Justice for All
Tempus fugit
- Член од
- 17 јули 2008
- Мислења
- 1.372
- Поени од реакции
- 85
Мене лично не ми смета што на некој му текнало да си произведува сенешто. Мене ми смета трендот. Ми смета идејата дека има некој таму што си мисли дека му е потребна "крема за избелување на кожата на пределот околу анусот". Од такви трендови се страда. Како до пред педесет години жените беа убави и без силиконски цицки, а мажите не се секираа дали им е мал??? И ти доаѓа модерното дигитално време и сите гледаме "savrsenstvo bez mane" по телевизии, по билборди... каде не едноставно. И, сите се незадоволни од себеси. И почнуваат тие трендови што ги мразам. Како да сме на мисија да бидеме подобри од другите. Така моето дете ќе носи штикли уште од 3 месеци, зашто е "ин", а твоето нема и нема да биде "кул".
Модната индустрија само реагира на побарувачката, а кај побарувачката е и проблемот. На луѓето им е испран мозокот дека треба вака да изгледаат, дека треба ова или она да носат, ова или она да имаат за да им биде добро во животот, за да бидат среќни и популарни.