3G од Косомофон

  • Креатор на темата Креатор на темата teneke
  • Време на започнување Време на започнување
Па брат Космофон уште пред неколку месеца го добија тендерот за давање 3G услуги во мобилната телефонија. Најверојатно наскоро таа услуга и ќе биде достапна.
 
Go namestiv telefonot na umts za da se prikacam,ama nema mreza.Koga ke mi pobara mreza ja naoga cosmofon 3g,ama ne mi dava pristap.
 
treba ti tri repetitori full za videofonija, ama seuste im e vo test, veke 2 nedeli ;)

a post paid korisnicite ke imaat?
 
Како што имам разбрано јас 3G услугата ќе можат да ја користат само постпејт корисници од Cosmofon
 
Има и припејд пакети, мислам едниот почнуваше од 1200ден или така некако...(ќе) има и интернет...
 
„Космофон“ дефинитивно оди на продажба. Грчките медиуми јавуваат дека телекомуникациската компанија ОТЕ избрала две фирми консултанти што треба да ја изготват продажбата на вториот мобилен оператор во Македонија.
За финансиски советници во зделката со која ќе се продава „Космофон“ избрани се британската компанија „НМ Ротшилд" и грчката „ЕТФ Телесис фајнанс“.
Продажбата на „Космофон“ на нов сопственик почна да се актуелизира откако „Дојче телеком“ ја купи ОТЕ, која е сопственик на „Космофон“ во Македонија.
Новото групирање создава монопол на пазарот бидејќи „Дојче телеком“ на пазарот во земјава работи и со „Ти-мобајл“.
Комисијата за заштита на конкуренцијата во наредниот период треба да го каже конечниот став за новото спојување.
Според информациите на А1, за купување на „Космофон“ заинтересирани се третиот мобилен оператор „Вип“ и словенечки „Телеком“.
 
Скапчии се беее! 1200 денара со припејд со вклучени 100 денара интернет, и за секој нареден мегабајт по 1.8 денара, исто ко дома да ставам интернет а не на телефон! :nesum:
 
Гледам има банер на сајтот од Космофон за 3G.

Има некој информации како е што е со тоа...

http://www.cosmofon.com.mk/
ВЛЕЗЕТЕ ВО СВЕТОТ НА 3G И СПОДЕЛЕТЕ МНОГУ ПОВЕЌЕ!


Со врвната 3G технологија единствено COSMOFON Ви овозможува нов начин на комуникација!
3G технологијата е трета генерација мобилан телефонија со која корисниците може да ги користат најновите услуги во мобилната телефонија.
Отсега, единствено со COSMOFON корисниците може да прават видео повици, да користат брз интернет каде и да се.

ВИДЕО ПОВИЦИ И МОБИЛЕН ИНТЕРНЕТ
Променете го начинот на кој повикувате!
Отсега може да правите видео повици и да споделите многу повеќе со оние со кои разговарате.
Активирајте 3G во промотивниот период и ќе добиете:

  • 500 бесплатни минути за видео повици
  • 100 MB бесплатен интернет од Вашиот мобилен телефон
За активирање пратете SMS со содржина 3G на бројот 124.
Промоцијата важи за сите пост-пејд корисници што ќе активираат 3G до 31.10.2008. Бесплатните минути за видео повици и бесплатниот интернет може да се искористат во период од 60 дена, од денот на активирањето. По искористување на бесплатните минути за видео повици и бесплатниот интернет, истите се наплатуваат по промотивна цена 6 ден/мин за видео повици и 3 ден/MB за интернет.
Користењето на 3G услугите зависи од можностите на мобилниот телефон и од покриеноста со 3G мрежа
 
Jas veke probav video call i internet 3G i mnogu e cool.inaku sum postpejd na cosmofon i imam 500 min gratis video call i 100 mb internet.internetot ide so 3.6mb
 
Јас пробав, видео повиците интересно но сепак сецка како да правис на Skype муабет со слаба конекција :).А интернетот треба да е 3,6 мб што НЕ Е НИ БЛИСКУ мислам.
 
Според тоа што го видов кога тестирав... Како да си на месинџер со вебкам, ама во времето кога бевме на дајл ап сите. Сецка, прекинува, лоша резолуција на видеото со коцки...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom