Буда станал просветлен.
Одел од едно село во друго, а било многу жешко, било ле-
то. Поминал покрај брегот, брегот од реката бил наводе-
нет, песокот бил влажен и тој оставил отпечатоци со свои-
те стапалки.
Во тоа време еден голем астролог ги завршил своите
студии во Кашни, тврдина на хинду учењето и знаењето, и
сосема случајно токму тогаш се враќал дома. Ги завршил
студиите и станал совршен во предвидувањата. Додека се
враќал дома, ги здогледал отпечатоците од стапалките во
песокта - и не можел да поверува, зашто во неговите свети
книги се зборувало за отпечатоци од стапалки на голем
владетел кој владее со целиот свет. „Зошто еден цар, ча-
кравартин, кој владее со целиот свет, во еден вака жежок
ден би дошол во едно мало, сиромашно село? И зошто би
одел бос по песокта?". Во песокта ги имало сите знаци. За-
тоа помислил: „Или целото мое учење е погрешно "Б из-
гледа дека тој човек е некој просјак, а моето учење вели
дека е цар - затоа, или моето учење е погрешно, или ќе мо-
рам да го пронајдам тој човек. Можеби тој е цар кој пора-
ди некоја несреќа полудел и случајно поминал овде".
И така ги следел стапалките. Буда седел под некое др-
во. Дошол до Буда - и гледајќи го, бил збунет како нико-
гаш порано. Изгледал као цар, а бил просјак. Сето негово
битие било како цар. Таков цар се уште немало. Но, тој
бил просјак, во партали!".
И поради тоа го замолил: „Те молам, разјасни ми ја мо-
јата збунетост - ме збуни. Петнаесет години бев во Кашни,
потрошив петнаесет години од животот учејќи ја науката
за предвидувањата. И сега кога завршив и го положив ис-
питот, кога добив диплома, ти целосно ме збуни. Кажи ми
само едно: дали си просјак или си чакравартин, голем вла-
детел кој владее со целиот свет? - од твојот одговор зависи
сиот мој живот. Ако речеш дека си просјак, ќе ги фрлам во
река овие свети книги што ги носам со себе - тие се без-
вредни - и ќе си отидам дома, залудно сум го потрошил си-
от живот. Или ако си чакравартин, тогаш кажи ми го
тоа".
Буда ги отворил очите и рекол: „Твојата збунетост е
природна - но, случајно си дошол кај човекот кој е единст-
вен во десет илјади. За другите девет илјади деветстотини
деведесет и девет твоите свети книги би биле во право. Са-
мо за еден човек тие ќе бидат погрешни. Но, со тоа веќе
нема да се сретнеш, затоа немој да се грижиш и немој да ги
фрлаш во реката своите свети книги. Речиси е невозможно
повторно да сретнеш таков човек".
Астрологот прашал: „Во што е тајната? Како си станал
непредвидлив?".
—ѕ
Буда му одговорил: „На тој начин што сум внимателен.
Не ги правам повторно истите грешки, не ги повторувамистите шеми. Станав човек, веќе не сум машина. Не мо-
жеш да ме предвидиш, следниот момент е непознат - не са-
мо за тебе, туку и за мене. Целосно непознат. Никој не
знае што ќе се случи".
Свесното битие се движи од познатото кон непознато-
то. Несвесното битие се движи од познатото во познато -
се врти во круг. И затоа, прво што треба да разберете е
тоа дека вие сте повторување. Тоа ќе биде мошне вознеми-
рувачко за егото, зашто отсекогаш сте мислеле дека сте
многу оригинални. Вие не сте тоа - умот никогаш не е ори-
гинален, секогаш е просечен, зашто самата структура на
умот претставува акумулација на познатото. Умот не може
да го знае непознатото. Умот може да се движи во рамките
на кругот од познатото, може постојано да го повторува
она што го знае, но како може умот да го знае непознато-
то? Нема никакви можности за тоа.
За да се знае непознатото, мора да се отфрли умот - то-
гаш одеднаш ќе бидете среде непознатото. Целината е не-
позната. Се е непознато. Тогаш целината станува убавина.
Познатото е мртво, непознатото е живо. Врховно непозна-
то е она што религиозните луѓе го нарекуваат Господ. Под
врховно непознато го подразбирам следново: Што и да зна-
ете, ќе остане непознато, како и да знаете, ќе остане непо-
знато - тоа е несознателно. Продолжувате знаејќи. Постој-
ат три видови движења. Од познато кон познато, тоа е
умот. Од познато кон непознато, тоа е свеста. И од непоз-
нато кон непознато, тоа е натсвеста. Тогаш човекот стану-
ва светец - тогаш самиот човек станува Бог, кога се движи
од непознато во непознато. Тогаш тој сосема го отфрлил
умот. Тогаш нема минато, а кога не постои минатото, немани иднина. Постои само овој миг, токму овој миг. Се кул-
минира овде и сега. Овде-сега живее целината, во сета сво-
ја убавина и голотија, во својата целосна светост и севкуп-
ност.
Запомнете: Умот е повторувачки, умот е неоригина-
лен, умот е механичка работа, како компјутер. Мора да из-
лезете надвор од тоа. Ако не излезете, умот постојано ќе
ве разочарува.