Воведување на повеќе букви во кирилицата

  • Креатор на темата Креатор на темата Nemorosus
  • Време на започнување Време на започнување

Дали мислите дека би требало да се додадат повеќе букви во македонската кирилица?

  • Да

    Гласови: 12 13,8%
  • Не

    Гласови: 75 86,2%

  • Вкупно гласачи
    87
Најпрво да разјаснам што е тоа глаголица
Kodex.Zograf.JPG


http://www.omniglot.com/writing/glagolitic.htm

Старословенски

ocslavonic.gif


И осовремена кирилица (1918)
cyrillic_1918.gif


Како што може да се забележи, глаголицата нема многу допирни точки со кирилицата. Таа е создадена во 9от век од страна на Св. Кирил и Методиј кои тогаш биле мисионери пратени од византијците за покрстување на свежодојдените (добро де, после 3 века дојдени) Словени.
Е сега колку и да сакаме да ги мрзиме денешниве наши јужни соседи, кирилицата е некој сков од грчкиот алфабет и глаголицата.
Според мене, крајно е апсурдно да се започнува одново менување на нашата азбука, поради тоа што со тоа го повлекува и нашиот идентитет.
Пример некој горе рече дека ниту еден од земјите кои ја користат кирилицата (Бугарија, Србија, Русија...) Ја немаат буквата „Ѕ“.
Истотака зошто по ѓаволите да ја воведеме буквата „'“? немаме некое решение за тоа? Не. Вака се приближуваме до нашите соседи на кои политиката е веќе одамна позната.

И да... имаме побитни прашања за решавање на идентитет, со ова само повеќе покажуваме дека нашата егзистенција е се` понестабилна.
 
Едноставно ме интересира дали сте за воведување за повеќе букви како што се: ја ја, Ь ь, Ы ы, ' ', шт шт, ј ј, и сите останати што не ги користиме во македонската кирилица.
Дали мислите дека имаме потреба од ова?
Во одговорот додадете образложение и која буква мислите треба да се додаде :)
Здраво,
според мене ниту една од горенаведените букви не треба да се додаде. ја ја е непрактично поради тоа што имаме ЈА два гласа,
Ы ы како глас не постои,
а од тие последните само ' можда се јавува (темен вокал), но и тоа е ретко.
Овие графеми не се корисни во македонскиот кој има фонетски правопис. Тие си се добри за јазиците со морфолошки правопис.
 
Може да се додаде х’, како х’елихоптер.. :D :D

Шала на страна, идеата е идиотска мислам, си имаме за секој глас-буква, така да не. И зошто да ги малтретираме децата да учат додатна буква :P
 
Сите јазици се упростуваат за да станат поедноставни и полесни за совладување. А и онака имаме 31 буква, што ќе ни се уште?
Друго, многу е важно што денешнава македонска азбука со својата форма се разликува од други кирилични писма, па доколку би се вратиле дел од изгубените букви.. тогаш ќе бидеме копија на бугарската азбука и со сигурност ќе ја заработиме титулата `бугари со мали пречки при говорот`...
 
Кратко и јасно,за секој глас-буква.............нема што да се менува.
 
Со ова се согласувам. Мислам дека треба да се поразмисли околу воведување на овој глас, поради истата причина - апострофот не е буква. А гласот се јавува во `рж, `ртење, Балд`ска... Еве како би изгледало со оваа буква: 'рж, 'ртење, Балд'ска

Останатите букви и гласови не ни требаат, зашто јазикот ни функционира и без нив.
Ја би гласал за е назално (иако историски не одговара) ѧ наместо јер (ѧрж) , али убава буква е :icon_lol:За другите сум против, дури и за меко ј (i).
 
сега ке ви текни и дека погрешно било женското презиме да завршува на а, а машкото на и или ов.
паца петревска
панде петревски
не било модерно, требало да биди паца петревски оти така било на западот:facepalm:
абе господ да чува, што не ке им текни на луѓето.
каква си е таква си е, мене ми е најубава и не би му додал ни точка додатна а не пак буква или таму некој мек тврд знак.
ние можеме да си се рабереме, за другите многу ми е гајле.
ако лорд owen на македонски звучи овен и ако тоа му пречи нека се прекрсти. друго незнам што да му речам.
 
Да бе ова ГТА е па нови модови ќе клаваме. Глупо прашање ептен.
Да го види ова Златоуст тешко тебе.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom