворит
spacer.gif
img2355533.jpg
19.05.2010 |Германскиот репрезентативец Фридрих смета дека неговата земја не е една од фаворитите на Светското првенство во Јужна Африка и дека уште во првата фаза ќе имаат тешка работа. Репрезентативецот на вицешампионот од 2002-та година вели дека Германија има тешка задача во Групата Д на најголемото светско фудалско збидување годинава.

„Освојување на титулата би било одлично, но реално гледано не сме меѓу фаворитите. Ќе биде многу тешко против Србија кој е многу незгоден противник, а и репрезентацијата на Гане е многу опасна.“

„Со својот клубски колега Гојко Качар често се шалевме за нашиот дуел на Светското првенство.“ -изјави искусниот дефанзивец кој веќе забележи 70 настапи за „Елфите

Не се меѓу фаворитите никад а увек играат у полуфинале и финале
 
Германците ја имаат таа невидена упорност, но и составот на србија според менее најдобар во последните десетина години.Што е важно имаат и доста добра одбрана, што секогаш им била слабост.
Според мене со Германија ќе се борат за првото место.(Ако кикснат на почеток - може да бидат и последни - словенска малодушност).
Шансите за прво место на Србија во однос на Германија 40:60.:salut:
 
Едни од моите фаворити,на ова првенство.
Не сум бил прошлите мундијали за Германија,ама сега некако ме влече да бидам и за нив.
Криво ми е ептен Балак што нема да игра,ама ај..
 
Според мене шансите за Германија да биде прва а Србија втора се 80%.
Гарант Германците се први во групава. Србија можеби има квалитетен состав, но не се доволно искусни како Германците во ова натпреварување.
 
Ова е дефинитивно најдобрата група. Џабе таму Бразил-Португалија-БСК... овде ќе биде кланица. :)
 
ja mislam sepak deka GERMANIJA e prva ,a vtora e Ghana pa ke vidime :)
 
Групава е најинтересна после таа со Бразил и Португалија, а натпреварот помеѓу Германија и Србија ќе привлече топ3 внимание од сите натпревари во групната фаза, мислам дека го прогласија за најинтересен според гледачите на еден сајт.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom