Освен тело "ала Бекам" и фацка слична на Џони Деп, постојат и многу други карактеристики кои жените ги сметаат за привлечни и секси, а голем дел од мажите воопшто не се ни свесни за нив.
Психолозите потсетуваат дека голем дел од мажите воопшто не се свесни за голем број интересни детали од своето тело и животен стил кои тие самите ги сметаат за непривлечни, а всушност се магнет за жените. Некои од нив во женските очи имаат навистина подлабоко значење, како софистицираност, мистичност, острина и тн... Еве неколку необични работи кај мажите кои го привлекуваат женскиот пол:
Лузни
Според испитувањата, жените ги поврзуваат лузните со здравје и храброст. Тие покажуваат дека мажот е силен и безстрашен. Лузните даваат значителна доза на машкост и мистичност, што жените секогаш го сметаат за секси и привлечно.
Цвеќиња
Доколку има, жените секогаш забележуваат како мажот се грижи за цвеќињата во својот дом. Според нив, тие може да проценат колку е тој грижлив и внимателен спрема останатите околу него. Според британскиот магазин за мажи "Nuts", во анкетата спроведена на над 1.500 жени, најголема популарност добиле мажите кои водат грижа за природата и цвеќињата во домот. Оддвојте 30 минути за да го подобрите животот на цвеќињата во својот дом, а со тоа ќе го подобрите и својот сексуален живот.
Пот
Да, иако многумина мажи се трудат да ја избегнат, потта може да биде привлечна за жените. Не велиме дека треба да заборавите на тушот, но воопшто не е на одмет почесто да изведувате спортски активности заедно со вашата партнерка. Се' е тоа хемија, а потта е составен дел од природниот мирис на мажот кој ја привлекува жената.
Научниците од Универзитетот Калифорнија откриваат дека со машката пот се лачи состојката андростадиенон, која предизвикува зголемено лачење на хормони и сексуална возбуда кај жените.
Седа коса
Имате бели влакна,а само 30 години? Заборавете на бојата за коса - белите влакна одамна не се резервирани само за дедовците. Според истражувањата, дури 72% од жените сметаат дека седата коса кај помладите момци е секси.
Очила
Не е никава тајна дека интелигентните мажи го привлекуваат спротивниот пол. А носењето на очила дефинитивно ќе ви даде впечаток на интелигентен маж.
Колку повеќе интелигентно изгледате, толку имате поголеми шанси за интелектуална стимулација на жените. Ако до сега ви изгледале бубаторски, потрудете се да заборавете на тоа. Жените ги сметаат очилата за секси.