Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Mногу е лесно, ама јас не се нафаќам да пробам, едноставно во ниеден дел од филмот, не се опушташ/внесуваш , него гледаш и одвреме на време си повторуваш дека е само филм, и дека све што гледаш се само специјални ефекти, на овој начим сум се воздржувал да не повратам во некои одврати сцени во други филмови, ова ми е останато уште од мал и секогаш добро работи :)

П.С. Да се разбереме, не дека кога гледам друг филм мислам дека е реалност, но знам неретко да се внесам во филмовите и да се соживеам, ситуација при која би истрчал во WC за некои 10 секунди при гледање на таков филм :)
 
И шо има толку убаво во таквите филмови?
Дупки во сценарио шо се исполнуваат со бизарни идеи на болни умови.
И шо од кога ќе го изгледаш? Ќе се фалиш на другарчињата леле колку е гаден филмот, немој да го гледаш.
нонсенс.
 
Jас не гледам такви филмови, не сум гледал и нема никогаш да гледам, постојат други начини да се долови суштината на гледачот... кој нема имагинација за пренесување на таква емоција (со силна порака) и сака истата да ја одслика на амтерски начин...со колење, јадење на *омна, (буквално)...мазохизам, канибализам..нека се одкаже од малиот екран и нека почне да троши повеќе време на соодветните институции т.е. на таканаречените седативи.

Ако те злоупотребувале како мал не значи дека треба тоа да го прикажеш на екран, нели? :ROFLMAO:

Мојата поента во претходниот пост беше одговорот на: Како е можно да се гледа таков филм без да бидеш згрозен/потресен.
 
добро како имате стомак за вакви филмови?
само шо прочитав за шо се работи ми се лоши.
years of training on 4chan's /b/
don't ask.
И шо има толку убаво во таквите филмови?
ништо, едноставна љубопитност и да ги проверам границите на болниот ум :D
И шо од кога ќе го изгледаш? Ќе се фалиш на другарчињата леле колку е гаден филмот, немој да го гледаш.
Да.. и покрај предупредувањата, некои ќе го гледаат некои не :D
 
Hostel 1 и 2 се единствените болни филмови кои заслужуваат внимание. Малку може да се замижи на некои сцени и да се протурка понатаму. Сепак е во границите на хорор филм.

Од Hostel наваму ми се чини како да се натпреваруваат кој ќе сними поизопачено срање...
 
Дури и Пила има добра поента ако ги занемариш сите гнасотии, иако то е невозможно. А сите други се се погадни како би биле пострашни. Ќе му ги извам цревата сега на овај и ќе ги лижам и никој нека да спие вечер. Yeah right.
 
Јас одамна реков дека нема нови хорори во вистинска смисла на зборот хорор. Незнам што е толку хорор во тоа да има сцени со сцени испланирани од болни умови. Онака гадни се. Ама се гадам и од романтични филмови со сестрите Олсен. Ок, и тие до некаде се хорор за мене во таа смисла...
 
Aко ти се гледаат стари филмови има многу кои би те извадиле од памет, а во нив нема насилство како во новиве, copy paste.
 
Aко ти се гледаат стари филмови има многу кои би те извадиле од памет, а во нив нема насилство како во новиве, copy paste.

Тоа де. На "Carrie" од 1976 треба вода да и носат овие новиве "хорори"...
 
Тоа де. На "Carrie" од 1976 треба вода да и носат овие новиве "хорори"...
ма неможат ни да се споредат со Carrie. да има крвотници ама има приказна, вистински мотив за одмазда, не само врискотници и пискотници.
 
Кога сме кај стари филмови го има гледано некој овај филм освен мене овде?

Не е хорор ама е изопачен:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom