Аналите од Коста Попоски Жунгулоски

  • Креатор на темата Креатор на темата Homer MakeDonski
  • Време на започнување Време на започнување
Аз-буки и Табернакул книжарниците би требало веке да ја имет во продажба
 
Garfield напиша:
Како може да се здобијам со примерок?

земаш една терезија, тураш ќитапо на една страна, на другата редиш ред златници, ред сребрени париња, и ко ќе покажит тамам терезијата, твоја е уката :)

иначе, се надевам Хомер ќе не просветли со мали совети за големо задоволство :)

пу пу не важи, ме превари (на Македонски значи „беше побрз од мене”, да не ме свати некој погрешно)
 
А бе, не сум таму да ја купам, тоа ми е маката. да ми ја земе некој ,д а не искупат се и да нема кога ќе дојдам. Плаќам посекако веднаш штом пристигнам таму.
 
Homer, dali knigata na Kosta e iskocena sega?? Znaes nesto poveke za nego i sto pisuval??
 
Книгата е печатена минатата 2005 год. во печатницата Европа 92 од Кочани и е во издание на АЗ-БУКИ,Скопје
Едиција: ЕОНИ
Уредник:
Лазар Фотев
Рецензенти:
проф.д-р. Михајло Миноски
проф.д-р.Ванче Стојчев
д-р.Васил Тоциновски

Има и сосем мал дел преведен на англиски јазик од: Слободан Поповски-Боби

Годинава е пуштена во продажба и може да се најде во сите поголеми книжарници,по цена од околу 900 ден.
За авторот Петар Поповски на корицата се дадени скромни податоци кои можеа да се прочитат и во дневниот печат :
Роден 1931 во с.Лазарополе,Дебарско во македонскиот старински род Жунгуловци,се занимава со публицистика и научна дејност.Основно образование во родното село,гимназија во Битола и Скопје, филозофски факултет отсек Југословенска книжевност. Докторира на темата Етногенезата на Албанците (Планинските Шкоти,Тоските) и Гего -Мирдитите (Курдо-Арнаутите) нивните генетски, јазички, етнолошки и анатомско-антрополошки особености.

Извесно време работел како новинар во НИП “Наша Книга“,а соработувал и со “Нова Македонија’’, “Вечер“, белградските “Борба’ и “Привредни Преглед’’, го има уредено “Првиот телевизиски дневник’’ во декември 1968 год. Потоа дваесет год бил уредник на Дневникот и на сите информативни емисии на Телевизијата, потоа главен и одговорен уредник на Информативната Програма на МТВ и заменик на директорот. Приготвувал прилози,документарни и специјални емисии, а и коментирал од областа на општестевено-политичкиот живот за најактуелните прашања од земјата и светот. Одликуван со Орденот за заслуги на народот. Со ексклузивни натписи и фељтони за историјата на македонскиот народ, плод на неговите научни истражувања, често пати се јавува во дневниот и периодичниот печат.

Добитник на новинарските признанија “Крсте Мисирков’’ и “Мито Хаџибасилев Јасмин’’
..........................................................................................................................
..........................................................................................................................


Ова што го го читам деновиве во неговата книга е тотално посветување на Македонците на просторите на она што денес се нарекува со името Албанија. Логички, со факти, метеријали, историски документи, сведоштва, песни, записи, преписи, артефакти и тешко дека било кој ќе може да го оспори. Оние членови на МАНУ како Тодор Чепреганов, Гане Тодоровски и како беше оној третиот, можат само да блејат преку дневиот печат, на тој начин наговестувајќи си го своето место во бачилата на Гегите и ништо повеќе.
 
”Арванија е мала област која античките народи ја нарекувале македонија,т.е таа е дел од Македонија,бидејќи Македонија опфаќала многу земји и области кои биле населени со Македонци. Областа Арванија ја населувало словенско население од древните Пелазги-Мионите, денес познати под името Мијаци,Водносно Мизијци: Таа област денес го носи името Матија (Emathia) првобитното име на Македонија, но и долна Мизија ...!’’

(Цитат од еден анонимен пишан документ ,од 1614 год., кој денес се чува во Ракописниот оддел на ЈАЗУ,во Загреб,под бр.773).
 
Општествено политичките прилики во Матија (Emathia)(денешна Албанија) во XIV и XV век
Во праисториската епоха и подоцна ,во раниот среден век, територијата на некогашна Превалитана и Нови Епир,позната и како Долна Мизија ,денес Албанија, во еден подолг временски период била составен дел на Македонија 1.За тоа сведочат многу пишпани извори и картографски дела .Во Cosmografijata на Plinij-Ptolomej од II век од н.е.,каде на многу сликовит начин е претставен територијалниот распоред на одделните провинции и држави на Балканскиот Полуостров ,гледаме дека на север над градот Скадар, граничната линија на Македонија допирала до провинцијата Далмација. Во одделни период таа се поместувала де по на север де по на југ во зависност од историските услови и околности,меѓутоа при сите тие промени,територијата на денешна Албанија скоро секогаш останувала во рамките на Македонија.
---------------------------------------------------------------
---------------------------------------------------------------

Се работи за картата што е поставена и на линков(-заб.)
http://www.unet.com.mk/ancient-macedonians-part2/images/17.gif

----------------------------------------------------------------
----------------------------------------------------------------

Анализата на епиграфските, наративните и материјалните извори говорат дека до пред 1912 год., кога на ”вештачки начин’’ била ”склепана’’ албанската држава 2,територијата на денешна Албанија никогаш не претставувала засебна, независна,организирана државно правна, административна и политичка заедница 3.

Делови од таа територија во зависност од географските, но, и од политичките услови влегувале во составот на оделни провинции и административни единици и заедници кои се формирале внатре или надвор од таа територија.

1.Fulvio Cordignano,Castasto Veneto di Scutari e Registrum Conces sionum,I,Tolmazce,1944,10-57.
Vidi i : Simo Ljubić,Marijana Balice kotoranina opis Sanđakata Skadarskoga od godine 1416, во "Starine",god.XII,Zagreb,1880,164-205 и : Александар Матковски,Отпорот во Македонија (2),Скопје,1983,155.

2.W.Peacock ,Albania:The foundling State of Europe,New York 1914,206-207.Види и D-r Grgur Jakšić,Albania,u "Temps"(Paris),3 jan.1913;Јован Н.Томић,О Арнаутима у Старој Србији и Санџаку,Београд,1913,3 и: Стојче Наумов, Албанците го откриваат Њутновиот закон на гравитацијата, во "Македонско Дело"(Скопје),17 јуни 1988,20.

3.Советскаја историческаја енциклопедија,(1),Москва ,1961,334-335.vidi i Г.Л.АРШ,И.Г.Сенкевич и Н.Д.Смирнова,Краткаја историја Албании,Москва 1965,7-17;ВикентІја Макушевь,ИсторическІја расказанІја о Славјанахь в ь АлбанІи в ь среднІе вћка,Варшава ,1871,1-4;Спиридон Гопчевић,Стара Србија и Македонија,део први,Београд,1890,208-209 и: Ангель Диневь,Македонскитћ Славјани,Софија,1938,33.
 
со „површна„ анализа на денешниот Албански Јазик, пред години (во времето на моите гимназијалски денови) приметив дека „тие” користат многу исти или слични зборови ко и „ние”, а и фолклорот и многу други работи ни се многу многу многу слични...
(Домаќин, Пара/Паре и многу зборови, ама не е то темата...)

На почетокот бев „уверен” дека станува збор за „наследство” од отоманското владеење, дека ни остаиле и „нас” и „ним” исти зборови, традиции...

Меѓутоа, со времето и процесот на едукација и размислување, почна да ми станува јасно дека тука некој некого ебе во здрав мозок, или помалку вулгарно изразено - некој некого лаже.

кога Арбанесите биле донесени од Турците на територијата на Македонија, најголем дел од нив се населил поконцентрирано во северо-западниот дел на ДЕНЕШНА Република Албанија. Меѓутоа, колку Арбанеси се населиле? колку стотици илјади или милиони Арбанеси дошле, па да ги истиснат староседелците?(Македонците)

Моите мисли одат вака некако: нема Албанци, нема Срби, нема Бугари (денешни... оние татарите пред илјада и кусур години биле исклани и испоцркале низ балканите, преживеаните остаиле некоја жичка крв, колку да имаат дел од Бугарките денес коси очи :)

нема ни Хрвати, ни Словенци, за Босанците да не прајме ич муабет...

Нема ни Македонци ни Македончиња!

има еден народ, кој илјадници години е лажен и мачен. од балканот, до балтикот, една Античка Цивилизација, наверојатно лулката (или ако не лулка, тогаш најмалку близнак) на другите две, Африканската и Јужно-Американската.

И има еден друг народ, кој кога видел дека воено не може да ги порази „од бога поставените пазачи на човештвото”, односно Македоните, сменал стратегија во „раздели па владеј”

Историските настани кои можат да се докажат денес, наведуваат на помисла дека една групација на луѓе, наместо воено, економски и политички го покори светот.

Полека и постепено, со миграции и внимателно испланирани потези, се ширеше ко метастаза низ светов, веќе повеќе од 2300 години...

А ние, од Македони, станавме С(к)лави

А вие? Вие како сакате, јас сакам да си верувам во приказнава... нешо во градиве ми вели дека е вистината...

и да се вратиме на книгата... ја сакам книгата, да видам шо мисли чичко Коста :)

можи не е толку забеган колку мене, ама можи и тој дошол до некои слични заклучоци...

пишав некаде, не постои физиономска разлика меѓу Албанци, Македонци, Срби, поголемиот дел Бугари и другите Балканци...

ама, ко шо пиша еден чичко Глигор... „да се мразат син со татка, и со брата брат...”

зато толку многу се мразиме, зато шо сме еден народ, една крв...
оти не ги мразиме кинезите?

пи ес:

да не бидам погрешно сватен, затоа шо некои милуваат да вадат зборови и мисли од контекст...

Сигурно дека има и Македонци, и Срби, и хрвати, и Бугари...

ама гледано без наочарите на „официјалната историја” (читај - политика) , многу појасни стануваат и бладањата на србите за „србија до токија”. и бугарските небулози дека се на светот е „б`лгарско”, и хрватските и ним сродните им албански „илиричари”, кои се гледатт себеси како староседелци на Балканот...

вицот е шо сите имаат право... до некаде :)

и за крај, земно, материјално... 900 денари не се многу пари, ако е сериозен труд, а како таков ми се чини, од впечатоците шо Хомер успеа да ги долови со одбраните извадоци.

Ти благодарам од сесрце Хомере

поздрав
 
Поздрав Сердаре, како и секоја и оваа книга има свои мани. Она што како на прво исчитување (во поглавјата за животот и делото на Георгија Кастриот) го воочувам е повторувањето на исти делови од приказната.

Доброто во тоа е што со секое ново повторување се внесуваат повеќе детали одошто претходниот пат и се даваат погледите и прибелешките од подруги страни, па ми се чини дека од тој аспекс малку е несредено. Но и се прашувам каков пристап и би можел да има во поставувањето на самата концепција на пишувањето, кога за иста случка треба да се изнесат документи со сведоштвата кои ги носат, и тоа документи и од различни времиња и различни автори.

Би се рекло дека пролемот не е во повторувањето ами во мноштвото на сведоштва за еден ист настан.Така да колку е и тоа недостаток

А околу еповите чоек да се подзамисли за улогата на Крали Марко и неговата опеаност меѓу народот. Некаде порано на еден друг форум Крали Марко сум го спомнал во контекст на првиот исламизиран Македонец, додека ова со вториов Алесандар Кнез и Крал кој остварувал победи во период од 25 год над Отоманите и ниту еден ден подаништво....
 
мхм, сум размислувал многу пати за постапките на одредени Македонски истакнати дејци во минатото...

Hе би ги правдал сите нив, и нивните дела... меѓутоа, секој од нас треба да се обиде да свати некои работи... ете , секој од нас нека се замисли за момент дека е Крал на Македонија... или некаква си држава... или мајка, татко, родител (многумина не мора да се замислуваат. :)

И тогаш иди една ламја, и ти дава избор, или ќе прежали мајка најмалото сине, или ќе ги јаде ламјата сите...

Така да, не знам шо да мислам за некои од постапките на Марко, Скендербег, некои од Илинденците, некои од партизаните... не можам да разберам зошто постапиле така како шо постапиле во дадениот момент...

Cе шо можам конструктивно, сега засега да направам, е од анализи со „ладен” мозок да извлечам поука, за грешките да не се повторуваат во недоглед...

повеќе од тоа, мислам дека никој од нас не може... во овие услови...
 
КОСТА поп ТЕОФИЛОВ ПОПОСКИ ЖУНГУЛОСКИ (1878-1940)

Тој е познат, меѓу другото, како мошне плоден и висококвалитетен објективен хроничар на своето време. Записите што тој ги оставил го афирмираат како најоргигинален летописец од карајот на XIX и почетокот XX век. Своите белешки ги создавал во време кога антимакедонските пропаганди на соседите воделе силна и бескруполозна борба за освојување на нашите духовни, просветни и културни простори. За енергично и конкретно спротиставување на овие асимилаторски тенденции и заграбувања, тој бил изложен на рановиди прогони и омаловажувања од носителите на овие антимакедонски пропаганди и активности.

Роден е во 1878 година во Лазорополе. Мораме да напоменеме дека на селските гробишта во Лазорополе, каде што е закопан, како година на негово раѓање се наоѓа 1876. Син е на архимандритот аџи Теофил Аврамов Жунгулоски додека мајка му се викала Цвета. Останува сирак на шестгодишна возраст, заедно со брат му Аврам и сестра му Ќира, откако мајка му починала во 1881 година, а татко му бил ѕверски убиен на Илинден 1884 година. Грижата за него ја презел стрико му Јосиф Жунгулоски.

Првичното описменување го добил во селското училиште, а имал завршено и два класа гимназија во Софија. Успевајќи да се исшколува станал учител. Учителствувал во родното Лазорополе во учебната 1896/97, во 1897 година работел како учител во манастирот Свети Јован Владимир во Коњух (Елбасан), а потоа бил учител во манастирот Св. Пречиста 1900/01, за повторно да биде учител во Лазорополе од 1901 до 1904 година.

Автор е на ракописната книга “Летописни белешки“, во која што забележувал разни преписи на стари црковни записи, кои ги собирал од стари цркви и други документи до коишто успевал да дојде, воедно овие “Летописни белешки“ содржеле и бројни податоци за родот Жунгуловци (родословното дрво Жунгулоско), за архимандритот Теофил, како и за сопствените животни премрежија.Кога во Лазарополе било формирано раководно тело на селото, задолжено да одржува контакти со револуционерната организација, тој како учител во селото зел учество во тоа раководно тело, во кое покрај него се наоѓале уште и Ѓорѓе Јосифоски, Димо Ажиески, Митре Ѓиноски и Исаија Велов Палчески.

Името на Коста Попоски во мај 1903 година се среќава како командант на Горскиот штаб на оружените востанички чети од Малореканскиот крај. Долги години минал во српските и бугарските затвори, бил прогонуван и измачуван. Во 1909 година тој бил избран за главатар на селото со помош на Кокалевците и најверојатно оваа функција ја извршувал до почетокот на Балканските војни 1912 година. Во 1912 година, (со воспоставувањето на новата власт) српската полиција извршила упат во неговата куќа во Лазорополе при што запалила бројни вредни ракописи и документација грижливо собирана од неговиот татко архимандрит Теофил...

Коста Теофилов Попоски според еден стар ракопис, што се чувал како семејна реликвија, го изработил родословното стебло на Жунгуловците од крајот на 17 век до средината на 20 век. Во Лазорополе овој цртеж е познат како Родословие Жунгулоско или Родословно дрво Жунгулоско. Изработката на ова родословие започнала во 1929, а била завршена на 1 јануари 1930 година, а тоа и понатаму било дополнувано.

Се женел три пати и тоа со Маса (ум.1919), Евгена (ум.1928) и со Перса (1934) а зад себе ги оставил наследниците, синовите Теофил, Нестор, Аврам, Ѓино и најмалиот Петар; како и ќерките: Цвета, Ивана, Ивка, Донка, Риста, Благуна, Љуба (донесена од четвртата жена) и Савка.

Починал во 1940 година, во Лазорополе, каде што е и погребан на селските гробишта.



http://lazaropolee.blogspot.com/2009/01/blog-post_7842.html


Хомере, ќе има ли извадоци од книгата?
 
Мисирков,

Животот ме научи да не давам ветувања,кои што не сум во прилика да ги исполнам. Таквото нешто во најмала рака е непријатно, за мене, пред мене, пред сите.

Книгата за Летописните Белешки, досега не сум чул дека е излезена од печат или дека е во продажба. Доколку е отпечатена сигурно е дека ќе ја купам.

Поздр,
 
”Арванија е мала област која античките народи ја нарекувале македонија,т.е таа е дел од Македонија,бидејќи Македонија опфаќала многу земји и области кои биле населени со Македонци. Областа Арванија ја населувало словенско население од древните Пелазги-Мионите, денес познати под името Мијаци,Водносно Мизијци: Таа област денес го носи името Матија (Emathia) првобитното име на Македонија, но и долна Мизија ...!’’

(Цитат од еден анонимен пишан документ ,од 1614 год., кој денес се чува во Ракописниот оддел на ЈАЗУ,во Загреб,под бр.773).


Цитатот е од книгата на Др. Попоски?

Треба дефинитивно да се направи снимка на оригиналот.

Еве нешто од "Македонско сонце" за родословното дрво:

http://www.makedonskosonce.com/broevis/2006/sonce649.pdf/12_13_steblo.pdf
 
Родословно дрво, од Коста Жунгуле, фалсификувани песни, од Коста Жунгуле, наративни (прикаски) од Коста Жунгуле, имињата Барди, Мали, Лули од Млечанските пописи, како Македонски, Андреа Качич Миочич ги собирал песните од Српскиот народ некогаш (едно 200-стотини години пред Жунгуле), каде цело време се зборува Арбанаси и Арванаси, а нема Македонци, пак на крај Жунгуле.

Учете од прави документи и извори, а не од фалсификувани.

Башка кај му се Дечанските листови на Поповски? Како не му е срам во самата книга да каже дека "НА ОВА МЕСТО НЕМА ДА ГИ ИСКОРИСТИМЕ"... А кај ќе ги искористи, кај таткому дома? Ќе треба да залепи слики на Курдо-Арнаути, фрески на бели кечиња на диви арнаути, затоа.

--- надополнето ---

”Арванија е мала област која античките народи ја нарекувале македонија,т.е таа е дел од Македонија,бидејќи Македонија опфаќала многу земји и области кои биле населени со Македонци. Областа Арванија ја населувало словенско население од древните Пелазги-Мионите, денес познати под името Мијаци,Водносно Мизијци: Таа област денес го носи името Матија (Emathia) првобитното име на Македонија, но и долна Мизија ...!’’

(Цитат од еден анонимен пишан документ ,од 1614 год., кој денес се чува во Ракописниот оддел на ЈАЗУ,во Загреб,под бр.773).

Ова ич не ти е точно, фалсификат, нормално својствено за Поповски. Една година и пол, кај шо сум го проучил тој сељак, и овој документ нема врска со оригиналниот, кој е овој:

1570 година

The country of Albania is that which ancient authors called Macedonia, i.e. only a part of Macedonia since the latter contains many lands and regions which are not Albanian. Albania itself is the part which has the Adriatic Sea as its western border. The said land of Albania extends from the north southwards from between the towns of Antivari (Bar) and Dulcigno (Ulcinj), settlements which are a mere fifteen miles apart. As such, Bar constitutes the end of Dalmatia and Ulcinj the beginning of Albania. The peoples there differ in their languages, since from Bar up to Istria they speak the Slavic language, whereas from Ulcinj down to Vallona (Vlora) and the region thereof, they also speak the Greek language.

http://albanianhistory.net/texts16-18/AH1570.html

Лошо го превел фалсификаторот, поради тоа што секаде каде што чита Арбани-Арвани ги преведува како Македонци, фејк работа.
А дека не зборале ист јазик и дека воопшто не ни биле исти, постари документи зборуваат за тоа:

1308 година

Should anyone preach the word of God to them, they would pretend to be true Catholics for it is reported that by nature they have a liking for the Latins. The aforementioned Albanians have a language which is distinct from that of the Latins, Greeks and Slavs such that in no way can they communicate with other peoples. This is enough on Albania.

http://albanianhistory.net/texts15/AH1308.html

Зато ви се моља, да не мешате вакви глупости, од цели генерации фалсификатори како Поповски-Жунгулевски, оти срамота е. :)
 
Treba da te potsetam deka i Albanskiot kako i Slavjanskiot e satem jazik. Toa ovie glupi naucnici ne go zemaat vo predvid i najprostiot ke razbere deka Albanskiot mit za nekakva konekcija so Iliri e plod na naucna fantastika izdadena od nadvoresni krugovi.

Albanskiot e JASNO i glasno Satem jazik i toj argument ne smee da se otfrli. Satemizacijata znaci deka predcite na Albancite ili onie lingvisticnite (koi mu dadoa jazik, da se izrazam) dojdoa od Sever. Toa e edinstvenoto mozno objasnuvanje, ne postoi nitu edno drugo. Ako bese poinaku, Albanskiot jazik do den denes ke bese kentum i malku od malku ke imase etnicko-lingvisticki-toponimski kontinuitet. Toj kontinuitet za zal sega - go nema.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom