Eвролига 2009/2010 - Барселона шампион!

Барса мислам повеќе од заслужено дека стана првак на Европа, после 7 години од последната титула. Склопија феноменална екипа покриена на секоја можна позиција со минимум двајца играчи. Немаа повредени, цела сезона ја изиграа у високо темпо и форма, и иако во четвртфиналето Реал им брејкна дома они успеаа да се вратат и да победат 3-1. Во полуфиналето ЦСКА ги задржа на само 64 коша (ми се чини најмалку за нив сезонава), али од друга страна русите закажаа во нападот. Барса цело време контролираше и победата не дојде во прашање. Сепак ЦСКА со уште ровитите Планиниќ и Смодиш и не можеше повеќе од ова да прикаже.

Олимпијакос викаат дека има најскап тим во Европа, али што им вреди тоа кога пола екипа се скарани измеѓу себе. Тоа против Партизан и не се виде толку, беше егал утакмица у која една топка одлучуваше и немаше да биде незаслужено и србите да победеа. Сепак, они се екипа што играат на атмосфера а грците добро го попунија Берси и направија фина атмосфера. Останува жал само што гробари не дојдоа со вистинските јаки сили туку само поединечно, али од друга страна и грците беа претежно симпатизери.
Најдобрата утакмица сезонава според мене ... тактичко надмудрување,егал резултат, користење на грешките,атрактивност,прецизност ... продолженија. Немаше елемент од кошарката што не беше присутен. Теодосиќ на крај покажа дека ќе доминира нареднава деценија како прв европски плеј заедно со Рубио, а неколку потези на Папалукас потсетија каква беше европската кошарка во времето на Дејан Бодирога... Искуството пресуди, иако и за Партизан не можеме да кажеме дека не се искусни ... сепак младите кај нив не се толку колку што беа лани у времето на ТНТ.

За третото место утакмицата исто беше интересна, пак продолженија и иако се играше само за престиж сепак донесе возбудувања. Пак одлучуваше една топка и пак Партизан немаше доволно среќа. Сепак никој не може да им замери за тоа кога се знае со какви средства располагаат, а какви игри прикажуваат.

Финалето беше пак во знак на Барса иако почна егал и се насетуваше неизвесност. Повредата и недоволната спремност на Теодосиќ како да беа пресудни за тоа по неговото излегување грчката игра да се распадне и Барса да кидне на +10, разлика која ја чуваа до крајот ...
ОЛИ добро го почна второто полувреме, стигнаа на -5, али Наваро им ги сруши сите надежи со една мини серија тројки. До крајот, само ја одржуваа предност ... грците нервозни доста, не можеа да се состават. Се виде дека пред се на центар се послаби затоа што Вујчиќ не може појше од 10 минути да изигра, Биг Софо е одличен али нема ни он сила за све ... Бурусис е скаран со Јанакис, тешко е да се очекува у таква ситуација да биде максимално предан на работата ... Клеиза како лажна 4-ка не можеше да се справи со центрите на Барса, и тоа е тоа.

Барса сосема заслужено пак ќе кажам, цела сезона на највиското можно ниво ... еден пораз во регуларниот дел и тоа од Партизан во Пионир, еден пораз во четвртфиналето од Реал. Голем успех, кога више не можат у фудбал да земат, ќе мора да се задоволат со баскет :)
 
Барселона повторно подобра од составот на Реал Мадрид, овој пат и во кошарка..Во полуфиналето од шпанскиот Суперкуп, во т.н. Ел Класико, Барса славеше со 74:70 (35:33)...Најефикасни кај победникот беа Лорбек со 15, Хуертас со 13 и Наваро со 12 поени, додека кај поразениот Керол и Поциус дадоа 14 коша..Во финалето Барселона ќе игра против составот на Каха Лаборал кој беше поуспешен во второто полуфинале од Билбао со 93:88..
 

Kajgana Shop

Постови на неделата

Недела од 12 јули 2025

Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
Многу изгубија Вмро, Мицковски и Тошковски со ова. 30 години политички партии, еден не се најде да им каже дека не можат да идат со глава во ѕид, и дека не идат лично против Арсовска, туку против функцијата градоначалник на Град Скопје. Толкави...
Фан Клуб: Вардар
убаво е да се знае, не сите комити го делат ставот на “комити“
не може мене никој да ми наметнуваат како да размислувам.

иститие тие пред неколку години во ерата на најуспешните години на вардар бараа вардар да се повардарел. се повардари, си...
Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
тошковски постапува по судски налози. Конкретно за ова кај судот треба да ја бараш кривицата. Судот моментално не е под влада него ете е независен. ВМРО не смени ниеден судија кога дојде него тие што беа за време на СДС.

Аха, значи ако некој...
Back
На врв Bottom