ABC
“градител“
- Член од
- 24 февруари 2005
- Мислења
- 15.696
- Поени од реакции
- 193
Тој шо печалел пари, нема шајка в'мозок, па да дојди овде да ги фрли туку така во дупката без дно на македонската корпуција, не правда и бизнис окружување.
Во главно сите што пробале да инвестират, едноставно не можеле, заради некоја пречка во нашата администрација.
Имам слушнато неколку стории и сите се со хорор крај.
Само Џорџ Атанасоски издржа, и тоа најмногу затоа што се надева дека ќе биде Претседател на Македонија.
Мислиш дека Џорџ издржа,не би рекол баш дека издржа,посебно сега откако увиде дека ни по 100 години нема да има шанси да стане председател на оваа држава,освен ако нешто и нему не му чади во умот.
Зошто дијаспората не инвестира во Македонија?
Затоа што и тие, се како и ние, затоа што и ние, сме како и тие, затоа што сите заедно сме за никаде! Ако сите заедно бевме за неа, како таа што е за нас, тогаш сите заедно, топ не не разбиваше. Останатото е само оправдување за нашата магарешка глупост и неспособност, да го согледаме она што ни е единствениот спас на успехот како држава. (се надевам дека ова во Новата 2010 годин ќе се помести кон добро)
Насекаде по светот дијаспората има многу подобри услови за инвестирање одколку кај нас,без разлика што и таму не се сите заедно како кај нас.Значи проблемот е до создадените услови а не е до заедништвото.
Зошто дијаспората не инвестира во Македонија?
Можеби не инвестираат големи пари, но за мене инвестиција претставуват и парите што дијаспората ги троши кога се дојдени во својте родни краеви,кога градат,кога купуват.Значи лично не се слагам со тоа дека дијаспората не инвестира во матичната си земја, туку проблем претставува колку инвестират.И да не се и тие малку нивни девизи што тие ги трошат,мислам дека економската ситуација би била уште полоша од оваа што е денес.
:salut:
Градењето и купувањето ќе го има се помалку и помалку,посебно одкако Миле Јанакиески им се закани со Новиот Закон за Градба,дека ќе им ги одземе или конфискува и оние објекти кој ги купиле или изградиле во изминативе години.Во иднина ќе представува вистинско чудо доколку некој проба да купи или изгради и најмало куќаре во Македонија,а па камо ли некаков поголем објект.Значи дијаспората ќе инвестира се помалку со вакви налудничави законски решенија од вакви некадарни министри,или воопшто нема да инвестира.
