- "Македонската Склавинија" или "Склавинии" се многу пати покажани на многу теми овде, и Братот погоре има еден
доста детален пост за ова.
А и јас многу пати сум го покажал оригиналот на Теофан, ама еве ајде пак специјално за дежурниот бугарски трол
- Инсинуацијата за авторите на изваденото од "Историја на македонскиот народ", си останува само тоа = блгарска ИНСИНУАЦИЈА.
Во исечокот јасно се кажува КАДЕ (во Солун) се шетал Пребонд кога заради сомнеж дека нешто спрема, бил фатен и во пранги однесен во Константинопол, па од таму бегал кај што бегал, итн.
И истото си го пишува и кај Златарски, арно ама блгарските тролови имаат потреба да сокријат што им беше поставено на оваа страна, па решија малку да заташкаат со спамирање глупости и ЛАЖЕЊЕ дека некој ги бришел.
- Датирањето на Златарски за случувањата со Пребонд и нападот на Солун е ПОГРЕШНО.
Кој мисли спротивно треба да достави потврда за таквото тврдење од друг сериозен византолог објaвено во научна литература.
Чисто информативно, со упорното држење до ова ПОГРЕШНО датирање бугарскиот дежурен трол Каснакоски си дава автогол, ама уште не му текнало зашто и како.
Инаку истиот Златарски и подоцна од издавањето на книгата во 1918 г. од каде што чита ама не дочитува касникоскениов, и од која
јас погоре покажав што била целта и на Пребонд и на нападот на Солун (а од што сака да избега Касникоска), во една своја статија објавена во 1925 г. ја повторил истава теза за подоцнежното датирање на овие настани, и таму запишал вака:
V. N. Zlatarski "The Making of the Bulgarian Nation",
The Slavonic Review. Vol. 4, No. 11, 1925, p. 367
Превод:
"Првиот Император од новата линија, Лав Трети (717-741) којшто го избегна прекршувањето на договорот од 716 г. само заради што мораше да се справи со по опасни противници, спроведе серија важни мерки во однос на Македонските Словени. Заедно со ширењето на христијанството помеѓу Словените, за коешто Константинопол имаше големи надежи како ефективно средство за потчинување, Лав Трети се обиде од една страна да ги придобие кон себе со донесувањето на неговиот законик, познат како "Агрономија", словенските племенски обичаи--слободно заедничко сопствеништво на земја заедно со мали приватни поседи наместо предходното општо земјопоседништво и селско подаништво--а од друга страна, прибегнуваше кон принуда со цел да ги задржи да останат верни поданици на Империјата, особено
кога правеа обиди--спореди го тој на Ринхинскиот принц Пребонд--да се здобијат со национална независност."
И ако ова не е доволно за да престане бугарската ментална дијареа овде, еве да покажам што запишал Златарски на предходната страна од истава статија.
V. N. Zlatarski "The Making of the Bulgarian Nation",
The Slavonic Review. Vol. 4, No. 11, 1925, p. 366
Превод:
"Новата држава, којашто за свој главен град го имаше логорот на својот прв суверен кај Плиска, модерата Каспичанска рамнина (близу селото Абоба, северо-западно од Шумен), се нарече Бугарија, според народот којшто ги постави основите на она што првично беше политички сојуз и коешто сега стана политичка и национална единица на Балканот, откако првично беше
чисто Азијатска по својот карактер. На нејзиното чело стоеше суверенот којшто ја носеше титулата Кан. после Канот главните офицери на државата беа Кавканот, неговиот главен советник, и Тарканот, неговиот заменик во провинциите. Овие позиции ги држеа членови на благородништвото, коешто беше поделено на две класи: повисоките благородници боили, и пониските багаини. Народот беше поделен во мали племиња или кланови--
Бугарски и Словенски--и екое од нив си имаше свое име.
Словенските племиња си имаа свои принцови, коишто стоеа на чело на локалните војски и беа познати како комити, додека
бугарските кланови си имаа свои главатари. Бугарите беа воинствен народ, дисциплинирани и добро организирани, и претставуваа одлични коњаници. Словенските племиња, од друга страна, ги пополнуваа редовите на пешадијата како свој удел, и им беше доделена одбраната на границите. Како што историјата на дунавските Бугари почна со основањето на новата држава, славната година 679 набрзо потоа од нив почна да се смета како почеток на нова ера и беше земена како почетна точка на нивната хронологија, бидејќи тие ги задржаа старите
Азијатски начини на сметање на времето со дводецениските циклуси и лунарни години."
И сега треба ли да потсетам кој бил
КОМИТА НИКОЛА и кои биле неговите синови
КОМИТОПУЛИ, од кои Цар станал Самоил?
Еми тие де што успеале да го направат тоа што предходно тргнал да го прави Пребонд.
Ај нека те потсети побугарената војвоѓанска србенда Љубомир Милетич за тоа чиј е јазикот на погребната плоча за родителите на Самоил:
А за успомен и долго сеќавање на темава и особено на Златарски, еве ти уште еден поздрав од него:
--- надополнето: 31 декември 2012 во 14:41 ---
Kаква лага бе? Вчера имав 1 053 денеска имав 1050 поста.
1053-1050=3
Што лажам?
Јасно е дека си бесен, оти се` што го тврдев јас го потврдивте и вие со Братот. Исклучок е само датировката на опсадата. Јас започнав со изнесување на аргументите, Братот започна да пишува глупости, а сега и ти се вклучуваш.
Реков и пак ќе повторам - без модераторски сатар не можете.
А кој има и кој нема аргументи за било што се гледа.
1. Јасно и гласно ти предочив дека ЛАЖЕШ зашто НИ ЕДЕН ТВОЈ ПОСТ на оваа 9-та страна на темава не е избришан. НИТУ ЕДЕН..!
Затоа ова е твојот последен пост на темава.
2. Дежурното цмиздрење базирано врз ЛАГИ не може да ти помогне во случајов.
3. Единствениот твој пост што е избришан на предходната 8-ма страна од темава е следниов:
Истиот си го напишал во Петокот, 28 декември 2012, во 22:49 часот, а не вчера.
Пријатно летање во вечните ловишта искубана птичурино...