Џез музика

  • Креатор на темата Креатор на темата Lucifer
  • Време на започнување Време на започнување

Каков Jazz слушате?

  • Dixieland/Swing

    Гласови: 29 24,4%
  • BeBop/HardBop

    Гласови: 30 25,2%
  • Post-Bop/Fusion

    Гласови: 40 33,6%
  • Avant-garde/Free/Experimental

    Гласови: 46 38,7%
  • Vocal

    Гласови: 33 27,7%
  • Acid/Electro

    Гласови: 25 21,0%
  • World/Ethno

    Гласови: 17 14,3%

  • Вкупно гласачи
    119
За сите љубители на џезот и љубопитни еве една одлична нумера изведена од уште поодлични џез изведувачи:

[media]http://www.youtube.com/watch?v=P4TbrgIdm0E[/media]
 
Од секогаш желба ми била Во Нов Орлеан на Марди Гра да истерам 3-4 дена фестивалси џин без тоник и уживање на музиката од сржта на потеклото односно од самата улица. Инаќе од една друга тема
Го сакам Олд-Скул џезот. Уживам во таа музика. Ела Фитзџералд, Били Холидеј, Луис Армстронг, Бени Гудман, Џон Колтрејн, Мајлс Дејвис, Дјук Елингтон, Нина Симон. Од поновиве Нора Џонс. Освен тоа што ја сметам за една од трите типови на музика што содржат уметнички вреднсти во себе џезот дава некој посебе амбиент, шмек, атмосфера, mood што би се рекло.
Здодевно попладне па терај со друштво во Mamas Cafe карши Кинг Бургер. Таму оти музиката и амбиентот се одлично поклопени па ефектот е максимален.
 
за всички што имат респект к'м музиката

ЧИК К'РИА & БЕЛА ФЛЕК
јОН АНДЕРС'Н

в рамките на Music Jam 2007 - Софија
http://www.sme.bg/bg/ в новини

p.s.ајде SWEDEN гласај пак да ми правиш репутацијата оште по-црвена :pos2:
 
Обожавам џез ама кога би требало да издвојам би бил Mccoy Tyner
20060518_01.jpg

бев на џез фестивал 2004 на неговото трио и типот не е нормален кој виртуоз на пиано е,стварно не е нормален.:cuc:
 
Дефинитивно најдобрата музика!!!!
Смирувачка и полна со убавина...сакам да се отвори некое такво клубче кај нас...си замислувам онака со масички и бенд кој свири...би било одлично!
 
Инаку слушнете и нешто од Ketih Jarrett...ја симнав и цела дискографија од Miles Davis...фантастично звучат...
 
Инаку слушнете и нешто од Ketih Jarrett...ја симнав и цела дискографија од Miles Davis...фантастично звучат...

8 гига собрав од Дејвис, уште 4 ми фалат да се комплетира.
 
John Coltraine,James Moody,Chick Corea,Frank Zappa,Frank Gambale,Jimmy Smith,Jon Faddis итн :D

Инаку може ли темава да стане место за дискусија за џез пошто таква не најдов нигде
 





Контрабасистот Реџи Воркмен, тенор саксофонистот Фароу Сандерс и тапанарот Идриз Мухамед во изведба на џез тема во 1978 година


Џезот (англ. jazz) е музички стил кој настанал во Соединетите Американски Држави во почетокот на XX век.
Основни музички карактеристики се: синкопата, вибратото и постојаната музичка пулсација во такт 4/4, која нема соодветна паралела во класичната музика. Највообичаена форма е темата со варијации кои се импровизираат врз постојниот хармониски скелет на оригиналната тема. Како резултат на тоа, творци на џезот се изведувачите, а не композиторите како кај класичната музика.
Централен инструмент на секој џез-ансамбл е тапанот со помошните удиралки, кој со клавирот, гитарата и контрабасот ја чини ритам-секцијата. Особено се применуваат дувачките инструменти (саксофон, кларинет, труба и тромбон, иако понекогаш се користат и флаута, обоа, рог и вибрафон). Големината на ансамблот варира од трио до полн симфониски џез-оркестар, во кој секој инструмент може да има улога на солист. Додека во малите ансамбли сите инструменти импровизираат на зададена тема, џез-оркестарот се служи со пишувани аранжмани, а импровизираат само пооделни солисти.
Иако џез музиката не ја исклучува можноста за танцување, таа повеќе се приближува кон класичната концертна музика, отколку кон музиката за танцување и остро се разликува од шлагерите.
Содржина





 
Историјат

Во историјатот на џезот првиот период, наречен “Њу Орлеанс“, според местото каде се појавил и кој настанал од мешавина на музиката на американските црнци и европската музика, завршува околу 1918 година.
По Првата светска војна создаден е нов стил, наречен “диксиленд“, во кој важна улога има колективната импровизација.
Околу 1930. година, неколку истакнати музичари, меѓу кои и кларинетистот Бени Гудмен, го создале т.н. “свинг“, кој се потпира на звучноста на големите оркестри и пишуваните аранжмани.
Во текот на Втората светска војна, по заслуга на саксофонистот Чарли Паркер, пијанистот Телониус Монк и трубачот Дизи Гилеспи, создаден е стил наречен “би-бап“, кој од свингот се разликува по поситната ритмичка поделба и поголемата сложеност, во која се согледува влијанието на европската музика.
Понатамошниот чекор во ист правец е наречен “кул“, создаден околу 1950. година, додека последната струја, која настанала околу 1956. година, е наречена “модерн бап“.
Познати претставници


Трубачот, водачот на оркестар и пејачот Луис Армстронг е најимитираниот иноватор на раниот џез


За големата популарност и универзалност на џез-музиката придонеле не само хетерогените елементи на неговиот уметнички израз, туку и сами негови пропагатори - изведувачите, од кои повеќето се големи виртуози на своите инструменти:



Влијание на џезот

Идиомите на џезот во своите композиции со успех ги применил и Џорџ Гершвин, а делумно е џезот влијаел и на многу други композитори од класичната насока: Игор Стравински, Паул Хиндемит, Курт Вајл, Ернест Кшенек, Дариус Мило, Ролф Либерман и др.
Подвидови на џезот


  • свинг (swing)
  • диксиленд (dixieland)
  • би-бап (be-bop)
  • хард-бап (hard-bop)
  • кул (cool)
  • фри-џез (free jazz)
  • фужн (fusion)
 
Конечно и ваква тема на кајги време беше да се собереме:pipi:
Инаку џез е жанр кој можеме да го дискутираме 1000 години така да се сомневам дека некој ќе почне некоја поголемка дискусија ама ај
значи во последно време слушам 60s-70s џез фјужн ствари најмногу Jimmy Smith
James Moody Jon Faddis итн.Не знам што да коментирам луѓето се ѕверови во тоа што го прават можам само топло да ги препорачам:wink:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom