OSHO

  • Креатор на темата Креатор на темата Storm5
  • Време на започнување Време на започнување
Види, ако го поврзеш ова видео .. со она претходното ... ќе видиш дека вика и алудира на тоа дека Бог за него нема, немало, ни ќе има ...
ако не верува како шо го преставуваат религиите тогаш неможе да биде друго освен Атеист ... едонставно е тоа ...
а патем де ти кажи ми шо подразбираш под атеист ..белким не мислиш дека е тоа страшно нешто :)
 
Абе атеист не верува у Бог , така?
А што е Бог ?
Така да атеист како поим треба да се прати во однос на тоа како е дефиниран односно што е Бог.
Затоа реков дека самиот збор атеист е глуп збор затоа што се однесува на нешто што не е дефинирано , не е у опсегот на нашите сетила а и логиката(разумот) не може ништо тука да направи.
Така да ти останува да го надминеш сето ова и да се воздигнеш над проблемот и ке видиш дека тоа што го бараш си уствари Ти (ова е мое размислување што не значи дека Бог(таа надсвест што ја зборевме) не постои у било која форма слична на онаа на која се повикуваат религиите, едноставно универзумов е преголем за да ние донесуваме заклучоци дали има или нема , едноставно тоа прашање е отворено и толку) .
Значи муабетот беше за Ошо , он вика дека има божественост има љубов(која произлегува од фактот дека сите сме ЕДНО) , и тоа ЕДНО е Бог.
Сега прашање е дали атеист верува(знае дека е) дел од ЕДНОТО и дали верува у божественост.
godliness - божественост .

--- надополнето ---

И дали атеистот верува во религиозност?
 
Osho, kako i sekoj mudrec e paradoxalen!
Или обратно, мудрец е зашто е парадоксален. Истиот ефект поради кој Јода е сметан за мудрец, иако не кажува ниту една паметна реченица во 6 проклети филма. Ошово е само добар трговец со муда за бубрези, впрочем како и сите источњаци кои разбрале дека западот штотуку ги открива мистериите на Индија и Бангладеш, и со контемплативна насмевка плаќа за упатување во тајните на њу ејџерската реклама.
 
Не верува атеист во религиозност (ако под религиозност подрабираш верување во некоја од Религиите кои ги познаваме)
Во божественост исто не верува (ако под божественост подразбираш обожување на Бог)
но во Спиритуалност може да верува ..

патем кажи ми како ти би го определил Ошо ... каде би го сместил, затоа шо не гледам дека тој самиот се произнесол некаде .. а кажал дека не е филозоф на пример .. шо мислиш ти ..
 
Ако атеист верува(знае за) спиритуалност и љубовта(ја има почуствувано) тогаш би рекол дека е Ошо атеист во глобала гледано.
Иако имам некој осет(во глобала гледано) дека под атеист се мисли за човек кој не знае за ништо друго освен информациите што ги добива од сетилата , е во дисбаланс(без интегритет) заради недостаток на интуиција и не си го осеќа срцето(ги потиснува емоциите) , едноставно кажано не ја осеќа магијата во животот .
Парадоксално ама заради тоа што го нема Бог нигде а во недостаток на магијата он целата енергија ја насочува контра Бог.
И неговото презиме е сега Безбог.
Целата енергија се претворила во омраза , а за тоа многу помогнала религијата со тврдења дека има пекол и слично.
Ошо не вика дека е атеист затоа што ја осетил магијата и она е сега "Бог" за него и нема потреба од зборување контра Бог освен на прашање
кога повеке е ориентиран на напагање на религиите одколку докажување на теза дали има Бог.
Ама да знаеш кога бил професор по филозофија има доживеано скоро нервен слом , сакал да се самоубие и слични работи.
Значи комплексно е прашањето кога станува збор за некој човек , да беше работата за мене многу полесно ке ти кажев ама еве отприлика нешто.
 
грешка си за ова ТОТАЛНА

под атеист се мисли за човек кој не знае за ништо друго освен информациите што ги добива од сетилата , е во дисбаланс(без интегритет) заради недостаток на интуиција и не си го осеќа срцето(ги потиснува емоциите) , едноставно кажано не ја осеќа магијата во животот .
Парадоксално ама заради тоа што го нема Бог нигде а во недостаток на магијата он целата енергија ја насочува контра Бог.
И неговото презиме е сега Безбог.
Целата енергија се претворила во омраза , а за тоа многу помогнала религијата со тврдења дека има пекол и слично.
 
Или обратно, мудрец е зашто е парадоксален. Истиот ефект поради кој Јода е сметан за мудрец, иако не кажува ниту една паметна реченица во 6 проклети филма. Ошово е само добар трговец со муда за бубрези, впрочем како и сите источњаци кои разбрале дека западот штотуку ги открива мистериите на Индија и Бангладеш, и со контемплативна насмевка плаќа за упатување во тајните на њу ејџерската реклама.
Ако си го простудирал добро и ова твое мислење е резултат на длабока анализа ок , ама да не е површно само пресудено од прва рака?
Инаку може да е така , мада тоа мене лично не ми е у фокус на интерес.

--- надополнето ---

грешка си за ова ТОТАЛНА
Кажи ми што е атеист тогаш според тебе?
 
Срам за филозофијата е оваа стара будала која има 90 Ролс-Ројс...па паа ни 50цент не му е рамен:vozbud::pos2:
 
Читајќи ги овие пасуси за новото квази-чудо на денешницата, се присетив на една мудра изрека:

- Следи ги оние кои што ја бараат вистината, бегај од оние кои што тврдат дека ја нашле.

И мислете малку во што верувате.:salut:
 
Прво пак да ти речам немој да мислиш дека атеист е полн со омраза бла бла ... и верник може да биде полн со омраза ... ова да го знаеш .... значи голема заблуда е да се етикетира Атеистот како некој „Лош чичко“ :)

Атеист како и Верник религиозен си има поделби
Верник има Христијански, Муслимански, Јудист итн итн
Атеистот исто така се дели на Слаб Атеизам, Јак Атеизам, Практичен, Теоретски итн ... дури е Будизмот спаѓа во подактегорија на атеистичко верување ..
 
Јас не реков дека ако си верник не значи дека не си полн со омраза .
Јас само кажав дека потребата да се етикетираш како атеист произлегува од "негде".
Еве ти само констатација , си го барал Бог? , не си го нашол . Што има сега ти да докажуваш дали го има (освен ако не си сигурен у твојата теорија) или ако не е заради трансформацијата на енергијата у омраза.
А Буда не бил Бог(и самиот рекол дека не е) така да и Будизмот треба да е атеистичко верување , но у реалноста не е така.
 
ама генерализираш и неточно поставуваш некои работи ...
сум го барал ... не сум го нашол ... и од каде дојде до тоа дека на некого му докажувам дека го нема па УШТЕ и дека ширам омраза кон нешто за кое и самиот велиш дека Не сум го нашол? значи според мене го нема .. тогаш чуму таа омраза кон кого? кон некој кој според мене не постои ? или едноставно не го сваќам како шо се пропагира?
пак да ти речам ... генерализираш ... можеби збориш за Нихилисти ...
и пак ... Атеисти има овакви и онакви ... и омраза и љубов ... и спиритуалисти и материјалисти ...
погрешна ти е генерализацијата ...
 
Па нема логика , не реков дека има , многу работи у нашиот мозок немаат логика па постојат.
Бараше мислење ти дадов , немора да значи дека е така .
А дека генерализирам точно е , инаку како да кажам за некого нешто кога не го познавам доволно.
 
абе мислење ок ... твое си е ...
јас само да ти укажам дека премногу генерализираш и дека погрешно си го сватил терминот Атеист :)
 
Јас си помислив да не те навредив некако , али ок тогаш.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom