Реакции на Законот против пушење на јавни места

  • Креатор на темата Креатор на темата *-----*
  • Време на започнување Време на започнување

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор

  • Вкупно гласачи
    714
Не сум пушач, но правото на палење цигара секогаш ќе го поддржувам.
Законот нема никаква основа, нит медицинска, нит економска, нит правна.
Пушењето може да се ограничи на зони за дозволено пушење.
На пример посебни кафулиња, дискотеки, посебни простории низ јавните објекти.
Непушачите можат да одат во други области кои се чад-фри.
Ок е државата да кажува што е правилно, но не и да наметнува, барем не во оваа сфера.
 
Привилегиран сум и јас и ти да влеземе во просторијата да седнам да се напијам сок/кафе/пиво како нормален човек, значи се она нормално што се прави бидејќи кога пијам и кога зборувам НЕ ТИ НАШТЕТУВАМ за разлика од отровот што го дишам. Кој сака да се труе тоа може дома да си го тера.
И на крај Владата си го кажа своето законот ќе стапи во сила на 01. Јануари според теркот на Европа и јас лично го поддржувам 100%

Tогаш излези на улица како нормален човек и обиди се да ги спречиш сите што возат автомобили тоа да не го прават по улици,само во сопствени гаражи.Доколку и ти возиш автомобил,треба истото одсега да го правиш само во својата гаража,или отруј се сам за 15 минути.
-Зошто да ги труеш другите со твојот автомобил кој ја загадува околината и ги труе луѓето колку 1 милион пушачи на цигари во даден момент?Значи секој возач на автомобил е “масовен убиец“ во споредба со пушачите на цигари,треба ли да го оставиме и понатаму масовно да убива?:toe:
 
Ова е дискриминирачки закон еден од многуте кои ЕУ ни ги наложува. Со вакви закони директно се загрозуваат правата и слободоумието на граѓаните. Полека но сигурно го гасат старото општеството и прават ново на т.н. роботизирани граѓани. Па видете на каде тргнала целата работа. Знам дека на непушачите не им одговора да се пуши но замислете се да постоеше закон со сила шо ке ве тера да пушите? Како ке ви беше тогаш? Епа така ни е на нас пушачите сеа. Со сила ве тераат да се откажите од работи кои ги сакате. Од нова година ќе гледате пред кафичи и дискотеки повеќе луѓе надвор отколку внатре. Сите ќе излегуваат да палат цигара. Ко шо е Америка...
 
Tогаш излези на улица како нормален човек и обиди се да ги спречиш сите што возат автомобили тоа да не го прават по улици,само во сопствени гаражи.Доколку и ти возиш автомобил,треба истото одсега да го правиш само во својата гаража,или отруј се сам за 15 минути.
-Зошто да ги труеш другите со твојот автомобил кој ја загадува околината и ги труе луѓето колку 1 милион пушачи на цигари во даден момент?Значи секој возач на автомобил е “масовен убиец“ во споредба со пушачите на цигари,треба ли да го оставиме и понатаму масовно да убива?:toe:

Каква споредба даде алал ти.
Меѓутоа јасно ми е дека не може на крај да се излезе бидејќи тој што пуши никогаш нема да признае дека без да праша ги труе сите останати на јавно место и со тоа прави прекршок.
Како може да биде ДИСКРИМИНИРАЧКИ НЕКОЈ МЕНЕ ДА МЕ ТРУЕ СО ЧАД???? Никој не ви забранува да пушите ама не во јавна просторија ако до сега беше пиратска држава редно е малце да заличи на нешто.
Значи јас и ти можеме до безкрај да се цитираме ама законот ќе стапи во сила. Тоа не сум го кажал јас или ти тоа го кажа Владата.
 
Каква споредба даде алал ти.
Меѓутоа јасно ми е дека не може на крај да се излезе бидејќи тој што пуши никогаш нема да признае дека без да праша ги труе сите останати на јавно место и со тоа прави прекршок.
Како може да биде ДИСКРИМИНИРАЧКИ НЕКОЈ МЕНЕ ДА МЕ ТРУЕ СО ЧАД????
Значи јас и ти можеме до безкрај да се цитираме ама законот ќе стапи во сила. Тоа не сум го кажал јас или ти тоа го кажа Владата.

ubava sporedba ti dade .. i kako moze ti da me trues so cad od tvojata kola ?

i od koga toa sto ke kaze vladata e alfa i omega ?
 
ubava sporedba ti dade .. i kako moze ti da me trues so cad od tvojata kola ?

i od koga toa sto ke kaze vladata e alfa i omega ?

Од 01. Јануари се забранети цигарите на ЈАВНИ МЕСТА. Поздрав и чекај службен весник да видиш дали е алфа и омега.
 
Од 01. Јануари се забранети цигарите на ЈАВНИ МЕСТА. Поздрав и чекај службен весник да видиш дали е алфа и омега.

Од 1 јануари се забранети цигарите во јавни простории и установи. Не на јавни места. Под јавни места спаѓа секој парк, плоштад, улица. Ова прашање му го постови Јанко на премиерот Груевски. Тој рече дека не е забрането пушењето во Р.Македонија туку само дека се забранува во јавни затворени простории.
 
Дали е дозволено пушење цигари надвор од тие затворени простории (читај: на улица, во влез/пред зграда..)? Ако е, тогаш нема зошто да се бунат пушачите.. ако се на кафе, на ручек во ресторан и слично, кога ќе им се припуши ќе излезат надвор, како и во секоја нормална земја. Ако и тоа биде забрането.. well, tough luck.
 
Јас не сум пушач ама ми смета законов! Нели ние сме демократска држава, па тогаш што сакам можам да правам!!!!
Ако сакаат здрава околина наместо субвенции на тутунарите нека им забранат производство. Ај да не глумиме лудило тука!

КОЈ ШТО САКА НЕКА СИ ПРАВИ!!!!!!
 
После што ќе работат луѓето, треба револуција да креваат.

Прочитав претходно што функционирало во оваа држава па ова да функционира. Точно судската мафија и стечајните управници владеат и нив никој не ги чепка, ама јас го предвидувам ефектот од законот како тој што беше за плукање на улица, што значи обичниот пушач има да го крка заради општо добро и посветла европска иднина :tv:.
 
Tогаш излези на улица како нормален човек и обиди се да ги спречиш сите што возат автомобили тоа да не го прават по улици,само во сопствени гаражи.Доколку и ти возиш автомобил,треба истото одсега да го правиш само во својата гаража,или отруј се сам за 15 минути.
-Зошто да ги труеш другите со твојот автомобил кој ја загадува околината и ги труе луѓето колку 1 милион пушачи на цигари во даден момент?Значи секој возач на автомобил е “масовен убиец“ во споредба со пушачите на цигари,треба ли да го оставиме и понатаму масовно да убива?:toe:
Јас возам нова кола чие загадување е сведено на минимум. И многу помалку штетно од цигариштата. Кола возам по улица, на отворено. Каде што, воедно, смее и да се пушат цигари.
Пред малку се вратив од кафич во лептокарија, седев во дел за НЕпушачи. До мене седнаа две девојки и запалија цигари, и покрај знакот NO SMOKING и прешкртаната цигара пред нив. И ајде, каде сега јас да одам? Да не одам во кафич зашто некои кокошки не знаат да читаат? Или на келнерката не и се чувала масата празна? Зашто да го трпам чадот, да ме печат очи и грло? Што ги кошта да седнат во дел за пушачи, па ако немаат маса нека чекаат, је*и га, и јас чекам кога нема за непушачи. Затоа треба фино-лепо, трајно да се банираат цигари од затворени места, не дел за пушачи/непушачи, кој сака да пуши - вонка! Самоубивајте се ако сакате, не убивајте други!
И на крајот на краевите, само во Македонија (ајде да речеме и Балкан, иако во Хрватска веќе се освестуваат) пушењето се смета за кул, фенси и секојдневна работа. Секаде каде што луѓето се малку поосвестени се третира како закана и на пушачите се гледа дури и со потсмев и гадење и се буквално избркани. Ако ти се пуши, си одиш надвор, ако не ти одговара-не пуши.
 
Да пушењето е право на секоја единка, но со до сега законов што беше со зони смоук фри и смоук не фри не функционираше. Да едните имаат право да побараат да не се пушу ваму таму ама па и другите имаат право на другото. Е сега овие кај нас изгледа поради неспособноста или незнаење на друг начин да ја средат ситуацијата мораа вака. Да ми одговара мене како непушач ама има и многу незадоволни од тоа ама што е тоа е.
 
Јас не сум пушач ама ми смета законов! Нели ние сме демократска држава, па тогаш што сакам можам да правам!!!!
Ако сакаат здрава околина наместо субвенции на тутунарите нека им забранат производство. Ај да не глумиме лудило тука!

КОЈ ШТО САКА НЕКА СИ ПРАВИ!!!!!!

Тоа се вика анархија, а не демократија :wink:

Инаку сум голем поддржувач на законов, не сум должен да го јадам отровот на некој друг што сака да се труе.
-Ти се пуши? Надвор или домче:kafe:

Добро кажа некој погоре, на запад на пушењето се гледа како на гадна навика и тие луѓе што пушат не се сметаат за "кул".
Наместо да поттикне откажување од пушењето, читам тука се жалите како некој да ви го скратил правото на дишење.
 
Абе ајде те молам ко демек ти смета? Епа повели ти напушти го местото. Што има да му кажувам јас на некого што да прави? Јас еве по твоја логика не сакам да седам со луѓе кои пијат алкохол па повели излези надвор ми смета мирисот на алкохолот!
Можеме до утре вака да збориме ама... секој има право да прави што сака, а ти немаш право да му кажуваш што да прави. Тоа се вика толеранција!!!!!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom