Апчиња (Витамини)

  • Креатор на темата Креатор на темата Psyside
  • Време на започнување Време на започнување
Јас веќе подолго време имам навика да пијам по еден до два B-complex дражеи на ден. Б-комплекс витамините се полезни за нервниот систем, метаболизмот, кожата, крвта, косата, воопшто добра комбинација на витамини. Нормално дневниот внес на Б витамини не ми е сведено само на дражеите, гледам да ги внесувам и по природен пат, вака само надополнувам ако нешто недостасува. Едно време пиев Дермабион капсули кои имаат исто така добра комбинација на витамини претежно искомбинирани за подобра состојба на косата, кожата и ноктите, но со оглед на тоа дека комбнацијата на витамини беше одлична, секако дека уделот им е и ошто добар и за целиот организам.
 
Не пијте ги ниту витаминските апчиња без потреба, во зимскиот период кога например сериозноста да заболите од грип е поголема тогаш земајте си по една таблетка витамин Ц, но само тогаш на пример, или ако вашата крвна слика е послаба, или сл. неземајте ги баш без потреба, не се штетни но нивно хронично земање може да направи низа оштетувања како нарушување на цревната флора, затоа употребувајте ги но паметно!
 
зашоо бе андол не требе да пиаат деца бее а ај пишајте ма интересират одговорте ваши ај да ва виаам :) :)
 
претерано и долготрајно пиење на витаминот ц е штетно бидејќи се таложи во бубрезите и може да има штетни ефекти врз нив
 
Андолот е истата хемиска супстанца како аспиринот, разликата е во трговското име.
 
Некое мислење за ова http://www.iherb.com/futurebiotics-hi-energy-multi-for-men-120-tablets/3639
FBS-00199-2.jpg

Да земам....да не земам? :)

Кога сме на темава....колку е опасно што мултивитамините содржат супстанции како:
Magnesium Stearate
Titanium dioxide
Silica
Propylene glycol и т.н.
 
Не е нешто посебно опасно, ок е.

Не зимај, има вештачки форми на витамин D и Zinc и тапа форма на калциум и магнезиум, треба да биде D3 и L Optizinc, како и glycinate/citrate.

Потсети ме утре ако заборавам - ќе ти кажам што да земеш, поефтино а подобро.
 
Имам читано студии дека се штетни. Значи лабаво. И најубаво од овошје и зеленчук.
 
Имам читано студии дека се штетни. Значи лабаво. И најубаво од овошје и зеленчук.

Уводниот пост е мој, но е од пред 7 години без малце, сега сум сигрен дека не само што не се штетни, него се премногу здрави (ако се користат правилни форми/соединенија) не генерички булшит.
 
Имам читано студии дека се штетни. Значи лабаво. И најубаво од овошје и зеленчук.
Секaкo декa прирoдните верзии се пoефикaсни, декa сoдржaт и дoпoлнителни мaтерии кoи се искoристувaaт зa пoдoбрa aпсoрпцијa вo крвтa. Нo пoмеѓу oвoшјетo и зеленчукoт, не претерувaјте сo oвoшјетo зaрaди шеќерoт, дoдекa зеленчукoт вo тoј пoглед е дaлеку пoдoбaр. Сепaк денешнaтa хрaнa е дoстa пoсирoмaшнa вo пoглед нa нутритиенти вo спoредбa сo тaa пред некoлку децении предизвикaнo oд нaмaлувaњетo нa хрaнливите мaтерии вo пoчвaтa сo кoи се хрaнaт рaстенијaтa. Зaрaди oвa, и плус дoпoлнителнo штo мнoгу луѓе имaaт нездрaвa исхрaнa, пoтребнo е дa се земaaт минерaлни и витaмински суплементи, кoи нa телoтo му требaaт секoјдневнo сaмo зa дa функциoнирa.
 
Сепaк денешнaтa хрaнa е дoстa пoсирoмaшнa вo пoглед нa нутритиенти вo спoредбa сo тaa пред некoлку децении предизвикaнo oд нaмaлувaњетo нa хрaнливите мaтерии вo пoчвaтa сo кoи се хрaнaт рaстенијaтa. .

Не само ради ова, него ради катастрофалните дигестивни системи кај огромен дел од луѓето во денешно време, па така дури и да јаде по 400 грама тиква на ден, може грам витамин а да нема во него, бета каротен е сосема друга работа.

Иначе до 20x разлика има од плод до плод, па така кога ќе чујам BS муабети дека од храна имало доволно се што ни треба, ми се иде да се отрујам. Вториот мит е оној дека требало од се по малце да се јаде.
 
А сигурнo е тoa декa пoчвaтa е дoстa oсирoмaшенa вo нутритиенти зa рaзликa oд пoрaнo? Иaкo ми изгледa кaкo вистинaтa прикaзнa и всушнoст сум пoбoрник зa неa, сепaк не сум скрoз убеден вo вистинитoстa. Имaш некoј гoре-дoлу сигурен извoр зa тoa? Имaм читaнo пoрaнo зa тoa, aмa oд не тoлку верoдoстoјни извoри.
 
Нема логика тоа да е вистина, порано не користеле ни ѓубрива ни ништо и само ги осиромашувале почвите а денеска неможе да се замисли производство на храна без прихрана со елементите кои се потребни. А може има некаква вистина во теоријата дека третирањето со заштитни средства негативно влијае врз содржината на витамини, па затоа и се фаворизира сега органското
 
Не постои таква работа, и нема да постои никогаш. Има огромни вариации од нива/насад до насад никој неможе да ја тестира се.

Иначе еве ти една добра анегдота т.е. 2 дека е така. Имам другар вежба кросфит, ако не пие магнезиум повеќе од 2 дена добива страшни грчеви, а диетата му е што да ти кажам, 300е на месец само за исхрана дава, а воедно е во топ форма, здрав како дрен. Па така муабетите дека има во храната доволно, е тотален BS, додај на ова малсорбција, IBS, негативни бактерии, автоимуни пореметувања итн ќе ти стане јасно.

Истото и јас можам да го кажам, голем бенефит чуствувам кога пијам суплементи, вклучително и магнезиум. Пример, јадам секој ден по 15 грама бадеми, и 15 грама сончоглед, ама кога пијам витамин е, кожата ми омекнува и добива сјај, овој ефект го немам кога јадам бадеми/сончоглед, кои содржат 1 тон витамин е.
Нема логика тоа да е вистина, порано не користеле ни ѓубрива ни ништо и само ги осиромашувале почвите а денеска неможе да се замисли производство на храна без прихрана со елементите кои се потребни. А може има некаква вистина во теоријата дека третирањето со заштитни средства негативно влијае врз содржината на витамини, па затоа и се фаворизира сега органското

Ѓубривата се ѓубре денеска.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom