Апчиња (Витамини)

  • Креатор на темата Креатор на темата Psyside
  • Време на започнување Време на започнување
Сакам да наручу витамин Д за мои, около 50 године су и гледам купуев некои Jamieson витамини ама много скупо ги плаќав, над 1200 денара им искача. Подобри ли су тија или овија од iherb како California Gold, NOW? Кое е подобро да им зему, 1000, 2000, 5000?

И ако имате препоруке за Омега3, Б6.

Еве ти
одличен микс поготово за цената.
 
Треба да земам железни таблети. Но, повеќето железни таблети мирисаат лошо и чувствуваат гадење по нивното земање. Дали има апчиња од железо без овој лош вкус и мирис?
 
Дали вредат овие хрватските таблети?
Ми требаат за мали деца.
d8c5df3da737642cef9b144cd1ed9ef4.jpg

Sent from my Mi MIX 2S using Tapatalk
 
Јас чисто железо не би земал ни за себе, фолна со б12, евентуално и б1+б6.
@Psyside ако сретнал подобра комбинација за железо може да ме дополни.
 
Јас чисто железо не би земал ни за себе, фолна со б12, евентуално и б1+б6.
@Psyside ако сретнал подобра комбинација за железо може да ме дополни.

+1 железо се зима само ако има документирана, и долготрајна анемија која не е од нутритивен карактер, за се друго зголемување внес на какао, цвекло, леќа, црвен грав, сусам, спанаќ, како и соодветнa суплементација.
 
Дали вредат овие хрватските таблети?
Ми требаат за мали деца.
d8c5df3da737642cef9b144cd1ed9ef4.jpg
- Не! ова не би било препорачливо за возрасни, а не пак за деца! Зошто?
види го „попратниот состав“ освен железото и Витамин С:

5tkdd2g.jpg

лимунска киселина (конзерванс лимонтус E330 ?) киселост, а регулатор на таа киселост би бил натриев хидроген кабонат, арома, бои наранџаста и црвена како дополнителни хемикали, сладило? (натриев цикламат E952 + натриев сахаринат E954 ) ова комбинација на сладило е контраиницирано („натреен+сахарин“) или барем да се избегнуваат посебно кај децата!

... итн,
 
Дали некој знае, кога се пие витамин цинк, дали треба да има два саати поминато ако си конзумирал кафе или млечни производи!?
Една аптекарка така ми кажа и ме збуни, што врска има, всушност што штета може да настане во организмот!?
 
Никаква штета. Ако е цитрат, глицинат, или пиколинат пример - нема никаков проблем, само за секој случај чекај 1-2h ако зимаш медикаменти.

Со оброк, сабајле или со вечера.
 
Дали некој знае, кога се пие витамин цинк, дали треба да има два саати поминато ако си конзумирал кафе или млечни производи!?
Една аптекарка така ми кажа и ме збуни, што врска има, всушност што штета може да настане во организмот!?
Гледај да е пиколинат, пошо таа форма е најдобро апсорбирана. Пред некое време читав една студија каде тестираат глуконат, пиколинат и не знам уште една форма и пиколинатот испадна најдобар.Дури имаше и ситуација каде суплементација со цинк глуконат всушност ја намалил концентрацијата на цинк во крвта. Инаку не треба да го земаш ако си внел храна со калциум или суплемент мин 1-2 часа.
 
Последно уредено:
Дали некој знае над која сума се плаќа царина за нарачки? Благодарам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom