Реакции на Законот против пушење на јавни места

  • Креатор на темата Креатор на темата *-----*
  • Време на започнување Време на започнување

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор


  • Вкупно гласачи
    714
оф топик ке бидам.. има уште една ваква слична тема па предлагам администраторот да ги спојат заедно темите.. бајаги дискусија има гледам...


ТЕМАТА
 
Слободно момче, овде се збори за законот од економски аспект. Таму, од здравствен, ваљда.
 
Сварно ова нема врска околу забранувањето на пушење, ја некој ако се опие хаха а неможе да издржи без цигар и ? :vozbud:
 
Мене ми одговара :toe: не сум пушач а и стварно смета навачер во гужва кога ќе почнат очи да те печат од чадот...незнам дали ќе издржи законот тоа ќе видиме,во секој случај мислам ќе има откажувачи,а тоа е нели најбитното :smir:
 
Законов е тотална глупост, видете сега, неможе држава во која една од главните гранки во земјоделството е тутунот, каде што цел град живее од одгледување тутун, да го аболицира истиот.
Размислете, како што е лоша економијата во светот, која држава би била увозно ориентирана за тутун, поготово наш тутун.
Друга работа, акцизата и другите давачки који одат со тутунот.

И нека не зборуваат, оние демагози, што возат коли за 15 метра, што во последните 10 години не се качиле во автобус само затоа што се господа. Нека се качат на средно водно, нека погледат горе како гасовите се познаваат. Оти лесно е да делиш памет.

Не сум пушач, но несакам да се дискриминираат пушачите. Тоа е балкан, мора малку властите да се научат за да има европски закони мора да има скандинавски менталитет.

Еве пример нека одат до скандинавија, Данска, и таму има ваков закон, но таму воздухот е 10 пати по чист, оти секој користи јавен превоз, секоја фабрика треба да исполни еколошки услови за да добие сертификат да почне да работи.
 
Е сега, тета Ацева тебе ќе ти објасни (а и на останатите чистунци) како ќе изгледа животот после први јануари:
1. Алиштенцата нема да ви мирисаат на цигари, ама ќе мирисаат на знојче и лукче, а богами и на скаричка, зависи каде милувате да се нахраните, што значи дека пак ќе морате да ги заперете, од време на време.
2. Јас, како уживател на животот и се што сум решила дека ми е уживање, нема да влегувам и излегувам од никаде каде што е топло и каде што ми е фино и да настинувам, затоа што не сакам да го оптеретувам додатно нашиот ценет Фонд за здравство.
3. Точката два значи дека воопшто нема да ги посетувам услужните објекти, затоа што не влегувам во нив да се најдам туку да се видам со драги луѓе и да потрошам квалитетно време и квалитетна сума пари. Ако не ми е убаво, односно ако ме ставаат од другата страна на Законот со тоа што ми е убаво, јас ќе ги тошам моите пари на други места.
4. Најгруба пресметка е дека јас (само јас) трошам годишно околу 5000 евра по кафани и околу 2000 евра за цигари.
5. Со мојата одлука под точка 3, во моментов остануваат двајца вработени од услужните дејности без годишна бруто плата.

Дали треба да резимирам или сам ќе си го извлечеш заклучокот. Намерно не ставив прашалник на крај.


Свака част ! Да ти се позлати тастатурата :tup::olee:
 
Како што кажав, новата кола ја возам на отворено, каде што е дозволено и да се пуши. Не влегувам во кафич со колата запалена :smir:

Aха,значи уште еден масовен убиец со ново средство за масовно убивање на отворено,како на сликите подолу?Едно просечно возило загадува,или испушта штетни материи минимум колку 500 000 пушачи во ист момент и за исто време додека работи!

2ntg56b.jpg


23vaydl.jpg


fnyf5e.jpg


28ckavn.jpg


34qwcut.jpg


29nw0lg.jpg

После “јагнето му ја матело водата на волкот“,абе ајде.:kesa:
 
Законот им одговара на непушачите, додека е очигледно дека не им одговара на пушачите со наведениве слики горе. Што мислите дека по воведување на законов ќе ни се прочисти воздухот на ниво на земјата? Нема. Пак ќе пушат. По дома, од прозор, на гости... кај стигнат, и кај не ги фатат.Законов е добар, зашто јас како непушач ќе си имам мир коа ќе си седнам некаде на кафе (се мисли на кафич кој ќе се труди да го испочитува) и нема да ме чади некој со цигара и да ми праи шатови. А вие, шо ќе ве фаќа криза за една цигара, секогаш постои алтернатива. Идете си дома.:smir:
 
само на кратко.. баш ме интересираше колкуи пари се даваат по цигариве онака од цела македонија... пресметката е ваква..
30% пушачи од 2 000 000 луѓе * 50 денара кутија цигари * 365 дена во годината = 10 950 000 000 денара или во евра ако сакате тоа му доаѓа 178 048 780 евра
просечно земав ваква цена односно најниска цена за цигари - 50 денара колку шо се нормални цигари башка има некои пушат по 2 кутии некои кутија им трае два дена некои купуваат цигари од 70 80 100 денара... така да ова рачунајте го за минимум потрошувачка
епа драги мои замислете кога овие пари би се преполовиле (по претпоставка дека со законов пола од нив ке се откажат од цигариве ма да чисто сумљам) кај би се давале другите.. намалено производство на тутун ова автоматски отпушта работници од кафани кафичи дискотеки и тн и тн и тн... - ЗАКОНОВ СЕА ДОБАР Е???
 
само на кратко.. баш ме интересираше колкуи пари се даваат по цигариве онака од цела македонија... пресметката е ваква..
30% пушачи од 2 000 000 луѓе * 50 денара кутија цигари * 365 дена во годината = 10 950 000 000 денара или во евра ако сакате тоа му доаѓа 178 048 780 евра
просечно земав ваква цена односно најниска цена за цигари - 50 денара колку шо се нормални цигари башка има некои пушат по 2 кутии некои кутија им трае два дена некои купуваат цигари од 70 80 100 денара... така да ова рачунајте го за минимум потрошувачка
епа драги мои замислете кога овие пари би се преполовиле (по претпоставка дека со законов пола од нив ке се откажат од цигариве ма да чисто сумљам) кај би се давале другите.. намалено производство на тутун ова автоматски отпушта работници од кафани кафичи дискотеки и тн и тн и тн... - ЗАКОНОВ СЕА ДОБАР Е???

Да бидејќи се штетни цигарите тие пари можат да одат на друго место, од џебот на пушачот се жалат нема пари вака така а кога ќе израчунаат месечно колку даваат за цигари нема да им се верува. Класично перење мозок.
И уште ова цигарите нема да ги снема со законов ќе ги снема дента кога ќе престанат со работа тутунските комбинати.
 
Тие индустрии никогаш нема да престанат да функционираат т.е тоа се милијардерски индустрии од кои буџетот на државите црпи многу. Ако беше само до штетата од цигарите одамна ќе беа затворени.
 
Убаво...одредени брендови(по ценовни категории) ќе се продадат...родео,класик...има лоби ахахах:pos2:

Ајде полни буџет...една работа чув,но не сум сигурен,за неносење лична карта казна 100 евра на место ако плати а 300 преку банка...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom