Воведување на повеќе букви во кирилицата

  • Креатор на темата Креатор на темата Nemorosus
  • Време на започнување Време на започнување

Дали мислите дека би требало да се додадат повеќе букви во македонската кирилица?

  • Да

    Гласови: 12 13,8%
  • Не

    Гласови: 75 86,2%

  • Вкупно гласачи
    87
Поише “'’’ се користи него Њ :)
 
Со ова се согласувам. Мислам дека треба да се поразмисли околу воведување на овој глас, поради истата причина - апострофот не е буква. А гласот се јавува во `рж, `ртење, Балд`ска... Еве како би изгледало со оваа буква: 'рж, 'ртење, Балд'ска

Останатите букви и гласови не ни требаат, зашто јазикот ни функционира и без нив.
И што е тоа не е ни буква не е ни глас ,ништо не е ...:toe: ниту се слуша ниту се изговара џабе само се пишува ,најдобрата опција ја имаме а тоа е да стои апостроф пред тие зборови или нека не стои не е ни важно ...:tv:

Поише “'’’ се користи него Њ :)
:pos2:
 
Кирилицата си е арна каква што си е, и немаме воопшто потреба од промени.
 
Азбуката е супер, ако дојде до промена или додавање на некои букви, дали сте свесни каков ефект ќе има тоа, ќе треба од корен да се пишуваат нови книги, правописи, граматика и сл. јазични исправки.

Затоа пред да почнете тема размислете добро што ќе постирате!
 
Тешка глупост,никако не смее ова да се направи.
 
Не, не гледам никаква функција на овие букви, покрај тие 31 што ги имаме.
 
Азбуката си е добра нема потреба нешто да се менува или додава нови букви.
 
Ние користиме српско фонетско писмо, (буквите „Љ“ „Њ“, „Ѓ“, и „Ќ“).Азбуката требала да се базира на моделот на Мисирковата азбука, претставена во делото „За Македонцките Работи“ издадено во Софија 1903 година.
Затоа и биле додадени тие букви; за да не биде ептен по урнекот на српската азбука, македонската.Иницијатор за воведување на „'“ (ер) е Венко Марковски кој е еден и од креаторите на македонската азбука.

venko-azbuka.jpg

Инаку на сликава е прикажана првата македонска азбука, креирана во ноември 1944 година.

Но, набргу заради неговите ставови бил прогласен за „бугарофил“ и бил осуден на робија во Голи Оток.Откако излегол од Голи Оток, ја напуштил Југославија и отишол во Бугарија каде останал се до својата смрт, во 1988 година.Таму за бугарското радио неколку дена пред неговата смрт има изјавено дека „македонска нација не постои и дека таа е измислена од Коминтерната“ што било доста нормално земајќи ги в’предвид условите во кои бил и самиот Марковски.
Инаку, македонската азбука требала да биде креирана по моделот на азбуката што ја користел Мисирков во неговото дело „За Македонцките Работи“ издадено во Софија 1903 година, но не е направено тоа зошто „книгата била пронајдена во педесетите во бугарските архиви“.Тоа било оправдувањето.


Еве ви примерок оригинален од книгата:
http://img706.imageshack.us/i/zamakedonckiteraboti.jpg/

zamakedonckiteraboti.jpg

А има и тврдења дека Мисирков ја базирал оваа азбука исто така врз српското фонетско писмо на Вук Караџиќ, но мене не ми се верува.А и да ја базирал, ако некој ја читал во оригинал книгава ќе разбере дека македонскиот јазик се разликувал од бугарскиот и српскиот, биле слични но не и исти што е доволен доказ дека имало македонски јазик, како и македонска азбука.
Како и да е Србите и Бугарите немаат една буква што ја имаме ние, а таа влече корења уште од почетоците на кирилицата, а тоа е буквата: „Ѕ“
И пред да се појави Вук Караџиќ, и Србите користеле букви кои што се користат денеска во бугарската азбука; исто така и они ја користеле ЕР па тоа не ги прави нив Бугари.

Така да нема од што да се срамиме, ако гледаме така на работите тие букви потекнуваат од наши просветители и од ученици на наши просветители.

И Хрватите и ден денеска ја користат глаголицата (само во еден град каде и менито по рестораните им е на глаголица), па тоа не ги прави нив Македонци.А еве ви една слика од Загреб што ја земав во 2007 година кога бев во една нивна катедрала:

http://img232.imageshack.us/i/p1010180v.jpg/
p1010180o.jpg


Но, престанале да ја употребуваат од 18 век.
И сега јас според ова треба да тврдам дека Хрватите имаат македонска азбука и затоа треба да ги сметам за Македонци?!
Глупости, ова го пишувам дополнително зошто гледам наоколу некои тврдења...
Нема од што да се срамиме тоа е словенско писмо, а ако гледаме така на работите да не беа наши просветители немаше да постои тоа писмо.
Инаку сега не треба да се додадат овие букви во нашата азбука, ќе се предизвика хаос.Добра си е оваква каква што е азбуката ништо не и фали.
 
Од кај ваа идеја??

Јазикот се остава да еволуира природно исто и азбуката,Македонскиот јазик кој потекнува од старословенскиот е практичен би рекол.

Не сум лингвист за да коментирам дали ни требаат јор ил јер ама...јасно ми е дека и вака се разбираме.

П.С од кај вакви идеи???

Тоа Бугарите,Русите Украинците..и.т.н нека уживаат во тие букви-гратис се.
 
а наместо букви да се разбираме со бројки ?
 
И што е тоа не е ни буква не е ни глас ,ништо не е ...:toe: ниту се слуша ниту се изговара џабе само се пишува ,најдобрата опција ја имаме а тоа е да стои апостроф пред тие зборови или нека не стои не е ни важно ...:tv:


:pos2:

Не е точно. „Балд`ска“ (или „Балд'ска“) има три слога, „балдска“ има 2 слога (прочитајте го тој збор без гласот во средина). И тоа како е препознатлив тој глас и има влијание врз зборот.

Еве, ако „'“ како буква ве асоцира на Бугарија, да измислиме нов начин на пишување на истиот глас. Но тој постои во Македонскиот јазик и може да се јави и на почетокот на зборот (и во тој случај треба да има форма на голема буква) и на средината (и треба да има форма на мала буква). Апострофот се користи за да означи *недостаток* на глас, наместо присуство на истиот.

Не заборавајте: тој глас го имаат и Турците и го кодифицираат како I и ı, т.е. И латинично без точка горе. Финците исто го имаат и го кодифицираат како Ö и ö. Значи, не е дека „ништо не е“ тој глас. Важен е и постои во јазиците (и во Македонскиот јазик исто така) и не е добро да се игнорира.
 
Нашата азбука е фонетска. Додавање на било што што има два звука ќе значи дека дека повеќе нема да имаме фонетска азбука.

Јас повеќе сум за додавка на гласови (букви) како Уи (W) кои се далеку поприсутни во секојдневниот говор а се искасапени поради превод на W co В.
 
Најдобро ќе беше доколку уште на времето си ја зачувавме глаголицата како азбука која имала 41 буквa доволнa за секој глас. Кирилицата е слична со латиницата, но доколку имавме глаголица барем ќе бевме посебни.


П.С. Дали некој може да ми одговоти на прашањето како сме ја присвоиле кирилицата, а не глаголицата?
 
Јас сум за воведување на `р како посебна буква. со знак q Значи имаш: qти место `рти и кqв вqв дека р` си остабува р значи риба си е риба. Можно е и меко ј Крсте Петков Мисирков преклагал i да биде меко ј. Значи Македоиiа, Германиia а Скопиie,додека има Јана Јован итн.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom