Македонска Славинија-Крал Хацон и Крал Пребонд

  • Креатор на темата Креатор на темата MetalGs
  • Време на започнување Време на започнување
Zlatarski-Macedonian-Sclavinia-1925_zpsd8555b96.jpg

V. N. Zlatarski "The Making of the Bulgarian Nation", The Slavonic Review. Vol. 4, No. 11, 1925, p. 367

Превод:
"Првиот Император од новата линија, Лав Трети (717-741) којшто го избегна прекршувањето на договорот од 716 г. само заради што мораше да се справи со по опасни противници, спроведе серија важни мерки во однос на Македонските Словени. Заедно со ширењето на христијанството помеѓу Словените, за коешто Константинопол имаше големи надежи како ефективно средство за потчинување, Лав Трети се обиде од една страна да ги придобие кон себе со донесувањето на неговиот законик, познат како "Агрономија", словенските племенски обичаи--слободно заедничко сопствеништво на земја заедно со мали приватни поседи наместо предходното општо земјопоседништво и селско подаништво--а од друга страна, прибегнуваше кон принуда со цел да ги задржи да останат верни поданици на Империјата, особено кога правеа обиди--спореди го тој на Ринхинскиот принц Пребонд -- да се здобијат со национална независност."

:rolleyes:

Треба ли нешто да се додаде?

Само ова за да не се заборави:

И сега треба ли да потсетам кој бил КОМИТА НИКОЛА и кои биле неговите синови КОМИТОПУЛИ, од кои Цар станал Самоил?

Еми тие де што успеале да го направат тоа што предходно тргнал да го прави Пребонд. ;)

Ако до вчера не чинеше Острогорски:

Ostrogorsky_Byzantium_and_the_South_Slavs_p9.jpg

George Ostrogorsky "Byzantium and the South Slavs", The Slavonic and East European Review, Vol. 42, No. 98, p. 9

Превод:
"Сосема нова ситуација се појави после анексијата на Бугарија од страна на Јован Цимиски во 971 г., што следуваше после востанието на Комитопулите и формирањето во Македонија на нова империја на чело со Самоил, којашто ги обедини скоро сите Јужни Словени наспроти византиската империја. Херојскиот еп на оваа империја е добро познат. После оддолжена и напорна борба Византија излезе победничка со една од најголемите победи во нејзината историја. Со уништувањето на Самоиловата империја, за прв пат после словенските инвазии, Византија го возобнови своето владеење врз сите Балкански земји од бреговите на реките Сава и Дунав до најјужната точка во Грција."


Ostrogorsky_Byzantium_and_the_South_Slavs_p13.jpg

George Ostrogorsky "Byzantium and the South Slavs", The Slavonic and East European Review, Vol. 42, No. 98, p. 13

Превод:
"Овој преглед покажа колку различни и посебни биле односите помеѓу Византија и различните јужно словенски земји и народи. Интензитетот и природата на овие односи зависеле од многу различни фактори. Влијанието на Византија било особено интензивно во оние земји што биле под византиско владеење во подолги периоди и биле вклучени како провинции во византиската империја како на пример Бугарија и особено Македонија. Македонија беше всушност каналот преку кој се ширеше и напливаше византиското културно и политичко влијание во соседните словенски земји. Во поголемиот дел на средновековната--исто како и во поновата--историја Македонија била владеена од една од соседните земји. Со исклучок на херојскиот период на Самоиловата империја, таа немала шанса да изгради свои сопствени државни институции. Но значењето на оваа централна балканска територија во историскиот развој на балканскиот полуостров е извонредно големо. Таа била постојано присвојувана од сите нејзини посилни и поорганизирани соседи и, како по правило, хегемонијата на Балканот била концентрирана во рацете на таа балканска држава што ја држела Македонија во одреденото време."


Ете кај лежи бугарскиот проблем со Острогорски.
Не за џабе фрлаат дрва и камења против него и пробуваат да го омаловажат и деградираат.

Арно ама и покрај дигањето голема прашина, Острогорски останува еден од светски најпочитуваните византолози и неговите дела до ден денешен се читаат и цитираат.
;)

Од денеска не чини ни Златарски.

За греота е птичкава... а така самоуверено тргна на темава, е арно ама = ТОНЧ!

:свиркам:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom