Македонцки
мадрфакр
- Член од
- 23 ноември 2007
- Мислења
- 4.281
- Поени од реакции
- 635

Предупредување до сите компании кои сеуште немаат добиено лиценци за јавен или сопствен превоз
(24 Март 2010)
Врз основа на информации добиени од некои од нашите граничните премини, возилата на фирми кои немаат добиено лиценца за вршење на јавен или сопствен превоз не им е дозволено излез од земјата.
Првенствено рокот за добивање на лиценца за превоз беше утврден до 22.09.2009 година. Министерството за транспорт и врски даде дополнителен рок од 6 месеци за добивање на лиценца за превоз и истиот измина на 22.03.2010 година. Со тоа се исклучува можноста за добивање на ново продолжување на рокот.
Сите транспортни компании кои веќе имаат добиено лиценца, а немаат добиено изводи од лиценца за некои од возилата со кои располагаат, потребно е во најкраток можен рок да достават дополнителни барања за лиценцирање и на останатите возила, а со тоа да добијат и изводи од лиценцата. Возилата кои немаат добиено извод од лиценца, според законот не смеат да учествуваат во сообраќајот, односно не е дозволено да вршат превоз на стоки. Поради тоа Ви препорачуваме да не превземате тури со возилата кои немаат сеуште добиено извод од лиценца од Министерството за транспорт и врски, со што би се избегнале големите казни од страна на инспекциските органи, како и застои на граничните премини.
го пролистав законот и не најдов ништо конкретно.
ДАЛИ ТРЕБА ЛИЦЕНЦА ЗА СОПСТВЕН ПРЕВОЗ ВО ЗЕМЈАТА??? значи твоја фирма твои возила твој возачи, регистрација платена, разнесуваш твоја роба??? чуму лиценца? информиран ли е некој повеке за ова? казните се движеле до 7000 евра?