Убавините на Матка

  • Креатор на темата Креатор на темата Олимпија
  • Време на започнување Време на започнување
Од Водно од Крстот до Матка има, што знам, ~3 саати лесно одење.
Враќањето е или автобус или автостоп :)
Зафрканција настрана, во „Манастирска пештера“ после ваква тура се служи ладно пиво и добра храна, така што.... :)

Пешачењето покрај езеро, до крај на пешачката патека до браната Света Петка е отприлика саат и пол - два во еден правец, со тоа што треба да се премине браната за превоз назад, а тоа не сум испитал дали е дозволено.
 
Нема проблем за шетање, Матка е фантастично место.
Јас имам намислено уште неколку фантастични локации на Матка на кои сеуште не сум бил (Марков Град, и патеките над Свети Андреја, иако ова последново е малку екстремно).
Како и да е, kooperativa; може да се измисли некоја лесна прошетка по најдостапните места.
Посериозна/поекстремна планинарска тура не би си зел обврска да организирам, оти Матка не е за потценување и бара огромна претпазливост и знаење.


...епа тогаш Господине Даниел Броз за лесната прошетка планирај ме и мене
 
мало прашање, ...... ќе договараме само за викенд или може и друг ден?
 
arakenx; , нема потреба да се напомне дека не ти е потребна посебна најава
kooperativa; , во работни денови, за мене е невозможно тргнување пред 15ч. Вистина, има дневна светлина до 8 (во Матка до 7, а може и порано), но јас не би тргнувал толку доцна во денот од две причини: премногу е жешко, а второ, не би сакал да пешачам до Матка под притисок на време. Трета причина е тоа што погоре цитираниот мајстор е на работа до 17ч.

Викенд прошетка би почнала рано во денот.
Можно е, наместо пешачење од Водно, доаѓање до Матка со кола/автобус, па прошетка покрај езеро, тоа е изводливо и во работни денови.
 
ок, морав да прашам за да знам. је да можда не можам јас секој викенд, али ќе ја ујдисаме :D
П.С. давам предлог за 27-ми јули
 
Што се однесува до мене, баш тој викенд планирам да не сум во Скопје, ама здравје, може ќе се ујдиса.
Нека стои предлогот отворен, па ќе „скокнеме“ со конкретен план кога ќе дојде време.
Освен тој викенд, би требало сите останати до 17ти август да сум во Скопје, така што, ќе ја наредиме некако. :)
 
kooperativa; „шчо напраифме и шчо треба да напраиме за однапред“, што би рекол дедо Крсте Петков Мисирков.
 
kooperativa; „шчо напраифме и шчо треба да напраиме за однапред“, што би рекол дедо Крсте Петков Мисирков.
еееееееееее, јас чекам, не сум заборавил. ваљда ќе се потрефиме сите слободни за денот.
и баш е биде поинтересно по калови да се шлапкаме:D
 
еееееееееее, јас чекам, не сум заборавил. ваљда ќе се потрефиме сите слободни за денот.
и баш е биде поинтересно по калови да се шлапкаме:D


Јас сум слободен секоја недела, 23.09 понеделник, и 05.10 сабота :(
28.09 сум на работа и на свадба, а претпоставувам и n/a
 
Јас сум слободен секоја недела, 23.09 понеделник, и 05.10 сабота :(
28.09 сум на работа и на свадба, а претпоставувам и n/a
да не сте на свадба кај колегата мој? :pos:
инаку, 6,10 е ден кога ми одговара. ниеден друг ден :(
 
06.10. it is, than. :)
Ќе одиме преку Водно, или со кола до Матка, па пешки по патеката крај езеро?
 
06.10. it is, than. :)
Ќе одиме преку Водно, или со кола до Матка, па пешки по патеката крај езеро?
појма немам. враќањето од матка би било проблем ако идеме преку водно. но мене некако ми е попривлечна таа рута.
 
Изводливи се двете варијанти.
Ако е убаво времето, пешачењето од Водно до Матка е одлична прошетка која не бара многу кондиција.
За врќање има 60ка на ЈСП ако ја избереме таа опција.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom