Обложување со систем

  • Креатор на темата Креатор на темата StefanJT26
  • Време на започнување Време на започнување

StefanJT26

Captain , Leader , Legend
Член од
11 јануари 2010
Мислења
610
Поени од реакции
7
Ќе може ли некој да ми објасни како функционираат системите во спортските обложувалници ?
 
Ќе може ли некој да ми објасни како функционираат системите во спортските обложувалници ?

Можеше да прашаш тука или тука, за да не отвораш нова тема. Инаку за системите има во билтените од кладилниците, најчесто на последната страна. И ти пишува таму системи, на пр: 3/4, 5/7 итн. и ти пишува секој систем колку комбинации има. Може и на пример системи со фиксови, пр: 3/3 па потоа 3/5, и многу други комбинации.

Инаку за пресметки за добитка: максимална, минимална итн. не знам тоа како оди точно. Ми кажуваа еднаш ама не разбрав. :toe: Инаку тука можеш да пресметаш систем.
 
Како што разбрав , треба да одиграш неколку фикс натпревари , а потоа да направиш систем. А како се пресметува максималната/минималната добивка ?
 
Начинот на пресметување е премногу сложен доколку сакаш можам да ти постирам поточно како оди ,ако те интересира
ако не да не се тупи многу со пресметување има еден програм многу едноставен кој ти пресметува се

клик тука за симнување на програмот
 
Па ме интересира. Ако не те мрзи кажи.
 
Како што разбрав , треба да одиграш неколку фикс натпревари , а потоа да направиш систем. А како се пресметува максималната/минималната добивка ?

Фиксни утакмици или пред системот си ставаш колку сакаш утакмици обично се ставаат посигурните,потоа во системот си играш кој сакаш натпревари и си бараш од табела на корицата на билтенот што ја има и си бираш што систем сакаш да играш на пример во системот 2 од 5 имаш 10 комбинации зависи од која кладилница се кладиш на пример во спортлајф можеш тој систем да го уплатиш за 20 денара но тешко да направиш солидна добивка.Исто така 3/5 ти се 10 комбинации,4/7 и 3/7 ти се 35 комбинации што повеќе утакмици фаќаш толку добивката ти е поголема.Ако ги фатиш сите во системот и пред системот ти се зима во предвид максималната добивка што ти ја дава на тикетот.
 
Па ме интересира. Ако не те мрзи кажи.
сепак ти препорачувам симни си го програмчето :)

За тоа како оди пресметувањето ни јас незнам затоа што знам дека е сложено а и го имам прогрмот сега,ама имаше на еден форум онака попросто објаснето затоа и ти реков дека можам да постирам ,но го изгубив линкот до тој форум
ако најдам ќе пишам
 
А тоа колку комбинации има системот , само укажува на сигурноста , или има и некое друго значење ?

И дали можам натпревар што го имам играно како фикс , да го играм и во систем , и дали можам во системот да играм на пример 0-2 , 4+.... или морам 1 , 2 или X ? - истово прашање и за фикс натпреварите.
 
Можеш шо сакаш да играш.
Еве иста тема... http://forum.kajgana.com/showthread.php?p=2496761#post2496761
 
И уште само 1 прашање.

Дали јас играм систем на пример 3/7 , и тоа значи дека треба да погодам 3 натпревари од 7-те што ќе ги играм , или играм 7 натпревари во систем , и колку погодам толку се бројат. На пример погодам 4 и се множат тие 4 коефициенти , па се множат со сумата , па се дели со комбинациите како 4/7.
 
На систем 3/7, мора да ги погодиш сите фиксови, плус најмалку 3 од долните за минимална добивка.
Колку повеќе фатиш, толку поголема добивка, ама мора најмалку 3 долу да фатиш.
 
И уште само 1 прашање.

Дали јас играм систем на пример 3/7 , и тоа значи дека треба да погодам 3 натпревари од 7-те што ќе ги играм , или играм 7 натпревари во систем , и колку погодам толку се бројат. На пример погодам 4 и се множат тие 4 коефициенти , па се множат со сумата , па се дели со комбинациите како 4/7.

ако играш 3/7 ,3 ти се минимум што треба да ги погодиш ,ако погодиш 2 го губиш тикетот ,ако погодиш 4 или повеќе ти ја зголемуваат добивката

Еве вака се рачуна добивката:
Систем:3/7
Комбинации:35
Уплата:350 денари

3 минимум коефициенти што треба да ги погодиш ги множиш меѓусебе
Пример: 3*3*3=27

И уплатата ја делиш со бројот на комбинации
350/35=10

Бројот од коефициентте го множиш со бројот од комбинациите

27*10=270
и ја добиваш минималната добивка 270 денари :)

Ако погодиш 4 натпревари тогаш множиш со бројот на погодени натпревари односно 4
270*4=1080 денари
 
Ако погодиш 4 на пример а бараш 3 вака се рачунаат...

Пример погодуваш утакмици со 2,9 3,5 4 4,5 коефициент и правиш комбинации од 3 од нив. Пример 2,9 3,5 и 4. Па после за 2,9 4 и 4,5 на пример. И за сите така ќе израчунаш па ги множиш со коефициентот од фиксните и така. . .

ЕДИТ Погоре ганер објаснил појасно . . .
 
ако играш 3/7 ,3 ти се минимум што треба да ги погодиш ,ако погодиш 2 го губиш тикетот ,ако погодиш 4 или повеќе ти ја зголемуваат добивката

Еве вака се рачуна добивката:
Систем:3/7
Комбинации:35
Уплата:350 денари

3 минимум коефициенти што треба да ги погодиш ги множиш меѓусебе
Пример: 3*3*3=27

И уплатата ја делиш со бројот на комбинации
350/35=10

Бројот од коефициентте го множиш со бројот од комбинациите

27*10=270
и ја добиваш минималната добивка 270 денари :)

Ако погодиш 4 натпревари тогаш множиш со бројот на погодени натпревари односно 4
270*4=1080 денари

А во систем 3/7 пример , и погодувам 4. И сеа како знам кои 3 коефициенти ги множам меѓусебе?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom