Рани години
Семејството на Хаџи Димов во
1879 година, бегајќи од турскиот аскер, се доселува во
Дупница,
Бугарија. Димо основно училиште завршува во Дупница, а во
1891 година се запишува во Педагошката гимназија во
Ќустендил. Таму ќе потпадне под влијание на својот учител
Ефтим Каранов кој ќе ја разгори неговата љубов кон помагање на сиромашните. Со завршување на училиштето (
1895 година) ќе учителствува во
Дупница преокупиран со социјалистичките идеи и ослободување на својот народ.
Социјалист и национален деец
Во редовите на
ТМОРО се вклучува во
1896 година. Се спријателува со
Јане Сандански за кого, според кажувањето на
Иван Харизанов, Димо Хаџи Димов претставува духовен учител, кој „како брат се грижеше за него“.
Од
1901 година Хаџи Димов се вклучува поактивно во македонското ослободително движење. На забелешките во социјалистичките кругови дека движењето е буржоаско по својот карактер, Хаџи Димов возвраќа дека социјалистите треба да учествуваат во него за да го отстранат негативното влијание на буржоазијата и да го постават на здрави основи.
Во судирот помеѓу
Внатрешната организација и
Врховниот комитет Хаџи Димов застанува категорично на страната на Внатрешната организација.
Баница
Во договор со
Гоце Делчев, тој во јануари
1903 година заминува со четата на
Борис Сарафов за
Македонија. По неколку месеци, на
3 мај пристига во селото
Баница за да се сретне со Делчев. Следниот ден турската војска го напаѓа селото и во битката загинува Делчев. Хаџи Димов успева да се извлече и кон крајот на мај се враќа во Дупница.
Идеолог на левицата на ВМОРО
По
Илинденското востание заедно со
Јане Сандански и
Ѓорче Петров застанува против
врховистите. Се профилира како истакнат претставник на левицата во ВМОРО. Учествува во организацијата и уредувањето на органот на
ВМОРО „
Револуционерен лист“ од јуни
1905 година во која се формираат најсуштинските цели на внатрешната организација наспроти целите и задачите на Врховниот комитет. На
Рилскиот конгрес Хаџи Димов е избран и за уредник на овој весник.
Во
1908, во времето на
Младотурската револуција заминува за Солун развива активна идејна дејност и беше еден од иницијаторите за создавање на
Народната федеративна партија. Целите на оваа партија се
Македонија да се оформи како одделна самоуправна државно-правна единица т.е. турската империја да се реформира како источна федерација и наместо вилаетите од националните провинции да се формираат самоуправни области како:
Македонија,
Албанија,
Ерменија.
Во Солун Хаџи Димов останува до јануари
1909 година, кога се враќа во
Софија и се вработува во Министерството за земјоделие. Прва балканска војна
По
Првата балканска војна Димо Хаџи Димов бил подофицер во 14-и пешадиски македонски полк на
Седма пешадиска рилска дивизија на
бугарската армија. Учествува во битките за
Царево село и
Кочани.
Привременото претставништво на бившата ВМРО
По
Првата светска војна Хаџи Димов заедно со Ѓорче Петров и соработниците на Јане Сандански се организираат во борба за извојување на автономна и обединета македонска држава. Во ноември
1918 година оваа група излегува со Декларација во која ги изложуваат своите погледи околу Македонија, а потоа Хаџи Димов погледите изложени во Декларацијата ги доразвива во својата брошура „Назад кон автономија“.
На
9 март 1919 година е објавен Апел до македонското население и емиграцијата во Бугарија. Хаџи Димов е еден од 19-те потписници на Апелот и влегува во шестчленото „Привремено претставништво на бившата ВМРО“ што е формирано на состанокот на кој е усвоен Апелот.
По неповолните резултати од
Версајскиот договор, активноста на Привременото претставништво опаѓа.
Бугарската комунистичка партија преку Хаџи Димов се обидува да го подведе Претставништвото под свое влијание, но не успева во намерата поради противењето на останатите членови и пред се на Ѓорче Петров. Соочено со ваква ситуација, кон крајот на 1919 година Претставништвото се самораспушта.