Состанок со "јас"? :)

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување

Состанок со себе?:)

  • Да, нормално!

    Гласови: 82 62,1%
  • Не, никако!

    Гласови: 20 15,2%
  • Незнам ...

    Гласови: 30 22,7%

  • Вкупно гласачи
    132
Да можев да си влетам сама на себе во прегратки дур трчаме на плажа на зајдисонце, би го направила тоа.:)
Интересен момент, морам да признам. Добро, не мора да е трчање. Може и од вода со залет да си се гушнеш додека потскокнуваш кога бранчињата ќе ти ги допрат врвовите од прстињата на нозете. Знаеш, вода, свежичко, наежена кожа. Бап, како добар човек се затрчуваш да се стоплиш:shy:


Да, би отишла на состанок со „јас“. Би било пеколно, ама слатко црвено.
 
Како што глеам сите си се нарциси на форумот - шала мала:) Е ај да почнам и јас:)

Епа на прв поглед ќе си речам (за мене) каде со оваа дигнатата, нишо не праиме, ама откако ќе видам дека и не баш така со сите ( што стално им се дешава на браќата и после ми кажуваат) - е тогаш ќе излезам со мене и ќе се фатиме ( ако не јадам корпа - јас машкото:pos2:) и среќно ќе си живееме... И ќе си речам јаооо, каква добра особа сум нашол и ако не ме откачи ќе бидам најсреќниот човек на планетата.


Крај на филмот:kesa:

п.с. Јас ова го сфатив као дека јас сум сосема друго машко и треба да излезам со женско - во случајот ЈАС вистинската:) Да да мислам го доловив случајооттт.
 
Абе би било добро да се деси,ама не сум сигурен дека би стигнало до таму,би требало прво да си паднам во очи,а ако веќе се стигне до состанок,би си дал совет на себеси...Го фор ит:pos2:....
 
Да, на почеток секако дека би се загреала за себеси и би излегла на состанок со себе. Само прашање на време е колку ќе издржам со себеси како што врската би се задлабочувала, а моите комплицирани особини полека би излегувале на површина. :pos:

Да имам две шанси да излезам со себеси, втората секако не би ја искористила. Еднаш да се изгорам е доволно. :pos:

Плус, што муабет би правела со себеси, на крајот на краиштата? Ќе имаме исти ставови, исти гледишта, ќе се сложуваме за се, јас ќе кажам нешто, јас ќе потврдам дека се слагам, и конверзацијата уште у старт ќе се умртви... :icon_lol:
 
Нема шанси... Физички ај можда и проаѓам ама карактерно... Не би се втурнала себеси во толку замарање...
 
Би излегол со ’’ јас ’’ . многу страст ке преовладува , нагони а и карактерно би се согласувале :)
 
Паа...Да!
Иако сум малце комлицирана личност и тешка за сфаќање понекогаш , сепак би прифатила состанок со "Jас". Ќе ги имаме истите желби, ќе знае он или ја што сакам, на што да обрне највеќе внимание и двајцата би се чувствувале најубаво зашто исто би размислувале...Но колку што е добро толку е и лошо:) Мислам дека не би успеала да трпам некоја особа како мене кога е изнервирана или кога не и е денот...ќе си имам проблеми, али како и да е би пробала да можев...:)
 
Не сакам да звучам нарцисоидно, ама секако дека би излегла и тоа без размислување што се однесува до изгледот.
Ама како што и некој погоре напиша, по карактер сум доста тешка за разбирање, али јбг ако сакам да си бидам, ќе бидам па макар и со тежок карактер
 
Дефинитивно дека би излегол со ЈАС хехехехехехехе(нарцис) сепак карактерно ќе бидеме луда комбинација никоаш не сретната до тогаш хеехехех и може нешто повеќе од DATE....
 
Па најверојатно не...тешка особа сум за трпење и треба човек многу да ме сака, а јас немам трпение за тоа и одма би избил конфликт со мене... Мици (доти4ната) љубави, не се љути молимте:smir:
 
Да, без размислување знам убаво ќе си поминам:helou:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom