ЈСП - случки, прашања, дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата демнач
  • Време на започнување Време на започнување
2-ка со 12-ка посебно на Партизанска, не застануваат на секоја станица и минуваат на семафори на полу-црвено

шоферот поминува на зелено или жолто а патниците на црвено :pos::pos::pos:

а внатре патниците како да не постојат, некои со страв да не се случи некоја сообраќајка а поголем дел навикнати, секојдневност ни е :)
 
Ме нервира тоа што никогаш не се на време и а самите автобуси се крш да ти е гад да се фатиш за тоа шипките за држење. :uvo:
 
Мене ме неревираат оние држачине што ги ставија демек за пониски луѓе (а и за повисоки, а всушност се работеше за адвертајзинг „финта“ да земат некоја илјадарка повеќе месечно од автобус).
Ем не ги бива за држење, ем нишајки се постојано в глава удираат кој ќе стигнат.
Клештите... клештите... кврц!
 
„Селективното“ (не)бркање на луѓе кои немаат карта или слободна, (не)редовноста на автобусите, особено во период на празници, трките со други автобуси, со цел првиот да ги собере патниците, гужвата во шпиц-периодите од денот/ноќта...
 
Мене ме неревираат оние држачине што ги ставија демек за пониски луѓе (а и за повисоки, а всушност се работеше за адвертајзинг „финта“ да земат некоја илјадарка повеќе месечно од автобус).
Ем не ги бива за држење, ем нишајки се постојано в глава удираат кој ќе стигнат.
Клештите... клештите... кврц!
Се сложувам дека беа стаени за реклама а најмалку за држење на нив
 
уффф јсп :ija: хаха
најмногу ме нервира што никогаш не се на време ( ми се случи возачот да доцни и наместо тој да се извинува и викна на една бабичка што едвај стои да побрза демек „ се влечела“ - глупак ), ми пречи нечистотијата и луѓето посебно некои т.н. „госпоѓи“ кои нели ке им викнат на децата да станат а тие самите немаат култура да станат на постари луѓе, ама кај нас се е можно. :toe:
 
Тоа што има некои возачи што те мачи да ја извадиш слободната,а ја неам навика да ја вадам.
 
Некои автобуси мирисаат на прчовина и тоа често се случува.
Сериозен сум.

И не, не се тоа за тоа криви луѓето, ЈСП треба да обрнат доволно внимание на хигиената во автобусите, да ја зголемат честотата на чистење.

Редовно одржување на автобусите би било подобро како за патниците така и за вработените - возачите.
Не верувам дека и на нив им е пријатно да возат цел ден во забаздено возило.
 
Наскоро ќе има 84 нови автобусииии... :vozbud: Бар така пишува на страната на ЈСП :) Ако се такви како на сликите, супер се :) Малце се шарени столиците, али изгледа тоа е некоја италјанска мода :pos:
Код:
http://www.jsp.com.mk/84novi/novi.html
 
Па супер се автобусиве :) Мислам во Белград дека се исти вакви, кога бев пред 1 година баш приметив.
 
И во Будимпешта се исти... :wink:
 
Не го користам јавниов превоз ама за тие неколку пати што сум ги користел ќе набројам неколку работи што ме нервираат.
1. Моторине вадат толку јака децибелажа што во автобус не можеш да збориш на телефон или да слушаш музика на слушалки.
2. Шоферот кур го боли што превезува важно он да има филинг дека е на рели и сите можни дупки да ги погоди, а ни на рели тоа не го прават.
3. Пак шоферот со нивните фаќања на кривина од 90 степени со поише од 40 на саат.
4. Пак шоферот со неговиот пит стоп до трафика да си направи муабет со пријателот додека другите се потат во автобусот.
5. Греење нај нај.
6. Толку се цинцарат за пари што волку стари автобуси ги препунуваат и повеќе од дозволено, и секад тогаш има најголеми сељаци.

И да напоменам овие 6 ствари што ме нервираат се од 20-30 возења со автобус во година ако ги ставам во просек, а за тие секој ден што се возат можам да замислам листава ќе тера до 100.
 
Не го користам јавниов превоз ама за тие неколку пати што сум ги користел ќе набројам неколку работи што ме нервираат.
1. Моторине вадат толку јака децибелажа што во автобус не можеш да збориш на телефон или да слушаш музика на слушалки.

хаха ме потсети сеа на една дешавка.. викаш јака децибелажа а? еден ден требаше до капиштец да одам и се скапав чекајки 57ца.. едно 25 минути ја чекав.. доаѓа автобус се качувам и гес ват. коа стисна на гас мајсторов мислам дека ми ги дупна ушиве.. потрефиф автобус со скинат ауспух баш до врата за искачање.. леле луѓе незнаете шо беше.. ГРМЕШЕ автобусон ама баш грмеше А ОВОЈ ПА ШОВЕРОВ КО ДА СЕ ПАЛЕШЕ ПА ГО ЦЕДЕШЕ ДО ДАСКА!!! доживљјај шо да ти кажам!

друго шо ме нервира.. петок! леле од бабиве и дедовциве нема теоретски шанси да стигнеш на време макар искочил и пола саат порано.. на автобуска стои по 5 минути у просек некоја баба или дедо да се симне.. од бутел до центар има од прилика некои 10тина автобуски.. тоа е цел саат САМО СТОЕЊЕ плус рачунај возење со 20 на саат!!
 
Автобус е возило кое се движи два пати побрзо кога трчате по него, отколку кога седите во него...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom