leandra
Модератор
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.641
- Поени од реакции
- 38.565
не сакате да работите, пример ти, однапред редиш непостоечки плати и непостоечки услови.
плата од 350 евра, пријавен, неработни државни празници и платен одмор, осумчасовно работно време.
Сега ти будала не правиш нас или?

Ајде јас моето да го кажам,вакви услови кој ти ги наброја ги има една во 10 000 работни места во Македонија (груба цифра),може една и во 50 000.Јас не паметам,а работам од 18 години да сум имала 8 часовно време или времето плус да ми било платено.Не паметам некој да ми понудил 350 евра почетна плата.Де кажи каде нудат вакви услови и ние да се префрлиме,па не сме идиоти ние повеќе саати да работиме.Кажи една фирма и уште утре аплицирам таму?!
Ти сто марки прва плата,јас 2 000 денари со 10 часа работно време,кога ги земав парите ми се одмили животот.Да ти кажам и дел од моето искуство,летоска добив понуда во приватна фирма да работам мултитаскинг (администрација,комерција,прибирање странски донатори,тендерска документација и организација на настани) знаеш колку беше платата? 4 000 денари во Скопје! Тоа што се изнасмеав значеше дека пребирам или дека човекот е луд? Дали знаеш колку луди приватњаци има низ земјава?
Скопје да го тргнам настрана...ако ти во Велес најдеш 0,1% со плата поголема од 8 000 денари јас те частам скара.