rossonerka
too good to be true
- Член од
- 8 октомври 2007
- Мислења
- 6.081
- Поени од реакции
- 889
Ја отварам темава зашто ако прашате некое лице кои креатори ги познава од Македонија ќе каже или никој или може да ги наброи Ношпал, Секирарски, Никола Ефтимов, Булевски и може некои други прилично постари креатори.
А имаме неколку одлични млади модни дизајнери кои речиси никој не ги познава. А тие се оние кои се стварно талентирани, со дипломи од познати странски универзитети, со работно искуство во некои познати модни куќи и кои можеби ќе ја раздвижат заспаната македонска модна сцена.
Баш кога би имала потреба од креатор за матура, свадба, некоја свеченост пред се би побарала некој од овие модни дизајнери, него од постарите наши “познати” креатори. Овие млади луѓе имаат одлични креации и колекции и многу идеи за остварување.
Сигурно и од корист ќе им е на некои други лица темава, да знаат ако имаат потреба кај кој млад дизајнер да се обратат за помош.
Маја Кикириткова
Маја Кикириткова е 23годишна млада македонска дизајнерка која што има дипломирано на Академијата за дизајн во Белград, а моментално е на постдипломски студии на Европскиот универзитет во Скопје. Таа овој месец го отвори своето атеље ,,ОК дизајн” во Штип. Досега има направено неколку колекции од кои последна е Black&White промовирана на модната недела во Битола, а наскоро ќе презентира нова колекција. Работи за фирмата Е&Л Креатив и се јавува како сценарист на неколку претстави и филмови.
Email: kikiritkova@yahoo.com
Пролет-Лето 2009 Black& White
Есен-Зима 2008-09
Јован Петровски
Еден од најдобрите млади македонски дизајнери. Има работено неколку колекции меѓу кои Фиа Фиа, потоа колекција за деца Магнолија, постдипломски студии заврши во Италија на Академија Италијана, работел во Милано во Галиери венери асочати кое е познато студио за модни консултации, има неколку колекции во Италија и Македонија заедно со други млади дизајнери.
Моментално со Росица Мршиќ и Горан Иан се дел од концептуалната продавница ЛУДУС (на улица Рузвелтова). Овие тројца млади дизајнери тука ги презентираат уникатните модели и колекции.
Билјана Каран
http://biljanakaran.com.mk
biljanakaran@biljanakaran.com.mk
Билјана е 26 годишна дизајнерка, која има завршено студии во Италија и има неколку свои колекции. На нејзината веб страна има се подетално за неа и нејзината работа. Таа успешно работи и во Македонија и Италија-Венеција.
Росица Мршиќ
www.rosica-mrsik.com
Е млада дизајнерка која има дипломирано во Школата за визуелна уметност и дизајн во Холандија. Таа има свои парчиња во продавницата Лудус заедно со своите млади колеги од Македонија, но пред неполн месец го отвори и своето самостојно модно студио. Таа има работено како асистент во модни куќи во Парис и Амстердам.
contact@rosica-mrsik.com
Ако познавате некој талентиран млад дизајнер слободно напишете за него. И за нивните нови колекции.