Страв од стареење...

  • Креатор на темата Креатор на темата PrincezZ
  • Време на започнување Време на започнување
Финтата е треба да го прифатиш стареењето како такво уште од најмлада возраст. Обично оние личности кои многу рано загубиле некоја блиска личност, позрело размислуваат за иднината.
Еве и јас моментално сакам да имам 17 години, да сум у средно училиште, да немам никакви грижи, али јас сум помирен дека тие времиња нема да се вратат. Знам дека во иднина ќе продолжи да ми паѓа косата, ќе имам брчки на лицето, здравјето нема да ми биде подобро се секој поминат ден итн... Не се плашам од староста, едино што ме "нервира" е што времето навистина брзо лета, еве како вчера да беше 2010 година, а од нејзе изминале веќе 10 години. Тука ќе си ја кажам и онаа мисла од Викенд на Мртовци "Сите ќе умрете, некој после некој сега, нико не живее вечно..." :)

Него девојчево што ја отворило темава сега би требало да има 31 година, живо ме интересира што мисли сега после 10 години :icon_mrgr:. Штета што не е активна долго време на форумов.

Нема тука никаква финта душо моја, самиот страв од стареење е еден израз на човечки бунт врз една состојба на која неможе да има контрола, колку и да се обидува да ја заузди..и да не е таа воља да ја промениме состојбата на стареењето, обидот да ја контролираме природата што ни наметнала, тогаш ќе бевме лишени од сите медицински и технолошки достигнувања.
Па..мислам дека не треба да се лажеме, нели, оти кога сите би имале можност да бираме, никој не би одлучил да одбере да побели во косата, да се збрчка, да ја изгуби подвижноста и еластичноста.
 
Па..мислам дека не треба да се лажеме, нели, оти кога сите би имале можност да бираме, никој не би одлучил да одбере да побели во косата, да се збрчка, да ја изгуби подвижноста и еластичноста.

Фала богу, али кога веќе неможеш да ги контролираш тие работи, не ти преостанува ништо освен тоа со време да се помириш . Џабе ти се секакви пластични операции, креми против стареење, курци-палци за убавина... на крај гробот ќе е ист за секого, нема бегање од тоа.
Какошто пишав, јас имам изгубено блиска личност уште на млади години, како дете, и од тогаш размислувам поинаку на иднината, не се потресувам на тие ситници за паѓање коса, брчки, губење на подвижноста и еластичноста, обични ситници кој поминува секој еден човек на земјава.
 
Море, при стареењето не се важни бојата на косата и брчките! Важно е како ќе ти работи панкреасот, срцето, бубрезите, жолчката! Да не зборам кај мажите простата а кај жените штитната и ....
Така да доаѓа момент кога сакаш ништо да не те боли, а како ќе изгледаш веќе и не е така страшно.
Е сега ова е од машка гледна точка, жените се друга димензија!
 
Ништо страшно, можете, вие што имате вакви стравови, да ја смените перспективата, и да гледате како на процес кој се движи кон целосно спасување. Веднаш ќе ви олесни, и ќе ви биде се полесно со секој нареден здив.
У меѓувреме гледајте да живеете.
 
...тик так тик так...биолошкиот часовник работи!
 
[QUOTE="bijons, post: 10271352,

...тик так тик так...биолошкиот часовник работи!
[/QUOTE]

Така е душо, но работи се побрзо и побрзо, лета.
Секој ден нешто ново те боли, нешто откажува:(
Страв ме фаќа од самата помисла да не паднам во постела, кој ќе ме гледа, каков живот ке биде тоа?
Оваа држава не планира да гради старски државни домови, а приватниве се изгор скапи, нема поевтин дом од 700 евра...пензијата моја нема да биде толкава, а не би сакала да бидам товар на децата.:(

Страв ме фаќа...џабе ми велат да не мислам на такви работи:place::place:
 
...болката не значи старост, откажувањето на нештото не значи старост туку начин на исхрана и живеење т.е. дисциплина и почитување на животни правила за опстанок, инаку што живот би бил тој во старски дом, исто како да лижеш даден сладолед преку стакло, инаку да се доживее старост е привилегија што ја нема баш секоја личност, така да не се плаши од староста!
 
Последно уредено:
Како ме нервира што почна сега на 48 год. да ми се појавува по некое бело влакно..барем до 50 да издржеше друго ќе беше..А мајсторски се одржавам пијам,пушам,јадам што стигнам,не вежбам по теретани и работам све контра од онаа што ми го промовираат по медиуми..некаде грешам..
 
Битно е човек да е здрав.Здравјето е круна која ја ностат здравите,а ја гледаат само болните.
 
Битно е човек да е здрав.Здравјето е круна која ја ностат здравите,а ја гледаат само болните.
Цело време во оној посерен социјализам ги учеа луѓето-Во здраво тело здрав дух..а муабетот е обратен -Здрав дух здраво тело..Ако духот ти е сјебан очекувај процеси кои ќе ти го разорат телото кај и да е..
 
Мојот страв од стареење отиде по ѓаволите кога почнав покоен тате да го носам по болници и кога се изнагледав меѓу други работи како млади стројни и дел од нив преубави луѓе намерно и свесно паднале во челустите на пропаѓањето. Буквално видов намерна, постепено предизвикана смрт во очи на 20 годишна капка од девојче. Секое бело влакно и брчка би ги дочекала со радост особено ако даде Господ добро здравје отколку така да венеам пред време.

Мое мислење е дека што сѐ има при добро или задоволително здравје, да кукаме оти старееме е неблагодарно .

Ако си продуктивен и ведар, стареењето е убаво и исполнувачко искуство. Пример наставник што дочекува свадба на ученик, или вработен пред пензија кога ќе му спремат колаж времеплов. Животот е убава работа, подарок, за којшто треба да имаш малку среќа како основа за другото да си надоградиш сам.
 
Цело време во оној посерен социјализам ги учеа луѓето-Во здраво тело здрав дух..а муабетот е обратен -Здрав дух здраво тело..Ако духот ти е сјебан очекувај процеси кои ќе ти го разорат телото кај и да е..
Стресот е најголем убиец.Имам приметено љугето шо имаат помалку емоции,се посаможивни,не клаваат ништо на срце,живеат подолго и поздраво.Жалосно ама вистинито.Тука голема улога има и храната.Исто така ако телото ти е нападнато од болест тешко да го одржиш здравиот дух.
 
Така е душо, но работи се побрзо и побрзо, лета.
Секој ден нешто ново те боли, нешто откажува:(
Страв ме фаќа од самата помисла да не паднам во постела, кој ќе ме гледа, каков живот ке биде тоа?
Оваа држава не планира да гради старски државни домови, а приватниве се изгор скапи, нема поевтин дом од 700 евра...пензијата моја нема да биде толкава, а не би сакала да бидам товар на децата.:(

Страв ме фаќа...џабе ми велат да не мислам на такви работи:place::place:
Zato gledaj na noga da si umris, od srce ili mozocen udar :toe: . Onaka ke spretas nekoja sekunda i tolku, ke te najdat zdrvena po nekoe vreme ;).
Poraboti na slucajot, ne ostavaj se na sudbinata da ne ispadni da zivejs 120 godini od koj 40 ko fikus vo peleni.
 
Abe ne si normalen:pos:
Ti rabotis li na slucajot?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom