Реакции на Законот против пушење на јавни места

  • Креатор на темата Креатор на темата *-----*
  • Време на започнување Време на започнување

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор

  • Вкупно гласачи
    714
Знаете ли колку влегуваат на сметка од акцизи?Знаете ли цигарите во која роба спаѓаат и колку приход прават.Од друга страна прометот во кафани и кафиќи,тутунари,лекарства...Кога се тоа ќе се спои,законов е повеќе од глуп.:smir:
 
Законов е дополнителен механизам за полнење на државната каса. Секако, нема да пушам во затворени места, јебига, ќе си излезам надвор, ко прав мајмун да си чурам на минус двеста, кога не ми доаѓа памет да ги откажам. Секако, чадот од цигарите пречи, дури е и нехумано да димиш во просторија со деца или хроничари. Само се надевам, ќе ги зачестат кантите до кои треба да се обавува дејството - пушење на отворено место. Инаку, не знам, очигледно е дека државата не го воведува законот за да ни го заштити кревкото здравје, туку за да дополнително го надува буџетот. Во спротивно, сите фабрики за тутун треба да се затворат, или пак цигарите да се извезуваат.
 
Ние имаме многу чудни закони во државата...

Забрането пушење во затворени простории, се тужат и се добиваат предмети со мечки и коњи, светлата на колата денско време требало да бидат пуштени (да ама во Сингапур и Шангај каде има смог!), трето дете, петта швалерка...

Јас незнам веќе од утре какви ли не дебилни закони ќе има... абе мора да се полни касата - избори се ближат, избори се ближат!
 
Знаете ли колку влегуваат на сметка од акцизи?Знаете ли цигарите во која роба спаѓаат и колку приход прават.Од друга страна прометот во кафани и кафиќи,тутунари,лекарства...Кога се тоа ќе се спои,законов е повеќе од глуп.:smir:

Ако парите за цитостатици се издвојуваат од фондот за здравство, ондак на државата не и се исплати да пушиме. Од друга страна пак - ако не умираме млади тогаш живееме подолго и дочекуваме старост па сме на товар на пензиско а богами и на здравство за лечење на останатите несмртоносни болести.

Изгледа патриотски ќе е да се пуши и да се умира млад :)
 
Ако парите за цитостатици се издвојуваат од фондот за здравство,
Парите од фондот (од лични семејни искуства) се користат за малку ефикасни цитостатици. За подобри резултати треба сам да си купиш лек кој чини 1000-2000 евра месечно...за да преживееш што подолго. Во спротивен случај прогнозите на куси стази се многу лоши со постоечките признаени лекови од фондот.
Инаку ако се гледа на здравјето би требало да се донесе закон и за дебелина (како сега скоро во Јапонија) пошто згоеноста е (заедно со загаденоста и зрачењето, а не само и исклучиво цигарите) број еден причина за најопасните болести во светот.
 
Јас возам нова кола чие загадување е сведено на минимум. И многу помалку штетно од цигариштата. Кола возам по улица, на отворено. Каде што, воедно, смее и да се пушат цигари.
Пред малку се вратив од кафич во лептокарија, седев во дел за НЕпушачи. До мене седнаа две девојки и запалија цигари, и покрај знакот NO SMOKING и прешкртаната цигара пред нив. И ајде, каде сега јас да одам? Да не одам во кафич зашто некои кокошки не знаат да читаат? Или на келнерката не и се чувала масата празна? Зашто да го трпам чадот, да ме печат очи и грло? Што ги кошта да седнат во дел за пушачи, па ако немаат маса нека чекаат, је*и га, и јас чекам кога нема за непушачи. Затоа треба фино-лепо, трајно да се банираат цигари од затворени места, не дел за пушачи/непушачи, кој сака да пуши - вонка! Самоубивајте се ако сакате, не убивајте други!
И на крајот на краевите, само во Македонија (ајде да речеме и Балкан, иако во Хрватска веќе се освестуваат) пушењето се смета за кул, фенси и секојдневна работа. Секаде каде што луѓето се малку поосвестени се третира како закана и на пушачите се гледа дури и со потсмев и гадење и се буквално избркани. Ако ти се пуши, си одиш надвор, ако не ти одговара-не пуши.

Aха,значи сега ти со новата кола загадуваш само колку 500 000 пушачи кога ја возиш?Е па убаво де,веднаш да појдеш во гаража и да ја стартуваш новата кола,ама отвори ги прозорците за да ја истестираш навистина твојата нова кола колку е опасна по живот.Ќе го продолжиме разговорот ако се вратиш по само 10 минути од “тестот“.
 
Како што кажав, новата кола ја возам на отворено, каде што е дозволено и да се пуши. Не влегувам во кафич со колата запалена :smir:
 
браво за владата !!! овој закон дефинитивно и требаше на Македонија :)
едноставно не е пријатно ако не си пушач да ти чадат другите кога си некаде
 
Пушењето ќе се казнува и на Нова Година

Пушењето казниво и на Нова Година
24.12pusenje.jpg

Откако ќе си ја честитате Новата Година веднаш изгаснете ги цигарите, бидејќи од полноќ на 1 јануари почнува примената на Законот за забрана на пушењето, а инспекциите нема да се поколебаат да ве казнат!

Државните инспектори се веќе на терен и ги предупредуваат угостителските објекти дека законот ќе биде стриктно применуван веќе во првите минути од 2010 година, пренесуваат агенциите.

„Државните пазарни инспектори во време на празници имаат одредено дежурства иако во намален број, така што не е исклучена можноста дека и од 1 јануари веднаш ќе бидат на терен“ изјави директорот на Државниот пазарен инспекторат, Сашо Јакимовски.

Министерот за здравство, Бујар Османи и министерот за економија Фатмир Бесими денеска уште еднаш ја истакнаа решителноста во борбата против пушењето како еден од најсмртносните пороци на денешницата.

„Ќе се изработи акционен план за дневните активности, оперативни активности на надлежните инспекторати од првиот час на имплементирање на Законот“, нагласи Османи.

„Се превидува стопроцентна забрана на пушењето во сите јавни објекти и простории. Медицинските факти и докази јасно покажуваат дека пушењето е поврзано со 25 причини за смртност и е фактор број еден во шест од осумте причини за смртност и факт е дека пушењето ќе ги убие половина од сегашните пушачи. Тргнувајќи од овие факти Законот треба да ги натера пушачите да се откажат од пушењето“, нагласи Османи.

Тој вели дека не само што со Законот се заштитува здравјето на граѓаните туку ќе се заштедат пари кои се трошат на лекување на болестите предизвикани токму од пушењето.

24.12pusenje4.jpg
[SIZE=0.5][/SIZE]
Според анализите на Светската здравствена организација во светот се трошат 100 милијарди евра за лекување на болестите од пушењето. Османи вели дека ако овие бројки се сведат само на Македонија, тогаш тоа значи дека 80 милиони евра годишно Фондот за здравство одвојување за лекување на пушачи, пари кои би можеле да се пренаменат за осовременување на здравствените установи или за други потреби на граѓаните.

Министерот Бесими истакнува дека и покрај забелешките на Законот, тој нема да биде одложен и веднаш ќе се почне со негова ригорозна примена.

“Целосно ќе ги имплементираме Законот со цел да се постигне ефектот што сакаме со оваа иницијатива да се постигне во Македонија пред се за здравјето на граѓаните“, вели Бесими.

Во врска со укажувањата на угостителите дека со стапувањето на сила на законот, значително ќе се намали нивниот промет, Министерот за економија Фатмир Бесими вели дека овие импликации се краткорочни.

„Секако дека има и свои економски импликации во индустријата врз одреден сектор од економијата, тие се краткорочни. Доколку се пресметува нето ефектот врз јавните средства, врз економијата, тој ќе биде позитивен“ изјави Бесими.

Од идната година пушачите нема да можат да пушат во кафеани, кафе-барови, дискотеки, пабови, на стадиони, а во лето и во бавчите. Законот ќе дозволува пушење единствено на отворено, пред кафеаните. За правните лица се предвидени казни од 2.500 до 4.000 евра, а за физичките лица од 150 до 300 евра.

Извор
 
Aj i toa da go vidam, da kaznuvaat za novogodisnata vecer.:tv:

Tuku, daj be nekoj ako moze neka postira link do zakonov, za da procitame tocno sto kako e. Nekoi velat edno, drugi edno, treti treto. Nekoi velat deka ne ke smee da se pusi samo na mesta kaj sto se sluzi hrana, a nekoi sekade. Sto e tocno?

p.s. inace, jas vekje si najdov mesto-kafic kade sto na raat i dalje ke si curam cigari uz kafe. :)
 
ќе се сснат гарант три-четворица партиски војници(такозвани инспектори), па за добрата услуга на 1 наутро место банкнота од 100 евра ќе пишат казна за цигари. Да спасат дупе од плаќање не друго...:toe:
Па секој кафиќ или кафана со своја среќа....
 
Казни за пушење на јавни места и на Нова година

Не видов ваква тема па одлучив да ја отворам, ако има нека ја затворат ! !

Казни за пушачите и на новогодишната ноќ. Цигарите мора да се изгаснат точно на полноќ во сите јавни објекти каде ќе се слави најлудата ноќ.

pusenje_2531.jpg

Двете министерства здравство и економија категорични-дефинитивно точно во 12 на 1 јануари стапува во сила законот за пушење. Казните се до 4.000 евра за сопствениците на локалите и до 300 евра за лицата кои ќе бидат фатени со цигара во рака.

Пазарните инспектори во наредните денови ќе одат од кафуле во кафуле и ќе ги информираат газдите сериозно да го сватат законот.

И покрај многуте забелешки на угостителите дека законот е премногу ригорозен ,и ќе им се уништи бизнисот, министерот Бесими вели последиците за кафанџиите ќе бидат краткорочни, и нема лошо да влијаат ниту врз буџетот.

-Целосно ќе ги имплементираме Законот со цел да се постигне ефектот што сакаме со оваа иницијатива да се постигне во Македонија пред се за здравјето на граѓаните - вели Бесими.

Од Нова година еден милион граѓани колку што има пушачи во Македонија, ќе бидат дискриминирани. Нема да биде дозволено пушење на сите јавни места, во сите угостителски објекти, автобуски постројки, на фудбалски натпревари, концерти.

Можат да пушат само дома и на улица само доколку ја изгаснат цигарата во пепелник. Група пратеници од македонското собрание најавуваат дека законот ќе го оспорат пред Уставен суд.

Ваков ригорозен закон против пушење имаа и Хрватска, Германија, Белгија, Чешка, но таму се применуваше кратко време, потоа тамошните власти повторно дозволија поделба во јавните места на пушачки и непушачки дел.

Министерот за здравство Бујар Османи не одговори што ќе биде со законот доколку луѓето не ги остават цигарите.

Слушнете го видието !
 
хаха уште една крушка изгледа. :) фала им однапред.
 
Ќе летаат изгледа новогодишни честитки.

028dccophorsechristmassanta.jpg
 
Цццц 5 до 12 сите последното цигаре у рака пушите и уживајте оти после до сабајле ке пиеш ке се журкаш без цигаре...Абе не се тачни :tata:tata
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom