Отсега, сите при-пејд корисници на COSMOFON ќе можат да прават видео повици и да користат интернет со брзина и до 3.6 Mbps преку своите 3G мобилни телефони.
Со активирање на 3G услугата во промотивниот период корисниците добиваат:
- 100 бесплатни минути за видео повици
- 100 MB бесплатен интернет од мобилен телефон
3G услугата се активира со испраќање бесплатна SMS порака со содржина: 3G на 124.
Услугата Мобилен интернет се активира преку SMS порака со текст internet на 124 или повик до Центарот за грижа за корисници на 124.
За користење на услугата Мобилен интернет корисниците треба соодветно да ги прилагодат својот мобилен телефон и компјутер (доколку пристапуваат на интернет преку компјутер). Основниот APN параметар за прилагодување на мобилниот телефон или компјутер е:
ppinternet
Промоцијата трае ограничен период. По искористување на бесплатните минути за видео повици и бесплатниот интернет, сообраќајот се наплатува по цена од 6 ден/мин (7,04 ден/мин со ДДВ) за видео повици и 3 ден/MB (3,54 ден/MB со ДДВ) за интернет.
Користењето на 3G услугите зависи од можностите на мобилниот телефон и од покриеноста со 3G мрежа.