Доста е, аман!
Темите кои секојдневно се отвараа без потреба завршија, па мислам дека не е проблем од време на време да се потсетуваме на Тоше, како и да си кажеме по некој збор. Каде би го направиле тоа, ако не тука. Јас лично нејќам насекаде и постојано да тупам за ова, а тежината што сеуште ја чувствувам, сакам некаде да ја исфрлам понекогаш ...
Туку, да престанам со карање, да напишам нешто на темава, што нема да е оговарање, тумачење, лижење и сл. ...
Поминаа 40 дена, но сепак како вчера да беше. Не ми помина ни ден без неговите песни во мене, дури легнувам и се будам со негови стихови. Многу ме погоди сето тоа, неможам уште да го прежалам и да престанам да мислам зошто и како ...
По природа сум плашлива, а посебно од смрт. Си барам некоја утеха во некои лица кои живеат како што треба, се водам по нив и секогаш мислам дека нив ништо лошо неможе да им се случи, па потајно дека нема ни мене. Можеби и затоа толку многу ме потресе ова ... чудно ... си помислив и сеуште мислам, ако почина Тоше, кој се` што правеше правеше за доброто на другите, што ќе биде со сите други или па со мене?
Глупави мисли, кои можеби не се за тука, но навистина ме измачуваат, што да правам ...
Другите покрај овие ми се тие кои се најверојатно присутни кај повеќето од вас. Колку е жално што пред врвот на неговата блескава и светска кариера почина. Колку е жално што легнал да спие очекувајќи дека ќе се разбуди на наредната бензиска, а не го доживеа тоа. Колку е жално што беше толку млад, толку жив, толку убав, а веќе ништо од тоа не е.
И да ... сеуште не ми е јасно зошто толку многу ме боли ... сеуште не ми е јасно кога ќе биде денот што ќе ми помине без да го почувствувам повторно и потполно истиот стрес, што го почувствував кога ја дознав кобната вест. Денот што ќе ми помине без негова песна, без неговиот лик пред очи. Денот кога ќе се намали болката што ме уништува и која ми го блокира нормалниот живот од пред тоа ...
Уште еднаш ... Почивај во мир Тоше!