Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Хахахаха, муабетиве се како ко мали деца кога ќе се караат кој е најјак. Е ХИМЕН Е НАЈЈАК, ОДИ СКИНИ ГО НЕГО ДА ТЕ ВИДАМ! (ако го најдеш, секако. :P)
It is known за Бетмен Злате, и мали деца знаат. Еве види:

 
Кога сме кај 7ци. Темниот Витез го имам оценето со 7 :icon_lol:

Него за критериумиве. Кога ќе оценам некој филм како Интерстелар со 8ца, викаат ех, многу ниска е таа оценка, а го испофали филмот. Не е ниска, по мои стандарди де, мада идеално би му дал 8.5, али на имдб нели не може половинки (јас би бирал да може). Така да може и со 9 да би го оценил, само треба да го гледам пак :)
Пример 5ка е просек, океј филм, 4ка подпросек тешко да би го гледал некад пак. 3,2,1 катастрофи од кои болело глава и оценката не е ни битна. Со 6ка оценувам добар филм да речеме Predestination. Со 7ка оценувам солидно филмско дело (али ништо посебно) еве како Витезов горе. Со 8ка иде одличен филм што без мака би го гледал уште многу пати. Со 9 нешто перфектно, можеби филм на годината, или еден од најдобрите 50 што сум ги гледал. Со 10 иде нешто што влегува во топ 10 филмови во историјата по мое лично убедување, нешто што се дешава еднаш или двапати во декадата. Тука сум малце контрадикторен зашто 4-5 мои 10ки се направени во 90тите, јебига јака декада беше. И то. Не дека се исповедам на некој де, онака само, чисто да се види дека помалце оценети филмови не значи дека малку се ценети од некој. Не ми се доделуваат 10ки за секој втор солиден филм :)
 
Пеер ова со оценкиве е крајно субјективно зашто секој си има своја скала.

Филмот или ти се допаднал или не ти се допаднал.

Едит :)
 
Инаку, јас почнав со остварување на точките од TO DO листата за годинава: почнав со суперхеројските, иако скромно засега, само првите три (трилогијата) иксмени. Морам да признаам дека ми беа уживање: пушташ мозок на пасење и два саати (по филм) медитираш! Дефинитивно ќе продолжам и со другите суперхерои. Првите 2 дела добиваат солидни 7/10 од мене. Уживав и во третиот, но некако премногу приказни и премногу карактери има во него, па по малку личи на кашапопара, затоа оценка помалку за него: 6/10. Идемо даље...
inkblot6.gif


its a must (гледај го ултимејт кат-от)
 
1, 2, 3, 4 - лоши работи што не се за глеање
5ка - разочарувачки, има некои добри работи ама лошите преовладуваат
6ка - не е лош филмот, ама ништо посебно и за паметење, ок
7ка - добро филмче, солидно
8ка - многу добар, квалитетен, тука се двојат филмчињата од Филмовите
9ка - одличен, уживаш максимално во филмот, ама за малку перфектен
10ка - филмовите кој будат најголеми емоции, ремек делата, и оние вистинските како Кум, Кејн, ама и оние кои можда реално не се, ама ме погодиле на сите вистински места, или ми се преомилени, пример Појадок кај Тифани, Хачико, Dean Spanley...
 
1, 2, 3 - Лоши, и тоа многу лоши филмови
4 - Под просек, малце се дели од првите 3 оцени
5 - Просек
6 - Над просек, има некои добри елементи но ништо посебно
7 - Добар филм, можело доста подобро ака „кружеље око стол :Д
8 - Солиден филм
9 - Уживанција, уживаш во секој момент од филмот, секоја сцена, секој дијалог, најблузи до ремек дело
10 - вистинско ремек дело, буди страсти и емоции, ги опфаќа сите елементи, има добро сценарио и одлична режија, глумата перфекција. За филм кој треба да се оцени со 10ка, треба се, ама се според мене да биде опфатено во тој филм. Овде спаѓаат филмовите како легендарната Одисеја на Кјубрик или Итс Вондерфул Лајф, или Господарот на прстените, во тие филмови е опфатено се како што треба.

Бобмастичниот критериум за оценување на Толстој :)
 
Ја престанав да ги оценувам филмовите со оцени. Подобро ми е да опишам што е добро, лошо и што фали во филмот.

Но, сепак филмовите од 1-4 се филмови што се толку лоши што ти прават фрустрации и те мачат на нервна база. Од 1-4 се оценува продукцијата колку се потрошила. Пошто се друго е срање.

Филм од 5 би требало да е филм шо тргнал добро али се спрепнал некаде на пола пат, и виси на конче да не падне во кец до четири.

Филм од 6 е филм шо е добар но му фали многу за да биде солиден. Исто овие филмови можеш да ги оставиш, да не паузираш, да одиш до вц да каснеш нешто и пак ништо да немаш испуштено.

Филм од 7 е солиден филм. Ко што кажав погоре го глеаш еднаш, не те заинтересирува толку да го предложиш или да го глеаш одново освен ако не го начекаш на тв.

Филм од 8 е филм кој го предложуваш на сите и го анализираш и го дискутираш но се разликува од филм 9 така што...

Филм од 9 го поминуваш наредниот временски период дали е недела или неколку дена го прегледуваш најмалку 3 пати, се соживуваш со ликовите, те расплакуваат, се грижиш за нив, сакаш да ги гушнеш кога им е најтешко и киснеш на интернет и ја објавуваш својата љубов и слепо го браниш од злобните хејтери.

Филм од 10 е истото како филм од 9 но со многу поинтензивно чувство. Ова е филм за кој си спремен да го купиш, и ги цениш луѓето врз база на тоа какво мислење имаат за овој филм. Филм од 10 практично е она што го изострува твојот вкус и го менува кон нешто во слична насока.
 
Последно уредено:
Според мене 7ца како оцена не требит да постојт, пошо се стават на филмој шо на пример :
1.Ти бил интересен ама сиве од форумов го хејтет па да не си хејтан(уствари мака ти е да се објаснуваш) му ставаш 7ца.
2.Филмот заслужвит 6ка или помала оцена ама сиве на форумов го фалет и прајш компромис со 7ца.
 
Убав филм е "Животот е Убав" но далеку од коментарите што ги имаше тука дека е најдобар на сите времиња и слично. Сум гледал многу филмови на оваа тема и јас не би го сместил ниту во 3те најдобри филмови поврзани со војната и евреите.

Да се надоврзам на темата за оценувањето, од мене 8ка
 
Убав филм е "Животот е Убав" но далеку од коментарите што ги имаше тука дека е најдобар на сите времиња и слично. Сум гледал многу филмови на оваа тема и јас не би го сместил ниту во 3те најдобри филмови поврзани со војната и евреите.

Да се надоврзам на темата за оценувањето, од мене 8ка
Претпоставував јас дека нема да ти се допадне многу затоа што повторно ја промашуваш поентата на филмот. Евреите не се многу биден детаљ тука. Најбитна е поврзаноста на таткото - синот и мајката која е оддалечена од нив. Суштината на филмот е како еден човек успева да го замаскира хоророт од војната во очите на едно дете правејќи магии.
Филмови како Black hawk down или на пример We were soldiers се филмови со и ЗА војна. Животот е убав е филм во кој дејствието е сместено во втората светска војна, но не е ЗА втората светска војна.
 
Претпоставував јас дека нема да ти се допадне многу затоа што повторно ја промашуваш поентата на филмот. Евреите не се многу биден детаљ тука. Најбитна е поврзаноста на таткото - синот и мајката која е оддалечена од нив. Суштината на филмот е како еден човек успева да го замаскира хоророт од војната во очите на едно дете правејќи магии.
Филмови како Black hawk down или на пример We were soldiers се филмови со и ЗА војна. Животот е убав е филм во кој дејствието е сместено во втората светска војна, но не е ЗА втората светска војна.
Нормално дека не го споредував со такви филмови, ако би го споредил со некој тоа би било Пијанист. Тој филм за мене е ремек дело.

Инаку јасно е што е приказната на Животот е Убав, а и филмот е стварно добар. Јас само реков дека не се сложувам со коментарите од типот најдобар филм на сите времиња бидејќи имаше и такви
 
Абе што се објаснувате со оценките. Субјективно е - а јас едноставно не можам да дадам иста оценка на Interstellar и X Men во никој случај!
 
Нормално дека не го споредував со такви филмови, ако би го споредил со некој тоа би било Пијанист. Тој филм за мене е ремек дело.

Инаку јасно е што е приказната на Животот е Убав, а и филмот е стварно добар. Јас само реков дека не се сложувам со коментарите од типот најдобар филм на сите времиња бидејќи имаше и такви
Имаше, јас бев.
И никаде не реков дека најдобар на сите времиња, не ми е на крај памет пред LoTR или пред Godfather да биде на реалните листи, ама за мене лично е најдобар. Пред 10 години сигурно беше кога го гледав првпат, ми остави страшен впечаток, а не знаев ништо тогаш.
Кога и да го гледам од ново, истиот импакт (фактор) го има на мене, филмиште е и за мене субјективно е најдобар на сите времиња.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom