Група Д (Германија, Австралија, Србија, Гана)

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ако се врати Балак Германија ке биде појака 100 насто. Ова го велам од причина што враќањето на Балак нема да ја подобри играта од квалитативен аспект само, туку тој ќе донесе и многу голема психолошка предност и самодоверба на играчите на Германија. Затоа викам со враќањето на Балак типувам на сигурни 9 бода на Германија во оваа група
 
Балак е животиња!Нема да се роди толку пргав играч како него.Ѕвер во права смисла!

Е сеа,викаат ако зависи Германија од Балак,тогаш ништо не праат.
Не е до зависењето од него.Самата појава,неговото огромно фудбалско искуство,и знаење придонесуваат за доброто на репрезентацијата.

Зошто освен Балак во Германија сите се млади.Озил,Марин,Крос,Кислинг,Нојер....па и Швајни и Лам не се толку искусни.Затоа е потребен Балак!
 
Aко се млади, тие веќе имаат медали во нивната кариера. Ги освоија сите младински категории.

еве едно прекрасно видео.

Не за џабе годинава од топ 10 U-21 играчи во европа, половина беа Германци. Оваа е златна генерација.
 
Ало бе, отворите тема за Балак посебно, од 16 страни, 13 се за Балак и неговото можно враќаше за Светско, Бог на фудбалот го направивте... Темата е за Група Д и за репрезентациите на Германија, Србија, Гана и Австралија и ваши типови кој како ќе заврши, состави, па и повреди на играчи, ама не претерувајте

Ова е добронамерен совет, бидејќи лично на мене, а верувам и на други, од вакви постови не ми се влева во оваа тема... Не сакам после овој пост да се "нанижат" уште десет страни со навреди и слични глупости... и ако сметаат модераторите, нека го избришат мојот пост :smir:
 
Шо е толку страшно, да коментираме за за еден од најдобрите играч на Германија?... Дефинитивно ке бидат појаки ако Балак игра на светско.
 
Ало бе, отворите тема за Балак посебно, од 16 страни, 13 се за Балак и неговото можно враќаше за Светско, Бог на фудбалот го направивте... Темата е за Група Д и за репрезентациите на Германија, Србија, Гана и Австралија и ваши типови кој како ќе заврши, состави, па и повреди на играчи, ама не претерувајте

Ова е добронамерен совет, бидејќи лично на мене, а верувам и на други, од вакви постови не ми се влева во оваа тема... Не сакам после овој пост да се "нанижат" уште десет страни со навреди и слични глупости... и ако сметаат модераторите, нека го избришат мојот пост :smir:

Па гледам има ептен квалитетни дискусии,и затоа само за Балак се збори.

Или тебе ти смета дека е играч од Челзи па затоа..
 
Па гледам има ептен квалитетни дискусии,и затоа само за Балак се збори.

Или тебе ти смета дека е играч од Челзи па затоа..

Се јави човекот наречен Бан :wink:

Не бе, ми смета оти е Германец, а јас навивам за Србија :tapp: ... Како можеш да имаш такво размислување не си ми јасен, и за Руни да се збори, пак ќе го напишев истото, што не е јасно :toe:
 
Група Д(Германија,Австралија,Србија и Гана)

Како што и самиот читаш,Германија е во Д групата заедно со другиве репрезентации.
Балак е играч на Германија,така да џабе муабети.

А,за ова човекот Бан,треба да се насмеам?
 
Балак нека ги пропушти натпреварите по групи,ама бар да биде опоравен за 1/8 финале........страшно многу ќе им биде потребен на Германците.
 
Абе Германија има добри,млади играчи како Озил,Марин и ред други.....сите тие ќе дадат максимум на СП....и се надевам ќе се покажат во најдобро светло сите Германци...
 
Баш заради нив Германија ми се едни од фаворитите и ќе бидам за нив на светсково.

Тие двајца од Вердер разараат,Крос е одличен,нов Балак според мене,Кислинг е солиден,Какау исто така.Швајни е ѕвер,Балак неам зборови,Лам е еден од најдобрите бекови во светот,Нојер е супер голман,мада некад знае да кикса.Е централните се заебани,ама тоа е..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom