Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
НЕМОЈТЕ НИКАКО ДА ГО ГЛЕДАТЕ ТРЕЈЛЕРОТ ПРЕД ФИЛМОТ The Hidden Face
има огромни споилери и филмот станува глупппп
јас гадно се заебав
 
Добри критики има новиот филм на Цејк и режисерот на Prisoners, Enemy
 
А знае некој картите за филмовите во Кинотека на Македонија колку чинат? Ќе има добри филмчиња месецов, па да знам дали да појдам. :D
 
Ќе сака ли некој да ми даде download link или линк за онлајн гледање на филмот Трето Полувреме, го тргнале од јутјуб... :)
 
Ќе сака ли некој да ми даде download link или линк за онлајн гледање на филмот Трето Полувреме, го тргнале од јутјуб... :)

пратено
 
The Seventh Seal како за црно бел филм од 1957 во која што смртта игра шах од време на време (еј смртта игра шах..сфаќам метафора и све ама смртта игра шах..во буквална смисла..хех) е ок филмче. Нормално како и секој филм што некои го сметаат како дел од подобрите на сите времиња е преценет, ама за разлика од други филмови барем можам да сфатам зошто на некои навистина им се допаѓа. Ок несекојдневно филмче што еве колку толку се држи и во 2014. А и главниот лик од филмот слободно би можел да го игра Аквамен кога би живеел во денешново време.
 
Clerks(1994)Одлична комедија со добри дијалози и сцени.Според начинот на кој се снимани сцените,кадрите,атмосферата и какви се дијалозите во филмот,би можело да се каже дека е Pulp Fiction за сиромашни.Оцена 8/10.
 
The Seventh Seal како за црно бел филм од 1957 во која што смртта игра шах од време на време (еј смртта игра шах..сфаќам метафора и све ама смртта игра шах..во буквална смисла..хех) е ок филмче. Нормално како и секој филм што некои го сметаат како дел од подобрите на сите времиња е преценет, ама за разлика од други филмови барем можам да сфатам зошто на некои навистина им се допаѓа. Ок несекојдневно филмче што еве колку толку се држи и во 2014. А и главниот лик од филмот слободно би можел да го игра Аквамен кога би живеел во денешново време.
Филмот си гази како и Бергман :) Тоа се тие режисери кои сами си пишуваат сценариото по обичај и пробуваат да ја надрват со посериозни прашања во кои Лео нема да биде волкот кој ќе клеца пичиња и ќе вади пари, туку ќе пробаат да ти начукаат некоја негативна енергија и да те стрефат со некои тези, прашања, одговори во мислите за кои може да се деси никогаш и да не си размислил. Екипата е таа, речиси истата во повеќето негови филмови, составена од ептен специфични ликови. Пецкаат преку оние делчиња кои спаѓаат во метафизичкиот бунт кон виша интелигенција.

Сценава од толку што ме стрефи и остана во мене, два пати сонував некој ваков лев сон со сличен приказ и поставеност.

seventh_seal_ending.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom