40 дена од смртта на Тоше

  • Креатор на темата Креатор на темата gunce
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
само така ви се чини..верувајте дека никој го нема заборавено,дека сите го памтат и секогаш ќе го паметат..само што и јас не го спомнувам затоа што при секое негово спомување јас се расплакувам..тоа е вистината..луѓето го изгубија она во што веруваа,нивното најдраго и најсакано нешто,болката е преголема и затоа не се спомнува тоше сеуште,затоа што луѓето премногу го сакаа,а загубата е голема..:cry:

Зошто?Зошто баш ти?Сеуште се прашувам зошто мораше тоа утро да биде кобно баш за тебе..
Не поминува ни ден без да слушнам некоја твоја песна,без да запеам некој твој стих,без да пуштам една солза за тебе..
Зошто толку боли?чувствувам огромна болка,ко да сум загубила некој најблизок..а ти беше близок со сите,ги сакаше сите и сите те сакаа..го изгубивме најмилиот,најсаканиот,најубавиот,нашиот најдобар ангел..очигледно беше предобар за да останеш тука..
Засекогаш ќе те сакам,никогаш нема да те заборавам,вечно ќе ги слушам твоите песни!
Ми недостигаш!!!!!!:cry::cry::cry:
 
Мислам дека треба да се потсетиме на неговите дела, кои сме ги знаеле или дури сега ги дознаваме ... неговиот живот т.е. неговите дела беа тоа што ни значи на сите.

"Големиот хуманитарен концерт под мотото "Сите сме нивни деца" ќе се одржи утре во Универзалната сала, во 20 часот. Организатори на концертот се Црвениот крст на град Скопје и "Космофон". На концертот ќе настапат Тоше Проески ..."

"По 20 отсто од секој купен производ на стрип-јунакот Супер Тоше, направен според ликот на популарниот пејач Тоше Проески, ќе оди за штитениците во Домот за деца без родители "11 Октомври" во Скопје. Ова е акцијата што почна од вчера, по потпишувањето на договорот помеѓу министерот за труд и социјална политика Стевчо Јакимовски и претседателот на невладината организација Младински форум за соработка, Димитар Димовски, во Скопје."

"Мега-ѕвездата Тоше Проески вечерва, од 20 до 24 часот, ќе ги служи гостите во скопското кафуле "Алиби", кое се наоѓа спроти Поликлиниката "Идадија". На Тоше ќе му помага неговата менаџерка Лилјана Петровиќ.
Бакшишот што гостите ќе му го дадат на Тоше и дел од заработката од таа вечер ќе бидат дарувани за лекување на 17-годишната крушевчанка Љупка Талевска, која најскоро мора да се оперира во Москва."

"...Акцијата, која е дел од манифестацијата "Бела ноќ", ја покрена скопското друштво за заштита на животните "Паун".
Тоше Проески најавил дека ќе донира храна за лавот, а неговата менаџерка Лилјана Петровиќ ќе ги нахрани јагуарот и неговите малечки."

"Легендарните "Парни валјак" во вторник ќе одржат концерт во Универзалната сала во Скопје. Концертот е дел од нивната "славеничка турнеја" со која, по 30 години постоење и забава, ќе се разделат со своите обожаватели. На скопскиот концерт, заедно со загрепските рок-легенди, ќе настапат и дел од популарните македонски пејачи, меѓу кои и Тоше Проески."

"Забавата кулминираше со едночасовниот настап на Тоше Проески, на кој најмногу се забавуваа најмладите, кои ги окупираа првите редови до бината. Тоше им ја честита Новата година на насобраните граѓани, бидејќи скопскиот градоначалник Трифун Костовски славеше во Анталија, Турција."

"Албумот "По тебе" на мегаѕвездата Тоше Проески е прогласен за најдобар странски албум на ревијалниот дел на "Беовизија" (српската Евровизија), што се одржа во петокот во Сава центарот.
Албумот, кој е препеан на српски јазик влезе во каталогот на државната продуцентска куќа "ПГП-РТС".
Тоше, пред белграѓани ја изведе и нумерата "Једина", односно "Громови на душа"."


Ќе се потрудам подоцна да пронајдам уште некои негови дела кои успеа за ги реализира, како на приватен така и на музички план ...
 
tvoite dela nikogas nema da bidat zaboraveni. ti ostavi traga sto nikogas ne se brise, ti ostavi vecnost koja kraj nema. tagata ne moze da se pobedi ni so najdteskata solza. ti si vo site nas, ti si del od nas, iako si samo edna zvezda sto sjaese nad site nas. te vozvisuvame i ti go cuvame spomenot na tvoite dela. golemite luge ne umiraat nikogas, a ti vo sporedba so toa bese dzinovski.
pocivaj vo mir
 
Нема потребение од паради и такви мити срањести работи.
40 дена ќе си прават парастос и тие посмртните обичаи што се, ако дале во медиумите дека можат да се придружат луѓе од надвор,арно,ако не,ќе му се искажи почит на човекот секој на свој начин.


Вечна слава му и нека почива во мир......ех, Тошка,Тошка... :(
Многу ни недостигаш!
 
thumbnail[3].jpg
Ти беше единствената личност со која мислев дека имам нешто слично во овој ненормален свет...Затоа секогаш ќе живееш со мене и во мене...Горда сум што сум дел од твоето постоење....
Почивај во мир мој драг Тоше....
 
Ах..Поминаја 40 дена, и пак ја чувствувам истата болка во градиве. И пак празнина во душава, која никако, со ништо не може да се пополни..
И пак крикови, плач, и лелекање насекаде.
Ја зави цела Македонија во црно..
Вечна ти слава ангелу.
 
Јас само се надевам дека не по само по 40 дена, дека и по 40 недели и 40 месеци и 40 години сите ние ќе го памтиме Тоше и неговиот ангелски глас, дека уште ке ги слушаме неговите песни и со истиот восхит и жар како и сега ке ги запознаваме и идните генерации со неговата музика,величенственост и хуманост...Почивај во мир Тошенце...
 
Мислам дека после 40 дена да го оставиме чоекот да почива во мир но нормално нема да го заборавиме.Курт Кобејн и Боб Марли,Џими Хендрикс и итн никој не ги заборави така и Тоше нема да се заборави,секој кој сака да тагува има право на тоа.Треба и медиумиве да стивнат малце.Да се направи тоа што треба да се направи и нека почива во мир како секој човек
 
Kako sto rece Tanje...pominaa samo 40 dena a ovde nekoi veke mislat deka dovolno bilo.Pa ovoj covek bese najgolemiot Makedonec na site vreminja i poveke ne e so nas.Treba da go pametime najmalku po pesnite.Treba da go pametime po negovata dobra dusa,humanosta i ljubovta koja ja daruvase.

Pocivaj vo mir legendo
 
Поминаа и 40 дена, но никако ни ден неможеме да престанеме да мислиме на него на големиот човек, нашиот ТОШЕ.Никогаш нема да те заборавиме секогаш ке бидеш во нашите срца, а сега почивај во мир анеглу наш :(:(:(


 
ke ni nedostigas ANGELU
 
Болката останува и саќавањето за него
почивај во мир Тоше:smir::smir:
 
Секогаш ќе биде наш ангел,наша икона и вечно ќе биде во нашите срца и мисли.
Иако колку посакувам сеуште да беше меѓу нас.Да му се порадуваше на животот барем уште малку.
Но,за жал тоа е суровата реалност со која треба да се соочиме,животот иде понатаму,но споменот за Тоше секогаш ќе биде присутен.

“Да можам бар да се разбудам,во свет на љубовта...“

Се надевам си во тој свет на љубовта...

Те сакаме.
Почивај во мир.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom