Ја читав книгата "Шекспир ова никогаш не го правел" од Чарлс Буковски. Сакам да слушнам мислења околу еден извадок од книгата:
"Мажот мора да запознае мнооогу жени за да ја пронајде онаа вистинската и ако има среќа можеби и ќе ја најде. Мажот кој ќе се задоволи со првата или втората жена во својот живот не знае ништо, тој појма нема што е тоа жена. Секој маж мора да ја мине таа „школа“, а тоа секако не значи дека тој само треба да спие со жена, да има секс со неа еднаш или два пати... тоа значи да живее со жена, со месеци или години. Не ги обвинувам оние мажи кои тоа не го прават - бидејќи тоа значи дека треба да ја изложите својата душа на пазар. Секако, некои мажи едноставно умеат да се „сместат“ со една жена, се откажуваат и велат - ТОА Е ТОА... ТОА Е НАЈМНОГУ ШТО МОЖАМ ДА СТОРАМ! За жал, голем е бројот на овие мажи, всушност мноштвото луѓе се помируваат со сопствената судбина - согледуваат дека не оди како што треба, но не е важно, се преправаат бидејќи мислат дека нема логика повторно да се минува низ сето тоа... Исто како да прашате - Што има не телевизија вечерва? Ништо.... Сеедно е, гледаме бидејќи тоа е и онака подобро од тоа да гледаме еден во друг, подобро е и од тоа да размислуваме за сето ова. Телевизијата ги обединува сите лоши парови заедно, многу повеќе од семејството, децата или религијата...“
Дали сметате дека навистина мажите треба да поминат низ таа "школа" за да имаат појма што е тоа навистина жена?
Дали треба да се препуштат на искушенијата порано, затоа што тоа е единствениот начин да се отерасат од истите?
Дали игнорирањето на искушението значи истовремено и трајно пропуштање на потенцијална добра можност и затоа е подобро искушенијата да бидат почести со кои воедно ќе се сменат и повеќе партнерки ?