Убавините на Матка

  • Креатор на темата Креатор на темата Олимпија
  • Време на започнување Време на започнување
Може ли од изворот да ми пратиш координати или одбележи го на google maps

Треба да се задлабочам за да би го лоцирал точно, ама ќе се потрудам.
Денес нема да можам, ама ќе те известам веднаш штом го сторам тоа.
Поздрав.
 
Само да прашам, што стана со координатите?
 
Ај да прашам дали можи некој да ми помогни... Како да стигнам од Скопје до Матка,дали има автобус и во колку, до кај ќе ме однеси автобусот итн......? :)
 
Најдена чешмата во КОЗАРЕВО.
http://wikimapia.org/#lang=en&lat=41.939406&lon=21.313874&z=18&m=b
Ама не видов ништо од иконите. Не побарав. Додека да земам душа, за 15 минути почна да грми и веднаш заминав.
Ама сега кога знам каде ќе одам пак.
Јас одев од Крстот на Водно. Пред претпоследното вртење за Матка во десно, треба да се заврти лево надолу.
Ама кај чешмата сега чуваат говеда. Над чешмата направиле шатор за говедарите.
Ама има убав поглед на езеро Матка.
 
Кај ти е бележано?
Ако е истото место, да, има прекрасен поглед на езерото, ама дека станало поило за говеда, баш ме чуди.
Да не зборуваш за чешмичката под Свети Никола Шишевски?
Мислам дека знаеш што зборуваш, ама ме чуди ако навистина ја претвориле во поило, оти е ептен непристапно, освен од една страна - од езерото (или така ми останало во сеќавање).
 
Во кањонот има и неколку фантастични места за кампување, на пример Козарево. Има направено плато и место за шатори и огниште, се' што е потребно. Местото беше преполно со ѓубре и еднаш учествував во акција за чистење, иако тоа беше прилично одамна, не знам во каква состојба е денес. По патеката нагоре, кон врвот, поточно под самиот врв има остатоци од фрески на една карпа, мислам дека била келија посветена на Свети Јован Крстител, и под самата келија извор на вода - можеби сум бил многу жеден, ама мислам дека тоа е најубавата и најладната вода што некогаш сум ја пиел.

Кога бев последен и прв пат на Матка минатата година се разочарав од куповите ѓубришта кои ги има на сите страни. Дефинитивно Матка треба да си има служба која ќе се грижи за хигиената, треба да се уреди и паркингот кој според мене треба да се наплаќа а исто така треба да се наплаќа и влез на Матка па ако треба нека биде и некој симболични 30 до 50 денари но со тие пари да се одржуват патеките и хигиената.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: n/a
Ако си бил до Свети Андреја и не си видел многу ѓубре.
Јас се најдов во ситуација да не можам да му објаснам на еден Германец, мој гостин со кој пешачевме до браната Света Петка покрај езеро, кој, како и зошто сече дрва (ова се случуваше пред наши очи - луѓе со чамец крстареа по езерото и си бираа дрва кои ќе ги сечат. Во тишината на Матка, особено таму нагоре, кајшто ретко има и луѓе и е ептен тивко слушавме „симфонија на моторни пили“).

Бидејќи Матка има преку 40 ендемски видови животни и растенија, а и заради археолошките и културно-историски споменици, како и пејсажот, мајката му е да се прогласи за Национален парк, според мене.
 
Ако си бил до Свети Андреја и не си видел многу ѓубре.
Јас се најдов во ситуација да не можам да му објаснам на еден Германец, мој гостин со кој пешачевме до браната Света Пека покрај езеро, кој, како и зошто сече дрва (ова се случуваше пред наши очи - луѓе со чамец крстареа по езерото и си бираа дрва кои ќе ги сечат. Во тишината на Матка, особено таму нагоре, кајшто ретко има и луѓе и е ептен тивко слушавме „симфонија на моторни пили“).

Бидејќи Матка има преку 40 ендемски видови животни и растенија, а и заради археолошките и културно-историски споменици, како и пејсажот, мајката му е да се прогласи за Национален парк, според мене.
еден убав и сончев дена сакам да ме прошеташ и мене, пошто појма немам каде треба да се иде, а не е финтата да се губам :D
 
Ако си бил до Свети Андреја и не си видел многу ѓубре.
Јас се најдов во ситуација да не можам да му објаснам на еден Германец, мој гостин со кој пешачевме до браната Света Пека покрај езеро, кој, како и зошто сече дрва (ова се случуваше пред наши очи - луѓе со чамец крстареа по езерото и си бираа дрва кои ќе ги сечат. Во тишината на Матка, особено таму нагоре, кајшто ретко има и луѓе и е ептен тивко слушавме „симфонија на моторни пили“).

Бидејќи Матка има преку 40 ендемски видови животни и растенија, а и заради археолошките и културно-историски споменици, како и пејсажот, мајката му е да се прогласи за Национален парк, според мене.

Јас бев класично доле кај што е ресторантот и после се прошетавме по патеката. Имав и гости од Хрватска а оваа година ќе имам повторно гости и тоа не европејци. Кога стигнавме по реката од сите страни кесиња и друг вид ѓубре, паркингот кој каде сака се паркирал хаос. Пред самата брана ставена една мала корпичка за ѓубре преполна а околу не најмалку уште 100 пати повеќе ѓубре. За среќа дојдовме некако до ресторанот и по таа патеката околу езерото работите се подобри. Како и да е многу незгодно чуство и постојано барање на оправдување. А оправдување нема едноставно треба убав влез и среден паркинг а за сето тоа да се плаќа.
 
Нема проблем за шетање, Матка е фантастично место.
Јас имам намислено уште неколку фантастични локации на Матка на кои сеуште не сум бил (Марков Град, и патеките над Свети Андреја, иако ова последново е малку екстремно).
Како и да е, kooperativa; може да се измисли некоја лесна прошетка по најдостапните места.
Посериозна/поекстремна планинарска тура не би си зел обврска да организирам, оти Матка не е за потценување и бара огромна претпазливост и знаење.
 
и на ЛЕСНА мислев, и да сакам нешто повеќе, душа има да оставам на водно. :pos: знаеш, онака лежерно, со муабет да се стигне на матка. али ...... како бре ќе се вратиме? бус? :cautious:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom