Миленко доколку е новинар, можам јас да бидам политички експерт и да си имам сопствена емисија.
Не му го имам гледано шоуто, ќе зборам конкретно за него.
Како е можно, водител на спортска програма, во случајов Формула 1 преносот, кој треба да ги заинтересира гледачите за спортот, затоа што сите знаеме дека спортот уште од почетокот на Олимписките Игри бил симбол за мир и престанување на војните и конфликтите, да зборува за се освен за трката, да прокламира патриотизам и да брои коли кои преминале грчка граница и тоа да го каже во јавност, да збори за фудбал, како го заебала една утакмица на спортска, некој трач во врска со возачите, тотално небитен, и на крај откако ќе помине цела трка а он едните исти работи ќе ги каже по милион пати да ја пее химната, јавно, на телевизија? Тоа не е новинар, тоа е идиот кој гледа да заработи што е можно повеќе на глупост. Незнам како воопшто е гледан и кој си дозволува да потроши дел од времето на темите кои ги презентира еден Формула Еден коментатор а се поврзани со политика.
Што стана со она "почитувај го соговорникот" што секој тв-водител би требало да го прави со гостинот? Незнам само која будала му прифатила да гостува кај него, и како е можно совеста да му дозволи, па колку и да мрзи комуњари, да се избламира јавно.