Maжите мораат......

  • Креатор на темата Креатор на темата Kallista
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Локација
Скопје.
Ја читав книгата "Шекспир ова никогаш не го правел" од Чарлс Буковски. Сакам да слушнам мислења околу еден извадок од книгата:

"Мажот мора да запознае мнооогу жени за да ја пронајде онаа вистинската и ако има среќа можеби и ќе ја најде. Мажот кој ќе се задоволи со првата или втората жена во својот живот не знае ништо, тој појма нема што е тоа жена. Секој маж мора да ја мине таа „школа“, а тоа секако не значи дека тој само треба да спие со жена, да има секс со неа еднаш или два пати... тоа значи да живее со жена, со месеци или години. Не ги обвинувам оние мажи кои тоа не го прават - бидејќи тоа значи дека треба да ја изложите својата душа на пазар. Секако, некои мажи едноставно умеат да се „сместат“ со една жена, се откажуваат и велат - ТОА Е ТОА... ТОА Е НАЈМНОГУ ШТО МОЖАМ ДА СТОРАМ! За жал, голем е бројот на овие мажи, всушност мноштвото луѓе се помируваат со сопствената судбина - согледуваат дека не оди како што треба, но не е важно, се преправаат бидејќи мислат дека нема логика повторно да се минува низ сето тоа... Исто како да прашате - Што има не телевизија вечерва? Ништо.... Сеедно е, гледаме бидејќи тоа е и онака подобро од тоа да гледаме еден во друг, подобро е и од тоа да размислуваме за сето ова. Телевизијата ги обединува сите лоши парови заедно, многу повеќе од семејството, децата или религијата...“

Дали сметате дека навистина мажите треба да поминат низ таа "школа" за да имаат појма што е тоа навистина жена?
Дали треба да се препуштат на искушенијата порано, затоа што тоа е единствениот начин да се отерасат од истите?
Дали игнорирањето на искушението значи истовремено и трајно пропуштање на потенцијална добра можност и затоа е подобро искушенијата да бидат почести со кои воедно ќе се сменат и повеќе партнерки ?
 
Мислам дека е така. Тоа е закон на природата, а не дека Буковски го измислил: Квантитетот преоѓа во квалитет. (и обратно :wink: )
 
Men are never ready to settle down. Men never settle down. We surrender. Alright I'll marry your ass.
-Chris Rock
 
Ехх...мажите мораат.
Не мора никој ништо но сепак сметам дека е пожелно и за двата пола да имаат повеќе партнери за да можат порационално да одлучат што е подобро за нив.Ако се фатиме за првата работа која ни е на дофат како воопшто ке знаеме дека таа е вистинската?Со што ке споредиме, како ке изградиме скала и критериум?
Но бидејки не знаеме што не чека на следниот агол не може да се раководиме според вакви правила.Можеби ,,она вистинското,, ке се случи на почетокот и што тогаш?Дали треба да го оставиме и да продолжиме правејки ја ,,правилната,, работа?
 
Насловот беше во контекст на вовед од извадокот... Мислам се подразбира дека ништо не се мора:smir:. Ама оваа појава е значително поизразена кај посилниот пол. Некои велат дека машкото треба да ја одживее младоста добро за да не скренува во староста :) Мене ме интересира oд каде произлегува сето тоа ? Кој игра најголем фактор кога се работи за почесто менување на партнерките ? Во прашање е задоволување на его или ?
 
Насловот беше во контекст на вовед од извадокот... Мислам се подразбира дека ништо не се мора:smir:. Ама оваа појава е значително поизразена кај посилниот пол. Некои велат дека машкото треба да ја одживее младоста добро за да не скренува во староста :) Мене ме интересира дали значат повеќето партнерки и истовремено поголемо искуство? Од каде тоа ? Кој игра најголем фактор кога се работи за почесто менување на партнерките. Во прашање е его или ?
Не би рекла дека егото е причина, иако да, сум наишла и на личности кои живеат за тоа ,,леле колку сум ги свртил....,,
Поизразена е кај посилниот пол затоа што живееме во такво општество каде што доколку девојката менува почесто партнери се етикетира како лесна и други погрдни и навредливи зборови.Не само што така се етикетира туку и девојките го имаат врежано тоа убедување во себе па и се чуствуваат така...
И да, значат повеќе искуство, ако зборуваме за партнери како што се опишани погоре, вистински партнери со кои се минува голем дел од времето, со кои се живее а не само за неколку партии секс...
Тие значат искуство а искуството значи мудрост ако знаеме да го искористиме.И затоа сметам дека е пожелно да се има повеке партнери.Тоа не значи секогаш дека нема да скренува во староста.Некои луѓе тоа едноставно го имаат во себе, колку и да пробаат сепак не можат да се помират со помислата дека има уште...
Некои пак можат да се прилагодат лесно и ,,да се помират со судбината,, но несомнено некогаш во животот ке почне низ глава да им мине прашањето ,,Што ако....,,
 
За многу работи си поставуваме прашање " A што ако ... "
Понудени опции имаме кои сами си ги бираме и определуваме што и како понатаму... Ама што правиме ако на почетокот ја запознаеме личноста која комплетно не надополнува и обратно ? Можеби на почетокот нема да знаеме, зашто нема со кој да ја споредиме, но отпосле ? Дали сите тие искушенија вредат ?
 
Да .. али тоа нема никогаш да се смени ..Предаторите ги почитуваат ... пленот што се дава така лесно и е лесен плен за повеќето предатори , нормално дека ќе има погрди зборови , додека предаторот колку повеќе лови ..толку повеќе е посакуван ..али твојот поглед кон општеството е различен.

Нема "Што ако.... ако не пробаш - нема да дознаеш и ќе бладаш со твојата фантазија ..што ако ...

некој правила на игра треба да се респектираат ..и какви и да се етикетите , не можеме да ги измениме .освен во својата глава .. а и зошто да има ист критериум за половите .. различен пол = различно етикетирање .. ебати животот ако се биде исто .
:smir:
 
E тоа за жал ке го дознаеме откако ке биде најверојатно доцна:smir:
Затоа пишав дека не знаеме што не чека позади соседниот агол и дека не секогаш ова правило треба да важи.Што ке избереме зависи од нас и нашиот критериум и тенденција.

Да .. али тоа нема никогаш да се смени ..Предаторите ги почитуваат ... пленот што се дава така лесно и е лесен плен за повеќето предатори , нормално дека ќе има погрди зборови , додека предаторот колку повеќе лови ..толку повеќе е посакуван ..али твојот поглед кон општеството е различен.

Нема "Што ако.... ако не пробаш - нема да дознаеш и ќе бладаш со твојата фантазија ..што ако ...

некој правила на игра треба да се респектираат ..и какви и да се етикетите , не можеме да ги измениме .освен во својата глава .. а и зошто да има ист критериум за половите .. различен пол = различно етикетирање .. ебати животот ако се биде исто .
:smir:
Лесно ти е да речеш ебати животот кога на твојата етикета ке се пишуваат плусови, иако во последно време почнувам да се убедувам дека и не е баш така.
а поентата со што ако е тоа што на некои луѓе кои прерано во животот одлучуваат да се врзат со една личност подоцна почнува интензивно да ги мачи тоа прашање и најчесто се склони кон неверства и т.н. надокнадување на она што го пропуштиле...
 
Хехе .. само едно се приметува .. штета вие девојки што вака отворено си кажувате на форум за принципот на менување на партнерите и промена на етикетата и вашиот всаден став за момците .."што ли ќе помислат доколу и ние си го напраиме ќеифот ..да поекпериметираме и посексаме со повеќе партнери .." "зошто кога мене ми е убаво и сакам повеќе ..морам да се водам според тоа што ќе речат и колку минуси ќе ми чкртнат ..епа неќам така " .. одговор од машка страна .. " епа тоа ти е срцка " ...сепак битно ви е мислењето на другите и доколку не се осигурате вие девојките дека ние момците нема да ве гледаме поинаку ..ќе си кукате тука на форум .. ќе барате причини да ја користите и вие таа привилегија .. а тоа што се приметува највеќе е ретко го заземате овој став in real talk ..таму си ќутите тука се испуцавате :поздрав:
 
Го кажав тоа само како став кој владее во општеството.Не го поврзувај тоа со мојот личен живот кој и нема врска со темава ок?
За тоа колку и како девојките менуват партнери и како се чуствуваат во врска со тоа може да се отвори друга тема, тука тоа не е поентата.
 
Tokmu taka! Zadrzete se na temata! Interesna e! Za se druho, mesto of topik, najdete ja soodvetnata! Ovaa e precizno postavena!

Na nea...hmm...mislam deka nie, mazite, od pubertet ni e tesko da izlezeme, zatoa i go cinime toa sto go cinime, a istoto bi trebalo da e aplikativno i za zenite (no zenite se malku postameni i zatoa polesno im e nametnat vestackiot status na monogamija)! Kako prirodna sostojba nie sme poligamni sustestva, kako opstestveni bitija, nametnata ni e vestacka sostojba na monogamnost!
Mazite potesko ja prifakjaat (kako lovci, nabavuvaci na hrana i.e provideri), a zenite rekov polesno, kako civari na domot (pesterata) i.e safekeepeers!

Barem jas taka rasuduvam!
 
Ја читав книгата "Шекспир ова никогаш не го правел" од Чарлс Буковски. Сакам да слушнам мислења околу еден извадок од книгата:

"Мажот мора да запознае мнооогу жени за да ја пронајде онаа вистинската и ако има среќа можеби и ќе ја најде. Мажот кој ќе се задоволи со првата или втората жена во својот живот не знае ништо, тој појма нема што е тоа жена. Секој маж мора да ја мине таа „школа“, а тоа секако не значи дека тој само треба да спие со жена, да има секс со неа еднаш или два пати... тоа значи да живее со жена, со месеци или години. Не ги обвинувам оние мажи кои тоа не го прават - бидејќи тоа значи дека треба да ја изложите својата душа на пазар. Секако, некои мажи едноставно умеат да се „сместат“ со една жена, се откажуваат и велат - ТОА Е ТОА... ТОА Е НАЈМНОГУ ШТО МОЖАМ ДА СТОРАМ! За жал, голем е бројот на овие мажи, всушност мноштвото луѓе се помируваат со сопствената судбина - согледуваат дека не оди како што треба, но не е важно, се преправаат бидејќи мислат дека нема логика повторно да се минува низ сето тоа... Исто како да прашате - Што има не телевизија вечерва? Ништо.... Сеедно е, гледаме бидејќи тоа е и онака подобро од тоа да гледаме еден во друг, подобро е и од тоа да размислуваме за сето ова. Телевизијата ги обединува сите лоши парови заедно, многу повеќе од семејството, децата или религијата...“

Дали сметате дека навистина мажите треба да поминат низ таа "школа" за да имаат појма што е тоа навистина жена?
Дали треба да се препуштат на искушенијата порано, затоа што тоа е единствениот начин да се отерасат од истите?
Дали игнорирањето на искушението значи истовремено и трајно пропуштање на потенцијална добра можност и затоа е подобро искушенијата да бидат почести со кои воедно ќе се сменат и повеќе партнерки ?

леле школата на буковски,маестрално посебно делото љубов за 17/5 долари.

е мислам а и факат е дека секој маж не залетува по првото мислм еве до да речеме 25 години секако мажот мења 3 жени и фазла така даа...
не е важно дали ќе смениме 1 или Х партнерки важно е кога веќе почнала врската...истата да не заврши со разврска....недај боже со преврска..

ајт еден клип:smir:

само за мајли:pos2:
 
Значи вака. Жените имаат клиторис, т.е. сексуален орган кој е задолжен стриктно за креирање на сексуално уживање. Мажите го немаат тоа. Последица: жените се сексуално задоволени од раѓање, додека мажите мора да се задоволуваат сексуално постојано. Со други зборови, физичкото задоволство од сексот жените го научуваат најдоцна за време на пубертетот. Истото тоа задоволство мажите во пубертетот дури почнуваат да го учат и немаат начин да дознаат дали го научиле, освен ако не го испробаат и тие ќе имаат секс заради сексот, макар и со повеќе партнерки, за да проверат дали се извештени во тоа. Со други зборови, мажот е постојано несигурен во својата сексуалност и постојано мора да си докажува себеси дека е достоен за некоја жена да сака да спие со него и, со надеж, да му даде услови неговото семе да опстои.

Затоа, ако некоја жена менува повеќе партнери, тоа се гледа како живеење во луксуз од нејзина страна (во смисла - не ѝ треба до толку, претерува), додека ако мажот менува повеќе партнерки тоа се смета како да си ја задоволува својата потреба (во смисла - овој знае што прави и си го реди животот).

Во секој случај, љубовта е следен стадиум, после сексот. Бидејќи жените тој стадиум го имаат постигнато со раѓањето (или најдоцна во пубертетот), без да мораат да имаат секс со друга личност, тие веднаш бараат љубов. Мажите, пак, прво мораат да го совладаат сексот и да се почувствуваат доволно самоуверени за да бараат љубов. Затоа мажите почесто бараат секс заради сексот, макар и со повеќе партнерки, за да ја реализираат својата сексуалност и да станат спремни да бараат повисок стадиум на меѓучовечка комуникација.

Затоа, многу често се одобрува секоја постапка на мажот која може да ја доведе жената до секс. Времињата се такви што сега и жените бараат секс, но во пракса тоа поретко се случува. Традиционално, ако мажот посака секс со жена, таа „не би смеела“ да го одбие. Тоа го ставам во наводници, бидејќи не е противзаконито да го одбие, но во секој случај му ускратува едно едукативно искуство, а нејзе можно е воопшто да не ѝ значи, односно, со други зборови, не прави добро дело кога би можела. И многу е полош погрдниот збор за жена што *не* дава лесно секс, отколку за жена која лесно дава, бидејќи, индиректно, првата го кочи менталниот развој на мажите околу неа, додека втората му дава простор на истиот да се забрза. Првата е омрзната од мажите, додека втората е многу сакана од нив. А од женска страна (поправете ме ако грешам), не сум сигурен колку првата е сакана - дури мислам дека за неа ќе се развијат муабети дека нешто ѝ недостасува, додека погрдните зборови за втората всушност доаѓаат од жените кои не се како неа и ѝ љубоморат - ниту еден маж не би рекол за таква жена дека е „курва“ или нешто погрдно (можеби „радодајка“, но тоа од машки аспект не се смета за погрдно, жими сè :smir:)

Па затоа, колку жената е поотворена за секс со мажот, толку повеќе се грижи за неговото здравје. Статистиките велат дека во Британија жените се сексуално најактивни (а видете каде се наоѓа Британија во општествениот развој), во Австралија луѓето се најсреќни (а и таму сексуалната слобода е многу голема), а Америка се смета за најголема сила во моментов (сум зборувал со луѓе и таму дури и има процедури како да одведеш девојка во кревет, и сите ги почитуваат тие процедури... не знам дали се пишани или непишани, ама ова е она што сум го чул), а близу до неа е Русија (дали некој смета дека е тешко Русинка да се одведе до кревет? Јас мислам не). Па видете сега каков ефект имаат жените од едно општество на истото општество - традиционално, повеќе секс значело и повеќе деца, т.е. побројно и помасовно општество, што обично води до посилно општество.

Во еден момент, мажот може да се засити од учење на сексот и може да си рече дека знае сè што сака да знае и да посака да се скраси (жените посакуваат да се скрасат, нели, уште од пубертетот натаму). Во тие моменти, мажот мора да прифати дека ќе живее во заедница со сексуално понапредно суштество од него, т.е. жената. Жената, пак, од своја страна, ќе мора да прифати дека од време на време ќе треба на мажот да му ја зајакнува самодовербата и да биде тука за него, кога тој ќе се соочува со потешкотиите на животот. Сексот, само по себе, и тоа како го крева расположението на мажот, додека жената (веројатно) добива задоволство од фактот дека нејзиниот маж е само нејзин и среќен со неа. Доколку има вистинска љубов (т.е. доколку мажот има доволно сексуално искуство и доколку жената е после пубертет), мажот ќе знае да ја цени жената што одлучила само нему да му го посвети својот живот (а во денешно време секоја жена апсолутно може да преживее сама), а жената ќе знае да го цени мажот што одлучил само нејзе да ѝ го посвети животот и сексуалноста (бидејќи дури и да спие со друга жена, ќе има начин тој да се оправда поради недостаток на возбудлив и стимулативен секс со неговата партнерка, па затоа побарал нова, поради едукатувни причини).

Како резиме: Мажите бараат секс, ако треба и со повеќе партнерки, за да го достигнат она ментално ниво кое жените го имаат од раѓање или најдоцна од пубертетот. Ако жената му го ускрати правото на мажот на секс, тој ќе побара друга жена зашто тоа му е од клучна важност за менталниот развој.

Па, жени, давајте, за мажите да го развиваат општеството. :smir:

Поздрав :helou:
 
Не би прифатила ама буквално ништо од она што ми го предлага Буковски. Едно е да си го опишуваш животот и твоите две најголеми амбиции - алкохол и жени, а друго е да влијаеш кај маса што те чита. Според мене, категоријата ,,поголем број мажи-поголема спремност за брак" не важи. Тоа зависи од човекот и неговиот темперамент, силината на љубовта и така натаму. Сум била во врски од кои ништо не сум научила, биле комплетно непродуктивни и не се развила љубов. Тоа е квантитет, не мора да содржи квалитет во себе.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom