Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Јас на вакви филмови како тие на Јодоровски кои се за крајно селективна публика никогаш не би дал 10тка(5), дури и да го разглабам до детаљ и му ги фатам сите намери и идеи на режисерот.
Сепак не презентираат објективни вистини, да презентираат вакво нешто да, така би биле легитимни за било кој случаен гледач кој и површно би ги валидизирал без да навлезе длабоко у приказната и видувањата на режисерот
Епа тоа е... крајно селективна публика. Јодоровски не се обидува да биде прифатен од сите, тој вели дека филмовите прво ги прави за себе, заради тоа што го возбудуваат. Случајно е станат популарен преку Ел Топо, па еве ако има 75-80 години човекот има само 5-6 филма зад себе... Ама сите му се до срж, незаборавни (по добро или по лошо). Во The holy mountain алхемичарот го прашува крадецот дали сака злато, и овој треба да се исере во еден овал така, па после од гомното прават злато. Крајот на филмот ти вели уствари еве се камерите, се е илузија, се досега што го кажав во филмот веќе не важи. Нема ништо понатака.
Мене тоа ми се допаѓа најмногу. Не мора да биде објективен, не мора да биде вистинит. Денес читав интервју од режисерот на Ида, Павел Павликовски, тој кажува дека филмот за него е една субјективна вистина, една приказна која што го инспирирала што не значи дека е вистинита...
Бергман на субјективен начин си ја претставува смртта...
Нема проблем, може утре/прекутре, првпат вистински да отворам една тема :D
Супер, мислам дека ќе имаме доста материјал за дискутирање и се надевам на одзив од повеќе членови за жанрот :)

Нека ме исправи некој, ама мислам дека последен Noir филм беше Brick со Џозеф Гордон Левит пред 5-6 години... Не сум гледал понов.
 
Епа тоа е... крајно селективна публика. Јодоровски не се обидува да биде прифатен од сите, тој вели дека филмовите прво ги прави за себе, заради тоа што го возбудуваат. Случајно е станат популарен преку Ел Топо, па еве ако има 75-80 години човекот има само 5-6 филма зад себе... Ама сите му се до срж, незаборавни (по добро или по лошо). Во The holy mountain алхемичарот го прашува крадецот дали сака злато, и овој треба да се исере во еден овал така, па после од гомното прават злато. Крајот на филмот ти вели уствари еве се камерите, се е илузија, се досега што го кажав во филмот веќе не важи. Нема ништо понатака.
Мене тоа ми се допаѓа најмногу. Не мора да биде објективен, не мора да биде вистинит. Денес читав интервју од режисерот на Ида, Павел Павликовски, тој кажува дека филмот за него е една субјективна вистина, една приказна која што го инспирирала што не значи дека е вистинита...
Бергман на субјективен начин си ја претставува смртта...
Да, секој од овие режисери кои спаѓа у авангардното кино не режира филмови за масовен скрининг. Ама колку да сме на линија, у глобала експерименталното кино е да пробуди дискомфорт кај гледачот наспроти воодушевување и слично. Неможам да ги сфатам тие кои се диват нa Salo, Srpski film, Eraserhead, Lost Highway, Begotten, Gummo итн. и ги препорачуваат како лектири по филм коа овие се нешто надвор од нормалниот колосек и стандарди.
Еден наш познат новинар пробувајќи да глуми авангарда, почна да пренесува импресии од Меланхолија на Триер и колку е врх врвова, и заглави на тоа дека е визуелен мастерпис, друго ништо.
Не би му препорачал на никого ништо од овие филмови ниту пак би имале место у all time каталози по жанрови, ама у одбрано друштво само околу нив би зборел. :icon_lol:
 
Дур си чекам снимка да го репризирам Интерстелар, го изгледав денес Контакт за првпат, и стварно не знам шо кур барам у темава, и како може да се нарекувам филмоман а немам гледавно ваква класика. Предобар филм!
Овие поминати ти се?
Event Horizon
The Sphere
The Abyss
 
@wicked_1 ми текна вчера онака ама заборајв да пишам, пошто бараше некој сличен на Бразил пред некое време, дали ти е гледан Delicatessen (1991) Би требало да ти е пошто го имаш спомнато режисерот низ дискусија, па не верувам да си го пропуштил, али да прашам :D
 
Contact е едно стварно добро филмче што мислам дека не го има добиено хајпот што го заслужува и пофалбите. За мене секогаш ќе биде во топ 5 од овој тип. Во склоп на погорните муабети :)
 
American Sniper - добар филм, ама далеку од освојување на Оскар. Иствуд ко лик кој ми е омилен од детството имал и далеку подобри филмови од овој. Одлично снимени сцени, ко да играш Кол оф дјути последен дел во живо. Сценариото е тоа што беше климаво, започна некако, ама крај немаше - со тоа и филмот изгуби многу. Купер такоџе нема некоја улога уау, па да развали. За адаптирано сценарио такоџе имаше подобри филмови номинирани за Оскарот, кај монтажата не би им дал Оскар бидејќи и самиот им забележав грешка у монтирање,
(кога жена му го надои бебето, му го даде, си го закопча џемперот, во следниот миг откопчан беше)
:D
Единствено ако земат нешто за Саунд едитинг - миксинг. Оцена 7/10
 
ОК, не го разбрав крајот на Birdman, ако воопшто имаше што да се разбере. А не ми е ни до правење теории. Добар филм, одлична глума ама крајот ми беше wtf. Со Селма и American sniper негледани, Whiplash ми е уште фаворит за оскарите. Знам дека нема никогаш да земе ама ако. Мене ми е убаво кога ќе ми текне на филмот.
 
16510_10150512577744949_2809602239282299996_n.jpg



:pos:
 
The Hunger Games Mockingjay Part 1 2014 1080p BluRay x264-SPARKS

much excitement
 
Дечки мене не ми се гледани Селма и Стил Алис од оскариве , за денес тие ми се домашна , но слабо со торентите , ако ви се наоѓа нешто што има поасална слика пратете ми ПП
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom