Реакции на Законот против пушење на јавни места

  • Креатор на темата Креатор на темата *-----*
  • Време на започнување Време на започнување

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор

  • Вкупно гласачи
    714
Уште не сум излегол после новогодишното славење, се излежавам масовно по дома. Се и сешто прочитав и слушнав и искрено поделен сум со ставот.
Бесен сум затоа што буквално ме засега во секој сегмент, ама па има и добра страна ова, само што за жал негативностите се многу поголеми.
Ајде ќе видиме до каде и ќе изгура и ова...
 
Оф лелееее пак ќе заглавам во темава како што ми се чини. Добро бре луѓе зошто да пушите? Па после болни да легнувате?! Мислам стварно! И во сите држави ако не се почитува законот има казна какво богатење бре веќе аман! :tapp:
Мислам ствааарно веќе неможам да ве читам! Со овие (извини вака) безврска постови! Зошто да пушите??? ПОЛЕКА НО СИГУРНО ПУШЕЊЕТО УБИВА!!!

Ај прочитај го постов.
HITCH добро објасна, кај беше држвава да мисли за доброто на граѓаните кои живееја во близина на Окта и Велешка топилница?
И да, се полнат пари на големо од овој посран закон.
Нека има казни,ама казните треба да се направени според МАКЕДОНСКИ стандарди,не ЕВРОПСКИ.
Нека земаат сите по 1000 евра плата,па нека се казниве олку големи.
Во Германија на пример брачед ми преку лето работи на бензинска и зема 800 евра месечно и таму казните да се 300 евра е сосема добро затоа што можат да се платат.
Во Македонија земаш 200 евра најпоќе за таква работа,па немаш друга опција освен да лежиш в затвор.:toe:
 
Законов тапа!!!Синоќа сабота одиш у кафич пиеш се веселиш а неможеш една цигара да испушиш како човек, 20 пати излегував надвор на ладно да пушам цигара, а најжално беше тоа што сите пушичи застанале пред една канта и стојат мирни како да се на стрелање. Исто и некнеска на нова година, кога помина 12 саат ни забранија да пушиме. Незнам што не направиме протести, ова неможе вака...:toe::smir:
 
ма :wink:

А зошто воопшто почнал да пуши? Кое задоволство го имаат пушачите ама воопшто не ми е јасно:toe:Зошто? Па уште се против добар и паметен закон леле!:uvo::uvo::uvo::uvo::uvo::uvo::uvo::uvo:
И како пропушил така и ќе си се откаже:wink:
Oh god.
Ни мене не ми е јасно воопшто кое задоволство се,ама зависник се станува.
Мајка ми ги откажа цигарите 2 години не пушеше цигари, од неразјаснети причини пак почна да пуши.
Законов е далеку од добар,уш подалеку од паметен.
Шо фалеше на тоа посебни простории за пушење?
Како само си ги полнат џебојве то е неверојатно.
Државава за многу работи е слепа,само за даноци и казни ги има ококорено очите.
 
Чекајте малце.....
Ако не пушам цигари-Т.Е тутун-односно ако пушам хербалета која не влевца во дефиницијата за цигари...ќе ме казнат..и мене и газдата??
 
А опција да не пушиш????????????????
Нетмкд, на страна од муабетов за законот...имаш користено дрога (лесна или не, опијат сеедно) подолго време (за кое време се стекнува зависност)?
И како пропушил така и ќе си се откаже:wink:
Според ова, очигледно не. Со човековата хемија не е така едноставно инаку и оние на алкохол и други опијати и дроги лесно би се одвикнале. Прекинале со тутун воглавно оние на кои има висел животот на конец.

А зошто воопшто почнал да пуши? Кое задоволство го имаат пушачите ама воопшто не ми е јасно:toe:Зошто?
Ова не е упатено до мене ама...камо повеќето од нас да не почнале. Курназлук, љубопитство, проба, друштво. ..тинејџерски работи.

Ако не пушам цигари-Т.Е тутун-односно ако пушам хербалета која не влевца во дефиницијата за цигари...ќе ме казнат..и мене и газдата??
Можеш Смартес со апченца или она што го пишавме -снус (негде под јазик). Количината на никотин си ја добиваш, а не чадиш и нема да те казнат. Е сега, друго е она со навиката при кафе или алкохол...тука секако снус е тешко да се користи. Пиеш и шмукаш некоја каша :)
 
EU subsidies to tobacco producers: an absurdity
1 милијарда евра за производство на скоро насекаде забранети за консумирање производи. ЦАП на ЕУ е навистина полн апсурди и насочен кон интересите на одредени политики и држави. Некои велат за здравје, ок...ете ги парите за здравство, има полно пари :)
Проблемот е што светската тутунска индустрија е многу појака одколку што и се помислува. Влезени се во сите сегменти на власта преку своите лоби групи, почнувајќи од мали држави како нашата па до најголемите како САД и ЕУ, дури ни Кина е имуна ама таму друга е приказната.
 
Законов ќе се измени....СЕ Е ПРАЗНО!!!

Единствена трговска размена во градовите на држава со 40% невработеност моментално е само чушки и компири.

ако сакате ќе спроведам кратка студија...последните десет дена пред да стапи законот во сила-и 10 дена потоа...па да видиме која економија е??
 
ма :wink:

А зошто воопшто почнал да пуши? Кое задоволство го имаат пушачите ама воопшто не ми е јасно:toe:Зошто? Па уште се против добар и паметен закон леле!:uvo::uvo::uvo::uvo::uvo::uvo::uvo::uvo:
И како пропушил така и ќе си се откаже:wink:

И упорно одите со глава во sид!:uvo::uvo::uvo::uvo::uvo::uvo::uvo: Абе зошто воопшто да пушите кое е задоволството?????????????? Ај прочитај ги моите постови на темава или конкретно овие последниве.

Баш ги читав твоите постови и гледам дека немаш врска што воопшто зборуваш...Ќе ти го кажам истото она што Hitch го кажа за топилницата во Велес и за Окта и за многу други работи. Плус, ако не си знаел/ла чадот од колите и оџаците на куќите ( сега зимно време ) се поштетни за дишење отколку чадот од цигарите...Гледам во секој пост имаш "упорно одите со глава у ѕид"...Тебе ич да не те боли таквото ние каде удираме и со што...Јас почнав да пушам на 14 години а сега сум 18 па моите родители никогаш не ми забраниле да пушам а која е пак владата да ми забранува да пушам? Што, ако ти не пушиш значи дека ќе живееш 300 години?
 
Аеееееееее бог да чува! Државата се грижи за ЗДРАВЈЕТО на пушачите, лесно е да направеше посебни простории ама пак ќе си го уништуваа здравјето! И упорно одите со глава во sид! Готово кажав што имав да кажам и не пишувам повеќе на темава! Само ќе повторам-полека но сигурно пушењето убива!
Ко пијан за бандера си.
Ама стварно.
Државата се грижела за нашето здравје. Тикви со расол.
Шо не и помогнаја на Мартина Димитрова и на многу други деца на кои животот им висеше на конец,туку се фатиле за пушачите да плаќале казни затоа што е ТООООЛКУ МНОГУ загрижена за здравјето на граѓаните?
 
Државата ако се грижеше за здравјето ќе извршеше гасификација на РЕК Неготино...па и на Битолската-која кој ти знае колку тони СО2 и други токсини има испуштено....и колку од нив завршуваат во почвата,па кај нас??
 
Гледаш...сте почнале заради глупост. Епа откажете се бре!
И кокаинџиите и хероинџиите почнале од глупост...алкохоличарите исто. Ама ај нека се откажат од пиење, шприцање, дување. Реков и да не се повторувам, човековата хемија е многу сложена работа инаку досега најверојатно би измислиле блокада на оние центри одговорни за ваков вид зависност. Имам испушено кола за овие 25 години, заедно со жената имаме издувано стан. Сум пробувал...и не е до воља и карактер, има и други ствари кои пак ќе те навлечат.
Ова е дрога
. Со ова гледаш дека нема лесна и тешка дрога, гомно си е гомно, било во каква состојба.

А за законот...закон е, ќе го почитуваме додека е на сила.
 
Проблемот е што светската тутунска индустрија е многу појака одколку што и се помислува. Влезени се во сите сегменти на власта преку своите лоби групи, почнувајќи од мали држави како нашата па до најголемите како САД и ЕУ, дури ни Кина е имуна ама таму друга е приказната.

Ајдеееее почнавме сега и со светски заговори! Абе не знам кој дел не го сфаќате?! Многу е едноставно! Има повеќе пушачи од непушачи? Нека се поделат во различни простории и крај!!! Не можеш да му кажуваш на некого како да живее! Не можеш! Мое право е што сакам да правам. Терминот демократија за некои работи ми е многу несреќно избран и уште понеточно користен но во овој случај совршено се софпаѓа! Имаше состанок за климатски промени сега скоро? Се договорија нешто? Ајде малку надвор од темава да поразговараме! Колку е чист воздухот што го дишиме? Македонија не е сама на овој свет! Ние не сме некои загадувачи на воздухот, има многу поголеми штетници од нас, АМА проблемот е што ние сме експериментални глувци. Со кој памет правиш закон со кој тврдиш дека ако се искорени пушењето луѓето ќе дишат почист воздух? Не ти звучи ова малку смотано?

Кога ќе се намали прометот ќе видиш дека одма ќе напраат промена на законов! И да не се лажеме секој закон има дупки, а овој закон нема една здрава основа за која да се фатиш па да речеш добро ајде ова чини! Немој да се правиш дека не разбираш што ти велам!

Патем јас не сум пушач, ама не ми сметаат пушачите. Секој нека прави што сака со својот живот!

Лелеееееее бре се слушаш ли што пишуваш! Е ајде не се замарам веќе со вас кажав што имав да кажам! Ако некого го интересира што сум кажала нека ги прочита моите постови на темавата!

толку многу се корисни, сега еве ќе ги принтам па ќе си ги читам пред спиење и ќе си мислам на тебе! :pos2:
 
И кокаинџиите и хероинџиите почнале од глупост...алкохоличарите исто. Ама ај нека се откажат од пиење, шприцање, дување. Реков и да не се повторувам, човековата хемија е многу сложена работа инаку досега најверојатно би измислиле блокада на оние центри одговорни за ваков вид зависност. Имам испушено кола за овие 25 години, заедно со жената имаме издувано стан. Сум пробувал...и не е до воља и карактер, има и други ствари кои пак ќе те навлечат.
Ова е дрога
. Со ова гледаш дека нема лесна и тешка дрога, гомно си е гомно, било во каква состојба.

А за законот...закон е, ќе го почитуваме додека е на сила.

Па нормално дека дрога си е дрога нема лесна и тешка дрога исто срање се и двете, заедно со цигарите и алхохолот! Никогаш нема да пробам дрога и цигари! Па ни алхохол(зборувам за жештоки пијалоци-пиво и вино сум пробала ама не повеќе од чашка)!
Овие три работи се најголемите срања кои го уништуваат човекот! Па не планирам да се уништам! И готово не ме цитирајте не одговарам пак ќе порачам прочитајте ги моите постови на оваа тема ако ве интересира моето мислење и ајде поздрав.
 
Не е единствен....и јас знам примери...а и секој.

Па шо не фанале тие бронхитис,астма,канцер...башка после 70 години ослабува срце,коски...цел организам...а луѓево ЖИВИ...епа таа е...

Абе се некако имам впечаток дека на локално ниво владата има поставено ретарди Т.Е ВМРО мнозинството се со низок ајкју...затоа и не ги бива...тоа е членството...јас знам 50 членови кои немаат абер за втора светска војна,за студената војна...југославија...туку шлапаат само Б.Ц-Б.Ц....АМАН бре налет Б.Ц,ама гледате СДСМ барем не возвраќаат Љубчо Љубчо-окта..телеком...

Многу арогантни ова владава...премногу..

Кој закон-па дискриминација е....ај замислете си да има закон каде ќе биде забрането за непушачи-ако го фанат 500евра??

Ај ставете се во таа состојба.

ајде да поправим

Па нормално дека дрога си е дрога нема лесна и тешка дрога исто срање се и двете, заедно со цигарите и алхохолот! Никогаш нема да пробам дрога и цигари! Па ни алхохол(зборувам за жештоки пијалоци-пиво и вино сум пробала ама не повеќе од чашка)!
Овие три работи се најголемите срања кои го уништуваат човекот! Па не планирам да се уништам! И готово не ме цитирајте не одговарам пак ќе порачам прочитајте ги моите постови на оваа тема ако ве интересира моето мислење и ајде поздрав.

Мене не ми одговори.

Башка-здравјето...хехаа колку мутагени има во храната која ја конзумираш...ццц
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom